Главен и Одговорен Уредник

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК НА БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ Над 15 години искуство со создавање на содржина на интернет платформи: -blogspot, -facebook, -twitter, -youtube, -instagram, Експерт за ПР активизам, фотограф, блогер, видео продуцент, CMS web дизајнер, WHM & CPanel хостинг, Систем администратор, оператор со MySQL дата бази. Градежен инжинер, Менаџмент на проекти, граѓански активист, фармер, планинар, љубител на природата.

Исплатени 230,1 милион денари за субвенции по повеќе мерки

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 4.846 субјекти, исплати 230,1 милион денари за субвенции. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека овие исплати се за неколку мерки :

„По три денари по килограм, добиваат градинарите кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети. Денеска, за оваа мерка на сметките на 3.310 градинари, исплативме 168,9 милиони денари . Вчера беше исплатена и финансиска поддршка за градинарите кои минатата година имаа произведена зелка во период од 5- ти април до 5 – ти мај 2020 година. Тие добиваат по 3 денари по килограм, односно, вкупно 708 лица добија финансиска поддршка од 30,4 милиони денари, кои имаа произведено пролетна зелка од почеток на април до почеток на мај лани и истаата ја имаа предадено кај регистрирани откупувачи. А средства на сметките добија и сите земјоделци кои оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети. За оваа мерка исплатени се 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари по килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети. Веќе утре на сметките на 656 мали земјоделски стопанства ќе бидат исплатени над 14 милиони денари “

– истакна Бачовски.

Исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи. Сите кои правно законски се стекнале со право за добивање на финансиска поддршка во земјоделството и не се должници за вода, пашарина или закуп на земјоделско земјиште ќе си ги добијат срествата за мерките за кои имаат аплицирано. Земјоделците се наш партнер, нивно е да произведуваат квалитетни култури а Владата и Агенцијата ќе продолжат да креираат мерки и политики кои ќе овозможат поволни услови за развој на агро – секторот.

-Извор: http://www.ipardpa.gov.mk/

Понуда за платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021 година

Во продолжение ја објавуваме нашата понуда за платено политичко рекламирање на сите заинтересирани учесници на претстојните Локални избори на 17 Октомври 2021 година:

Маркетинг контакт: e-mail: anastasovltd@gmail.com или tel: 079/329-300

Благодет од природата: Шипка ((Latin. Rosa canina)

Шипка (народно Шипци) (Latin. Rosa canina) е диво грмушесто бодликаво растение од родот па розите и е едно од најлековиттите овошја во светот.

Плодовите на шипката се богати со антиоксиданси со благотворното дејство на кардиоваскуларниот, нервниот и коскениот систем. Во практика се покажало дека дневна доза од екстракт на шипки, во вид на чај или мармалад, може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта. Научниците сметаат дека шипките го намалуваат ризикот од срцеви заболувања кај дебелите луѓе за 17 проценти
Покрај користа за срцето и крвните садови, состојките на шипките го инхибираат растот на ракот на дојката, простатата, дебелото црево, леукемијата и ги спречуваат промените кои го поттикнуваат растот на туморот.

Шипките се богати со витамин Ц и се сметаат за одлично средство против воспалителни процеси, а богати се и со витамин Б5, калиум, природни феноли како што се елагитанин и флавоноид.

Шипките содржат и фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето на серотонинот за подобро расположение и естрогенот кој е одговорен за коскената маса. Ова откритие е многу важно за превенција на остеопорозата.
За подигање на имунитетот и превенција на здравствените проблеми стручњаците препорачуваат дневна доза од 2,5 децилитри свеж сок или квалитетен купечки сок од шипки.

Подготовката на шипките во домаќинството е голема, од нив може да се направи мармалад, желе, колачи, меласа, сокови, ликери, вино и чај.

Поради сите овие специфики Шипката се смета за симбол на вечниот живот, плодноста и здравјето.
Во Делчево, Пијанец и поширокиот Брегалнички регион шипката е присутна во изобилство во природата како диво некултивирано растение и е достапно на сите љубители на производите од шипка да дојдат и самите да си наберат од неговите плодови.

Извор: Брегалнички портал

#НабериЗдравје       #Биодиверзитет       #ПијанечкаШипка      #CollectHealth       #Biodiversity

СИТЕ АВТОРСКИ ПРАВА СЕ ЗАШТИТЕНИ ©
Не е дозволено превземање на содржина (текст или мултимедијални содржини) без посебен договор со Брегалнички.мк

Започнува интензивна соработка на МЗШВ на Македонија со МЗШВ на Црна Гора

Денеска во работна посета на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Министерот Аријанит Хоџа беше неговиот црногорски колега.

Во рамки на средбата е разговарано за повеќе полиња за соработка меѓу двете министерства во наредниот период:

“На мое големо задоволство, денеска македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство беше домаќин на висока делегација од Република Црна Гора, предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, г-дин Александар Стијовиќ.

