ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК НА БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ
Над 15 години искуство со создавање на содржина на интернет платформи: -blogspot, -facebook, -twitter, -youtube, -instagram,
Експерт за ПР активизам, фотограф, блогер, видео продуцент, CMS web дизајнер, WHM & CPanel хостинг, Систем администратор, оператор со MySQL дата бази.
Градежен инжинер, Менаџмент на проекти, граѓански активист, фармер, планинар, љубител на природата.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави два огласи за вработување на
Помошник на Постојаниот твининг советник (RTA)
Асистент за превод на Постојниот твининг советник
Станува збор за вработување на цело работно време во период од 21 месец.
Целта на проектот е да се подобри ефикасноста на Националниот систем за заштита на растенијата, обезбедување на правилна имплементација на националните политика и законодавство во согласност со законодавството на Унијата во Северна Македонија
Корисници на проектот е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарната управа, Управата за семе и саден материјал, Државна фитосанитарна лабораторија и Државен инспекторат за земјоделство, а истиот ќе го спроведува конзорциум од :
Министерство за политики од областа на земјоделство, храна и шумарство (MiPAAF) на Италија (водечки партнер),
Информест, Италија (овластено мандатно тело за проектот), и
Министерство за рурален развој и храна (MRDF) на Грција (јуниор партнер)
Денеска во Кочани работна средба со оризопроизводителите од општината и поширокиот регион реализираше Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со неговиот заменик Трајан Димков.
“Секојдневно меѓу граѓаните, меѓу земјоделците, разговараме отворено за секое прашање, за секој предлог, за секој проблем.
Од овде, од Кочани, порачав дека македонскиот ориз, нашето бело злато, ќе продолжиме да го стимулираме преку Програмата за директни плаќања за 2022 година, а силен фокус ќе ставиме и на инвестициите во системите за наводнување, и каналите за одводнување и наводнување, како и пречистителната станица која има можност да ја собира сламата и да ја преработува во органско ѓубре.
Слушајќи ги денешните предлози на оризопроизводителите се изрази потребата за мерка за нови мобилни сушари, како и мерка за помош при набавка на ѓубрива за кои ќе направиме консултации со сите институции за нивна реализација.
Целта е зедно да креираме ефикасни политики, да превземаме конкретни чекори за да го зголемиме производство на оризот.”
-соопшти Љупчо Николовски во однос на оваа средба од Кочани.
Заменик министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Трајан Димков во јавноста упати исто така своја порака во врска со оваа средба:
“На денешната средба со оризопроизводителите разговаравме отворено за секое прашање, за секој предлог, за секој проблем.
Ќе продолжат инвестициите во системите за наводнување, и каналите за одводнување и наводнување.
Разговаравме и за пречистителната станица која има можност да ја собира сламата и да ја преработува во органско ѓубре, со што ќе се намалат производствените трошоци на земјоделците.
Еден од денешните предлози на оризопроизводителите е потребата за нова мерка за нови мобилни сушари, како и мерка за помош при набавка на ѓубрива за кои ќе направиме консултации со сите институции за нивна реализација.
Целта е зедно да креираме ефикасни политики, да превземаме конкретни чекори за да го зголемиме производство на оризот.”
Поволните хидрографски карактеристики на општината Делчево во голема мера се значаен предуслов за развивање на зголемена стопанска дејност, како и опстојување и развој на населените места. Ваквата состојба е значаен но не и доволен предуслов за развој на општествениот живот на овие простори. Секако своја доминантна улога имаат и повеќе други општествени активности пред се под влијание и директна зависност на институциите на локално и национално ниви.
Фото 26.08.2016 година: Реката Брегалница во своето регулирано корито во центарот на Делчево
За свртување на вниманието на целокупната Македонска јавност, сакаме да го реафирмираме фактот на постоење на богат хидроенергетски потенцијал на Делчевската котлина, кој доколку стратешки се искористи може да му донесе целосен препород на оваа општина.
Во прилог на оваа теза оди и еколошката поволна состојба која за разлика од други региони на државата се на далеку повисоко ниво, главно поради непостоењето на голема загадувачка индустрија, па оттука Делчево и околниот микрорегион претставува погодно подрачје за развој на зелени бизниси на локалната економија.
Историјат и генерални карактеристики
Потеклото на Пијанец е тектонско. Според гео-морфолошките испитувања на Б.Ж Милоевиќ, Цвиииќ и други научници уште во Палеоген котлината Пијанец претставувала посебна долина одвоена од Кочанската и Малешевската. Растроените, превртени и набрани палеогенски седименти укажуваат дека во Предплиоценот настанеле силни тектонски движења, односно, спуштање на теренот меѓу овие котлини и како резултат на тоа се создал горниот тек на долината Брегалница.
Во Плиоценот, Пијанечката Котлина била езеро поврзана со Малешевското езеро, со две притоки, едната источно од ридот Бејас Тепе по која сега тече реката Желевица, втората западно од тој рид која подоцна повеке се продлабочила и по неа тече реката Брегалница.
