Главен и Одговорен Уредник

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК НА БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ Над 15 години искуство со создавање на содржина на интернет платформи: -blogspot, -facebook, -twitter, -youtube, -instagram, Експерт за ПР активизам, фотограф, блогер, видео продуцент, CMS web дизајнер, WHM & CPanel хостинг, Систем администратор, оператор со MySQL дата бази. Градежен инжинер, Менаџмент на проекти, граѓански активист, фармер, планинар, љубител на природата.

Aплицирање за дополнителни директни плаќања сертифицирани како растително и сточарско органско производство

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите земјоделци дека е во тек аплицирањето за дополнителни директни плаќања за растително и сточарско производство кои се сертифицирани како органско производство и производство во преод

Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои имаат сертифицирано растително и сточарско органско производство и производство во преод согласно Законот за органско земјоделско производство или пак имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство.

„За оваа мерка корисници можат да бидат и откупувачи и трговци запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено или пак вршат трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло.“

– информира Бачовски.

Барања за добивање на финансиска поддршка можат да поднесат и сите земјоделски стопанства кои имаат добиено сертификат за органско производство и тоа за кофинансирање на трошоците за стручна контрола и сертификација во висина од 50%.

Крајниот рок за поднесување на барања е до 25 декември. Апликациите се доставуваат со логирање на веб страна на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk „директни плаќања е – барање “

Извор: АФПЗРР

Почна аплицирањето за субвенции за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети

Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој ја известуваат јавноста за отварање на процесот за аплицирање од страна на земјоделците за произведени и предадени земјоделски градинарски и овошни култури во регистрирани преработувачки капацитети.

Сите земјоделци кои во период од 26 декември 2020 година до 25 декември годинава, произвеле и предале градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, од денеска па се до 25 – ти декември ќе може да аплицираат за добивање на субвенции преку мерките 1.6 и 1.8.

Аплицирањето се врши електронски со најава на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, најава во полето „директни плаќања, е – барање“.
Сите баратели во прилог на барањата, потребно е да достават и потврди издадени од регистрираниот преработувачки капацитет во кои јасно ќе бидат наведени предадените количини.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека:
„Право на користење на овие дополнителни директни плаќања имаат сите кои имаат остварено производство на градинарски или овошни култури и истите ги имаат предадено во регистрирани преработувачки капацитети. Висината на поддршката изнесува 3 денари по килограм произведен и предаден зеленчук или овошје за преработка“ – истакна Бачовски.

Системот е веќе во функција и може да се аплицира. Краен рок за поднесување на барањата е 25- ти декември 2021година. Сите земјоделци кои имаат проблем, или пак не знаат сами електронски да поднесат барања, за помош може да се обратат во Подрачните единици на МЗШВ. Сите баратели при поднесување на апликациите да внимаваат на точноста на наведените податоци во апликацијата. Доколку барателот увиди дека при поднесување на барањето направил некаква грешка, истото може да го повлече и во рок од 30 дена да се направи корекција.

Целокупната потребна документација може да се симне од веб страната на АФПЗРР, во делот директни плаќања, и обрасци.

Извор: АФПЗРР

АФПЗРР е најсилниот двигател на модернизацијата на земјоделските стопанства

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој Никица
Бачовски беше во посета на селото Стајковци каде се запозна со условите за работа на приватен правен субјект од областа на земјоделието кој што бил корисник на финансиска поддршка за модернизација на механизацијата на своето стопанство со набавка на нов трактор.

Притоа Никица Бачовски го соопшти бројот на грантови за набавка на нови трактори и грантови од останатите мерки.

Никица Бачовски- Директор на АФПЗРР:

“Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е најсилниот двигател на модернизацијата на земјоделските стопанства. Со 540 грантови за набавка на нови трактори, но и сите останати мерки, Агенцијата преку програмата за рурален развој има исплатено 990 милиони денари, што претставува 85% реализација на предвидените капитални инвестиции.

Остануваме ваши партнери во модернизацијата на македонскиот аграр. “

-соопшти Бачовски од скопското село Стајковци.

Зоран Заев денеска на берба на јаболка во Преспанскиот регион

Премиерот Зоран Заев заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка ан земјоделието и руралниот развој Никица Бачовски присуствуваше на свечен почеток на берба на јаболки во Преспанскиот регион.

“На големиот христијански празник – Крстовден го одбележуваме почетокот на бербата на јаболка во преспанско.