Со министерот Стијовиќ заклучивме дека имаме многу полиња за соработка. Ќе почнеме со реализација уште денеска, преку првични работни состаноци помеѓу делегацијата на Република Црна Гора и директорите на македонските Aгенции и Управи: Агенцијата за храна и ветеринарство, Платежната агенција, Управата за водостопанство, Управата за хидрометеоролошки работи и Управата за фитосанитарна политика. Ова се четирите области во кои во следниот период ни претстои најмногу работа со цел билатерално унапредување и заеднички развој на нашите пријателски земји.”

-напиша на фејсбук во врска со средбата Министерот Хоџа.

Градоначалникот на Кавадарци повика на смирување на тензиите и разговори на сите засегнати кај него во општината

За денес во 11 часот во кабинетот на Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, е свикан итен состанок зза надминување на проблемите кои ескалираа во текот на вчерашниот ден пред капијата на винаријата Тиквеш во Кавадарци. Градоначалникот Јанчев кој вчера беше со лозарите кои протестираат, ги покани сите советници од регионот како и градоначалници, пратеници и министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа или ако тој е недостапен, претставник од министерството, да дојдат денес во неговиот кабинет на средба во 11 часот.

“Жални се сликите кои ги гледам, урнатата ограда, и полицијата којашто стои пред лозарите. Апелирам сите надлежни да се појават на средбата бидејќи бербата е во тек и да не им се прави штета на земјоделците кои чесно си го заработуваат своето парче леб,”

-порача вчера Јанчев.

Претходно од винаријата Тиквеш во јавноста упатија свое соопштение во кое вината за вчерашните инциденти ја префрлија на неколкумина незадоволни производители на грозје кои според винаријата го предизвикале инцидентот и го блокирале откупот за останатите лозари.

Соопштение од Винаријата Тиквеш во врска со синоќешните инциденти пред нивната капија во Кавадарци

Во врска со синоќешните протести кои прераснаа во немири и предизвикаа рушење на оградата на погонот на винаријата Тиквеш во Кавадарци, преку социјалните мрежи свое кратко соопштение упатија од страна на менаџментот на винаријата.

Истото го пренесуваме интегрално во продолжение:

“И покрај тоа што „Тиквеш“ е единствената македонска винарница која оваа година нуди највисоки цени за грозјето, ја почитува договорената цена за откуп на вранецот и смедеревката и се обврза на најголем откуп досега, сепак денеска беше доведена во ситуација привремено да го прекине откупот.Прекинот беше предизвикан од неколкумина поединци кои се обидоа да манипулираат со квалитетот на грозјето и кои на крајно некоректен и насилнички начин го блокираа влезот на винарницата и со тоа им попречија на над 200 лозари кои денеска беше планирано да го предадат своето грозје во „Тиквеш“.

Упатуваме апел до сите лозари кои напорно работеле во текот на целата година да не подлегнуваат на провокации од поединци кои не се вистински лозари, туку работат во исполнување на нечија агенда. Како општествено одговорна компанија „Тиквеш“ гарантира дека од својата страна и понатаму ќе продолжи доследно да ги почитува сите преземени договорни обврски кон лозарите, но истовремено го очекува истото и од своите партнери.”

-напишаа на фејсбук од менаџментот на винаријата Тиквеш.

Лозарите својата мака ја истурија пред портите на винаријата Тиквеш, во знак на протест против ниските откупни цени

Вчера попладне и доцна во ноќта, драматични сцени се случуваа пред влезната капија пред винаријата Тиквеш во Кавадарци.

Неколку стотина лозари со своите трактори товарени со грозје од овогодинешната реколта протестираа пред винарскиот гигант кој што требаша да врши откуп на грозјето.

Она со што не се сложуваат лозарите што беше и причина за нивниот револт е што винаријата драстично ги намали откупните цени за грозјето, што беа претходно договорени на состаноците со ресорниот министер.

Манипулирајки со шеќерните единици на грозјето при примопредавањето на родот на винаријата од менаџментот соопштија дека договорената цена од 11 денари за Смедеревка и 12-13 денари за грозје од видот Вранец-Кртошија ќе ја исплаќаат само за грозје кое што има 20 малигани.

Претходно лозарите добиле покана за да го берат својот род од нивите без да се прецизира условот за шеќерноста на грозјето, и откако лозарите го обрале плодот од нивите и се паркирале пред винаријата да го предаваат на пунктовите, дополнително им бил соопштен овој услов дека под 20 малигани шеќерност нема да се откупува грозјето. За потоа да им бидат понудени помали откупни цени за грозјето со 19 малигани и помалку од само 8 денари за килограм- момент кој што ја прелеал чашата на нивниот револт.

Во тие моменти лозарите почнале да го истураат својот род пред капијата на винаријата Тиквеш а одредена група на присутните луѓе ја срушиле дури и оградата на самата винарија

Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, кој вчера беше со лозарите кои протестираат, ги покани сите советници од регионот како и градоначалници, пратеници и министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа или ако тој е недостапен, претставник од министерството, да дојдат денес во неговиот кабинет на средба во 11 часот.