Фото 26.08.2016 година: Реката Брегалница во своето регулирано корито во центарот на Делчево
Пијанечкото езеро било поврзано и со Кочанското Езеро, Ќустендилското и Благоевградското Езеро. Врските со последните две езера се прекинале со издигањето на гребенот на источната страна, додека утоката во Кочанското Езеро се продлабочила и во неа истекла водата, а тоа долниот тек на реката Брегалница. По истекувањето на езерото со флувијална ерозија и денудација се формирале денешните релјефни форми на Пијанец.
Геолошкиот состав на Пијанечката Котлина е хетероген. Пониските делови на котлината се Палеогени и Плиоцени наслаги. Тоа се претежно песочници, глиници, варовници и конгломерати што лежат преку стари еруптивни карпи и кристални шкрилци. Грербените околу котлината главно се составени ок кристалести шкрилци и еруптивни карпи особено Гранит.
Најнискиот дел, Алувијалната рамнина, настанала од наносите на река Брегалница и нејзините притоки. Тоа е најплодното земјиште.
Фото: Водостојот на река Брегалница во центарот на Делчево сведен на минимум во текот на летниот период
Фотографии снимени 01.02.2015 година: Надојдена река Брегалница на критични локации во Делчево
Фото 07.10.2018 година: Нормален водостој на река Брегалница
Брегалница по должина е најголема притока на Вардар. Извира под врвот Ченгино Кале на Малешевските Планини на надморска височина од 1.720 м, а во Вардар се влива меѓу селата Ногаевци и Уљанци, на надморска височина од 137 м. Средниот проток при утоката изнесува 28 м3/с (максимални протоци 640 м3/с, а при минимални коритото е суво). Има вкупна должина од 225 км, сливна површина од 4.307 км2 и релативен среден пад од 7‰. По спуштањето од Малешевските Планини каде Брегалница има мошне развиена изворишна челенка, таа најпрво тече низ Беровската Котлина во која има широк тек, доста е мирна но и акумулира значаен флувијален материјал. Кај с. Будинарци широчината на долината достигнува 500-600 м, а од с. Разловци веќе влегува во клисурестиот дел на Разловската Клисура долга 19,1 км. Средногодишниот проток на профилот кај Разловци изнесува 6,3 м3/секунда. Во клисурата се јавуваат одредени ерозивни проширувања како она кај с. Митрашинци.
Фото 07.10.2018 година: Нормален водостој на река Брегалница
По Разловската Клисура Брегалница тече низ Делчевско Поле во кое наталожува значајна количина на чакал и песок со што на одредени потези текот се разбива во неколку ракави. Во Пијанец и Малеш е горниот тек на реката Брегалница. Таа тука тече од југ кон север и има меридијански правец на протегање. Вкупниот годишен просечен проток на Брегалница на профилот “Калиманци” изнесува 264 милиони метри кубни. Од вливот на Очипалска Река па до с. Истибања односно до влезот во Кочанската Котлина и понатаму до вливот во Вардар, Брегалница тече од исток кон запад и има напореднички правец. За ваквото нејзино свртување Б. Милоевиќ ќе напише: “Во текот на палеоген во долината на денешна Брегалница постоеле две удолини, горна, меридијанска и долна, напоредничка” (Милоевиќ, 1941). Подоцна, долната напоредничка долина со регресивна ерозија се соединила со горната меридијанска долина со што почнала да егзистира денешната долина на Брегалница. Тогаш всушност настанало поврзување на утоката на Кочанското Езеро со утоката на Пијанечкото Езеро.
Низ Истибањската Клисура, Брегалница тече во должина од 39 км. Во неа денеска е формирано езерото Калиманци од кое се наводнуваат околу 28.000 ха земјоделски површини во Кочанско и Овче Поле. Во Кочанската Котлина Брегалница навлегува кај с. Истибања и низ неа тече речиси по средината и ја напушта кај с. Крупиште каде на запад од него изградила кратка сатеска. Низ котлинското дно Брегалница има рамнински карактер со просечен пад од само 1,8‰. Затрупувано со наносите на притоките и пороите коритото е плитко и непостојано поради што често доаѓа до изливање на водата.
Од Штипската Сатеска до вливот во Вардар, Брегалница тече низ млади палеогени и неогени седименти и коритото има меандриски облик. Тоа е пределот Слан Дол.
Во својот тек Брегалница прима 23 притоки подолги од 10 км. Од десната страна дотечуваат 10 притоки со вкупна должина од 241 км, а од левата страна 13 притоки со вкупна должина од 260 км. Долините на сите притоки, за разлика од долината на Брегалница која е полигенетска, се моногенетски. Тие се развиле како притоки на одделни езерски басени, а со истекување на езерото нивните води го продолжуваат својот тек и стануваат притоки на Брегалница. Во планинските предели долините им се длабоки и имаат облик на латинската буква В (V). Со усечувањето во некогашните езерски басени, долините им се проширувале, а долинските страни се намалувале. Денеска главно имаат симетрични долински страни.
