Решени проблемите со годинешната реколта и најава за трајно решавање на проблемот со откупот на сина слива во Пијанец- Малеш

Сподели на социјални мрежи

Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска беше на средба со производителите на сина слива од општините Делчево, Пехчево и Берово.

Пред почетокот на бербата земјоделците во оваа гранка се соочија со акутниот проблем при пласманот на пијанечко-малешевското модро злато. Впрочем тој и воопшто и не постоеше како најава за оваа година така што се закануваше целосен финансиски дебакл на производителите. Голем број од сопствениците на овоштарници со сина слива гиимаа напуштено своите насади во изминатите години а исто така поголема бројка на сливари беа со најава дека оваа година ќе биде последна како произведуваат слива.

Но после денешниот состанок во Делчево и најавените политики на ресорниот министер Трипуновски, видно се врати ентузијазмот и надежта кај сливарите.

Пред земјоделците од крајниот исток на државата Министерот Трипуновски соопшти дека веќе преговараат како министерство со повеќе откупувачи и имаат обезбедено странски партнер од соседна Србија кој што ќе откупи поголема количина од годинешната реколта која се проценува на околу 2500 тони. Така што родот за првпат организирано и со директна помош од страна на Министерството ќе се пласира во странство а сливарите ќе имаат цена што ќе ја наплатат за својот производ.

Министерот Трипуновски дополнително најави 5 денари по килограм продадена сина слива на откупувачки капацитет од интервентниот фонд на државата., што како предлог ќе биде усвоено на некоја од наредните седници на Владата на Република Македонија, за покривање на трошоците за производството на самата слива.

Оваа мерка беше силно поздравена од страна на присутните голем број на производители на слива, која што заедно со останатите субвенции кои ги добиваат сливарите за своите насади ќе значат солидна цена на нивниот труд.

Министерот Цветан Трипуновски најави дека со завршување на бербата на сливата и откупот од месец окттомври во министерството сериозно ќе се зафата кон креирање на нови и унапредување на постојните мерки за поддршка за развој на мали и семејни преработувачки капацитети и дестилерии за преработка на сината слива со што овој основен производ ќе допбие додадена вредност преку нови брендирани конечни производи за зголемен стандард на сливарите.

-“Во името на владата како министерство им ветив на земјоделците дека нема да ги оставиме сами, нема да бидат препуштени сами на себе, туку напротив, како влада ќе интервенираме со дополнителна мерка за да ја компензираме загубата која што би ја претрпеле. Ако откупната цена за оваа година на сливата се движи за 9 до 10 денари ние како министерстов, како влада сме подготвени да ја доплатиме разликата до 14 односно 15 денари се со цел земјоделците да бидат задоволни. И оваа мерка која што веќе на некоја од наредните седници на влада ќе ја поминеме како официјална мерка ќе биде исплатена од интервентниот фонд веднаш по завршувањето на бербата. Тоа значи дека земјоделците ќе ги добијат парите во рок од околу 30 тина денови по завршување на бербата, се со цел да го компензираат трошокот и да биде стимул веќе за наредната година.

Она што веќе го дефиниравме како заклучок од состанокот е дека како министерство сериозно ќе работиме веќе за наредната година за да овој дел од Република Македонија биде сериозно поддржан во делот на одгледување на оваа култура, затоа што овде најмногу успева. Тоа значи дека министерството ќе носи конкретни програми и мерки кои што значат долгорочно решавање на проблемот со пласманот на сливата, а од друга страна ќе значи и зголемен извоз в делот на преработки а не само примарен земјоделски производ кој што нормално ќе има ефект и врз нашата економија. Ќе се динанира изградба на дестилерии, преработувачки капацитети, се со цел долгорочно да се реши овој проблем а не да биде вака стихијно од година во година за да се преброди годината. “

-рече меѓу другото Министерот Цветан Трипуновски во изјава за Брегалнички Портал.

Целата изјава по денешниот настан во Делчево на Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски може да ја погледнете во продолжение:

За авторот на овој текст


Сподели на социјални мрежи