🍎Заедно со премиерот Зоран Заев, министерот Арјанит Хоџа и градоначалникот Живко Гошаревски бевме гости на манифестацијата „Преспански Јаболкобер 2021” која традиционално се одржува веќе повеќе од 20 години.

Производството на јаболка е стратешка земјоделска гранка која како Агенција за финансиска поддршка силно ја поддржуваме. Во преспанскиот регион се доделени 125 милиони денари на околу 2000 јаболкопроизводители по основ на субвенционирање на овошни насади.

👩‍🌾👨‍🌾Истотака, со околу 12 милиони денари се субвенционира горивото за земјоделска механизација (зелена нафта) во овој регион, со што се намалуваат производствените трошоци. 🚜На сите јаболкопроизводители им посакувам успешна берба, а АФПЗРР ќе остане посветена на вашата благосостојба преку редовни и дополнителни мерки за поддршка на јаболкарите. ✅“

-напиша на фејсбук директорот на АФПЗРР Никица Бачовски во оваа прилика.

ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА ВОЗДУШНА ТЕРАПИЈА СО ВОЗДУХ ОД КОШНИЦА НА ПЧЕЛИ?

Во светот е присутна една помалку за наши простори чудна и неконвенционална пракса за искористување на кошници со пчели. Станува збор за терапија за респираторни потешкотии и заболувања која што лекари во напредни западни здравствени системи ја препорачуваат на своите пациенти. Терапијата вклучува третман на пациентите со респираторни проблеми со воздух земен директно од кошницата на пчели.

Да! Добро читате. Дишењето на воздух од страна на пациенти земен директно од кошница со пчели е еден од најпривлечните третмани за ваков вид на пациенти поради фактот што воздухот во кошница со пчели е почист од тој кој што се наоѓа во надворешната околина. Степенот на стерилизација на воздухот од бактерии, вируси и други несакани нечистотии е подобар од вештачки стерилизираниот воздух кој во технички услови се произведува.

Многу научни експерименти и технологии направиле напор да го реплицираат степенот на стерилизација на воздухот но до ден денешен ваквата пракса не успева во науката.

Ваквите медицински третмани се особено корисни во решавање на потешкотии со дишењето, белодробни и респираторни алергии како и асма.

Се чини дека сепак она што природата со својот комплексен механизам за создавање го создала, ниту еден човечки ум не може да го повтори.

Маркетинг понуда за платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021 година

Во продолжение ја објавуваме нашата понуда за платено политичко рекламирање на сите заинтересирани учесници на претстојните Локални избори на 17 Октомври 2021 година:

Маркетинг контакт: e-mail: anastasovltd@gmail.com или tel: 079/329-300

Приказни од фармата: Шарпланинчето Буцко

Шарпланинчето Буцко има само шест месеци а веќе е голема среќа во неговото семејство. Неодамна г-ѓа Вера ни сподели дека кога таа работи во бавчата, и Буцко сакал да помага со своето палаво носе, така што си копал низ бавчата барајки ладовинка каде да легне. После неколку строги опомени откако го ископал цел двор Буцко за секоја своја палавштина што планира да ја прави бара одобрување од членовите на неговото семејство кои не можат да му одолеат на неговиот мил поглед.

А прашувате што се случува кога дечките го заиграат….?

Е тоа е навистина посебна приказна!

#Среќа #Шарпланинец #Гордост #Насмевки

Превземно од: Агрофарма “Градска оаза”

Исплатени субвенциите за одгледани и заклани гоеници во регистрирани капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 152 субјекти, исплати близу 149 милион денари за субвенции.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на мерката 2.13 директни плаќања за одгледании заклани гоеници во регистриран капацитет.

„ Финансиска поддршка од 950 денари, ги следува сите кои имаат одгледано и заклано гоеници од 90 до 130 килограми. Сите фармери кои одгледале и заклале гоеници над 130 килограми, на сметките добиваат 1.950 денари. Агенцијата, интензивно продолжува со обработка на апликацииите се со цел средствата кои на располагање преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, брзо да се трансферираат поеднакво до сите земјоделци кои се занимаваат со растително, но и со сточарско производство “

– истакна Бачовски.

Исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи и во следниот период кон сите апликанти кои правно законски се стекнале со право за добивање на финансиска поддршка во земјоделството.