“Жални се сликите кои ги гледам, урнатата ограда, и полицијата којашто стои пред лозарите. Апелирам сите надлежни да се појават на средбата бидејќи бербата е во тек и да не им се прави штета на земјоделците кои чесно си го заработуваат своето парче леб,”

-порача вчера Јанчев.

Претходно во текот на месец август Здружението „Напредни лозари” соопшти дека ги замрзнува своите активности. Последна препорака, од страна на членовите на ова здружение која што беше упатена до производителите, е дека годинава, посебно поради сушата, ниту еден грозд смедеревка не смее да биде откупен под 20 денари, вранец под 25 денари, а асталско и високосортно грозје под 30 денари.

Одржан состанок со надлежните со лозарите кои што неодамна протестираа за цената на лозјето

Во текот на вторникот во просториите на МЗШВ се одржа работна средба на Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство со производителите на грозје кои што пред неколку денови протестираа во врска со откупната цена и воопшто откупот на нивниот производ.

Министерот Хоџа ги информираше лозарите дека откупната цена за оваа реколта ја објавија скоро сите винарии и изнесува 11 денари за Смедеревка и 12-13 денари за Вранец. Откупот сеуште не е започнат со максимален интензитет, досега се откупени само 1,3 милиони килограми.

На состанокот присуствуваа и директорот на Државниот инспекторатот за земјоделство Зоран Шапуриќ и градоначалникот на Неготино, Тони Делков.

Од страна на надлежните инспектори се вршат сите контроли секојдневно, проверени се сите ваги со кои се врши мерењето на родот, истакнати се откупните цени… така што во однос на техничките услови за реализација на откупот се превземени сите мерки во надлежност на службата. Директорот Шапуриќ на средбата упати порака кон земјоделците да интервенираат со пријави до надлежните инспектори какко би можеле тие да итервенираат во интерес на произведувачите на грозје.

Министерот Аријанит Хоџа пред присутните се заложи дека од овогодинешната реколта според договорените услови неоткупено грозје нема да остане.

Мерката 7 “Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси ” од ИПАРД 2 програмата се поатрактивна за земјоделците

Во рамки на повикот на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој на Република Македонија до Агенцијата до завршувањето на утврдениот рок, се пристигнати вкупно 198 апликации на заинтересирани земјоделски субјекти. Овој број може дополнително да се зголеми доколку има апликации кои што се пратени по пошта кои ќе стигнат подоцна.

Вкупната сума која што се бара од страна на земјоделските субјекти се проценува на 25,7 милиони евра.

“Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, вели дека интересот за реализација на проекти и на овој повик е голем. Тоа е добар показател дека домашните претпријатија имаат идеа како да ги модернизираат постојните и да отвораат нови погони кои позитивно ќе се одразат на домашната економија и на невработеноста.”

-соопштуваат од Агенцијата.

„Согласно досега пристигнатите барања, најмногу интерес за реализација на проекти кои ќе бидат поддржани со средства од ИПАРД 2 има за секторот алтернативно производство, и за овој сектор има пристигнати 92 апликации. 41 апликација има пристигнато за инвестиции во сектор не-прехрамбени производи, за секторот рурален туризам има пристигнати 37 барања за реализација на проекти за развој на руралниот туризм..За проекти и инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци има пристигнати 19 апликации, четири барања има пристигнати за инвестиции во обезбедеување на услуги во земјоделството, три апликации има пристигнато за реализација на проекти за инвестиции во услуги за рурално неаселение, и две апликации има пристигнати за реализација на проекти, односно инвестиции во занаетчиски дејности.“
– информира директорот на АФПЗР Никица Бачовски.

Транспорт на мали слатки јагниња од планините во Ломбардија

Во регионот Ломбардија, во Италија карактеристична е една многу убава и интересна традиција. Имено станува збор за транспорт на млади слатки јагниња од висините на планините кои што се наоѓаат околу Ломбардија со помош на магариња и мулиња.

Секоја пролет кога стадата со овци се наоѓаат на пасиштата околу Ломбардија во повисоките планински делови, овците соодветно на нивниот животен циклус се јагнат при што има масовен прилив на јагниња. Но поради потребата стадата со овци да се преместуваат кон пониските делови од Ломбардија а возраста на јагнињата не им дозволува тие активно да се движат со возрасните овци, па затоа сточарите смислиле еден навистина симпатичен начин за транспорт на јагнињата.

При тоа се користат магариња кои што во специјално изработени џебови на прекривки на своите плеќи ги носат младите и слатки јагниња кон нивната потребна дестинација.

Покрај магариња и поради природата на стрмните терени низ кои што минуваат стадата со овци се користат и мулиња- т.н. дадилки за јагниња. За време на патувањата на стадата, на поедини локации се запира, јагнињата да се надојат и повторно се ставаат во џебовите на прекривките на магарињата и мулињата.

Ломбардија е претежно сточарски регион која што со своите 23865 m2 е најголема италјанска провинција. На север се граничи со Швајцарија каде што претежно се застапени високите алпски планини со неколку населени долини кои што се доминантно сточарски места.