-Извор: http://www.ipardpa.gov.mk/

ПРИКАЗНАТА ЗА “МОДРОТО ЗЛАТО”: СИНА СЛИВА (ЛАТ.PRUNUS DOMESTICA)

Уште од памтивек Делчевско и целиот Пијанечки регион е познат по квалитетот на сината слива која од најдамнешни времиња се произведувала на овој простор. Поволните микроклиматски природни услови и благонаклонети геолошки и педолошки карактеристики на почвата како и богатата хидрографска мрежа на водотеци се идеални за производство на сливата.

Во Делчевско-Пијанечкиот регион биле присутни едни од најпознатите сушари на сина слива во целата Отоманска империја. Постојат кажувања од повозрасни луѓе дека од овој регион биле носени товари со сушена слива и природен маџун од овие сушари директно на дворецот на Султанот, со помош на специјално организирани каравани за таа цел.

Целиот процес на подготовки и справување со родот од пространите плантажи на сина слива во Делчево отсекогаш бил бележит и живописен и е длабоко вкоренет во традицијата на народот од овие простори.
Со овој процес се поврзани практични постапки, испреплетени со народни кажувања, легенди, верувања, песни и ора што му дава и длабока социолошка димензија на целиот процес доведен до ниво на животен ритуал.

Овие специфики варираат од село до село, па дури и од семејство до семејство кои произведуваат и ден денес сина слива.

Делчево и целиот регион на Пијанец е еден од еколошки најчистите региони во Република Македонија и пошироко во регионот. Поради таа причина и широк дијапазон на специфични микроклиматски услови и богата хидрографска и минеролошка карта на Делчевската општина, на ова поднебје егзистираат голем број на растенија во закрила на природата, кои се карактеризираат со својата реткост и фармацевтска примена.

Наша улога и мисија е ова богатство да го доближиме до пошироката публика, со што ќе допринесеме за свесноста и одговорноста кон зачувување и искористивање на најсоодветен начин на овој природен дивезитет на Делчево и Пијанецот.

-Извор: Брегалнички портал

#НабериЗдравје       #Биодиверзитет       #ПијанечкаШипка      #CollectHealth       #Biodiversity

СИТЕ АВТОРСКИ ПРАВА СЕ ЗАШТИТЕНИ ©
Не е дозволено превземање на содржина (текст или мултимедијални содржини) без посебен договор со Брегалнички.мк

Македонија ќе дисеминира знаење на Црна Гора за искористување на средства од ИПАРД и воведување на ИАКС систем

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска во просториите на АФПЗРР, имаше средба со министерот за земјоделство на Република Црна Гора Александар Стијовиќ и со државната секретарка за земјоделство на Црна Гора Николина Мишниќ.

На состанокот се разговараше, како двете институции да обезбедат меѓусебна соработка и взаемно да си помагаат во насока на развој и јакнење на административната структура како и зголемена апсорпција на средствата и од националниот, но и од ЕУ Буџетот. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, истакна дека со интензивирањето на комуникацијата на политичко и техничко ниво се отвараат и нови можности за размена на искуства и меѓусебно помагање на патот кон ЕУ и за двете земји.

„Република Северна Македонија преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руреалниот развој, веќе долго време ја реализира ИПАРД програмата. Најдобар доказ дека и институцијата и земјава имаат капацитет за нејзина успешна имлементација е целосното искористување на расположливите средства одобрени од ЕУ, преку ИПАРД 2 програмата. Потврда дека сме лидер во регионот за искористување на средствата од ИПАРД 2, пристигна и од Директоратот за земјоделство на ЕУ. Ние имаме и капацитет и желба за дисеминација на досегашното искуство и знаење на земјите од регионот кои се на почеток на патот од евроинтегративниот процес. Со задоволство, заедно со целиот мој тим, стоиме на рсполагање да ги споделиме искуствата од областа на директните плаќања, имплементцијата на ИПАРД програмата како и креирањето и користењето на ИАКС системот.“

– истакна Бачовски.

Министерот за земјоделство на Црна Гора, Стијовиќ, истакна дека добредоојдени се сите искуства и насоки се со цел успешна имплементација на ИПАРД програмата во Црна Гора, но и апсорпцијата на средствата од националниот буџет.

„Заедничкото минато, географската близина, и досегашното искуство се гарант за успешна соработка во иднина.Имаме многу што да научиме од институционалната меморија на вашите служби и се надеваме дека вашата поддршка во нашите реформи нема да изостанат.“

– истакна Стијовиќ.

Двете институции, заедно со МЗШВ во наредниот период ќе склучат и договор за соработка со што и официјално ќе почне меѓусебната соработка.

Извор: http://www.ipardpa.gov.mk/