Десни притоки на Брегалница
-На територија на Општина Делчево:
Желевица, Даштица, Репница, Граштица, Ѕвегорска Река, Габровчица, Очипалска река
Фото 27.12.2012 година: Река Желевица кај село Тработивиште
-На остатокот од сливното подрачје:
Пехчевска Река, Луковичка Река, Каменичка река Оризарска Река или Масалница, Кочанска Река, Злетовска Река, Светиниколска Река.
Значаен потенцијален хидрографски објект во општината е брана Лошана, со зафатнина од 1 400 000 метри кубни вода, во непосредна близина во атарот на селото Разловци. Браната е изградена во период од 2002 година до јануари 2008 година.
Фото: Брана Лошана со различен водостој на кота на водено огледало
Оваа акумулација главно се користи за решавање на проблемот на водоснабдување во дел од општина Делчево, а има потенцијал да се користи и дел за наводнување на Делчевското поле (300 ха).
Друг значаен изграден хидрографски објект во општината претставува акумулација Петрашевец со зафатнина од 180 000 метри кубни вода, која се користи за наводнување на обработливите површини низводно од Браната.
Фото: Природен амбиент во околина на малото езерце САНДАНСКИ во близина на Делчево
Езерото Сандански е создадено со ископ за потребите на пробни теренски испитувања за постоење на јаглен во речното корито на реката Брегалница во 1986 година. Подолг временски период езерото Сандански се стопанисува од страна на приватен субјект како излетничко место и езеро за спортски риболов.
Во продолжение даваме преглед на можни акумулации за изградба во Делчево во функција на локалниот економски развој на општината и регионот.
Автохтоната раса на куче Шарпланинец во последно време доживува своја постепена експанзија во Македонија. Покрај нивната основна намена за чување на стадата добиток во планинските предели каде што се врши испаша на отворен тере, се повеќе семејства за себе се снабдуваат со овој вид на кучиња кои што се одликуваат со високи картактерни особини.
Уште од млад се формира изразот на лицето на сортниот шарпланинец. Со тоа тој добива #КарактерниЦрти на распознавање настрана од неговите физички белези за препознавање (боја на крзно). Препознавањето на изразот на лицето е возможно кога добро ќе го запознаете самиот #шарпланинец, неговите #навики, неговите #потреби, #радости и #тага.
На тој начин човек се #поврзува со неговиот шарпланинец која врска не наликува на ниту едно друго #емотивно поврзување. Кај вистинските љубители на шарпланинецот, поврзувањето оди до тој степен што човекот ги разбира сите состојби на душата на неговиот шарпланинец и обратно, шарпланинецот ја разбира состојбата на неговиот човечки пријател.
Таа #приказна на поврзаност има #НеограниченРок на траење и огромен интензитет. Човекот може да биде напакостен од друг човек, но од неговиот шарпланинец- никогаш.Таа приказна му дава особено значење на едно вака дефинирано пријателство кое се памети вечно.#Верноста како идеал може да се учи од овие благородни животни со нивниот силно изразен интелект и емоции.
Во државата работат повеќе приватни одгледувачници на сортни шарпланинци кои што нудат шарпланинци како во Македонија така и насекаде низ регионот и светот.
На 11 ноември 2011 година Мајкл Д. Хигинс за првпат беше инаугуриран за првпат за претседател на Ирска.
Тој е страствен политички глас кој што во политиката влегува со емоции и високо ниво на карактерност. Мајкл Д. Хигинс е поети и поисател, академик и државник, борец за човекови права, промотор на инклузивно граѓанско општество и шампион на креативноста во ирското општество. Мајкл Д. Хигинс е роден на 18 април во 1941 година во градот Лимерик во Клер округот. Бил обичен работник во фабрика и помошник пред да стане првото дете од неговата фамилија кое започнало високо образование. Студирал на три универзитети а потоа ги поминал сите ниво на јавни функции во Ирска за на на 11 Ноември 2018 година биде инаугуриран за неговиот втор претседателски мандат.
Оваа негова кратка навидум обична биографија и нема да биде толку поразлична од останатите политички биографии доколку Мајклд Д. Хигинс не се појавува речиси на сите негови јавни настапи заедно со едно или со двете негови верни кучиња.
На социјалните мрежи се споделува електронска онлајн петиција со која се бара укинување на субвенциите на државата за малите хидроцентрали кои се изградени или се градат на речни водотеци ширум државата.
Според информациите објавени во текстот на петицијата се нагласува штетниот ефект на малите хидроцентрали врз животната средина онаму каде се градат до степен кој го загрозува опстанокот на водните екосистеми и заштитените ендемски видови, како и луѓето.
“Во моментов, на дивите и недопрени реки низ земјава се изградени, или се во фаза на изградба, повеќе од 130 мали хидроцентрали, a се планира изградба на уште најмалку 50 нови! Поголем дел од нив се градат во некои од најживописните речни долини во строго заштитени и значајни подрачја како што се: Пелистер, Маврово, Шар Планина, Караџица, Даутица, Кожуф, Малешевијата и многу други.
Изградбата на малите хидроцентрали остава непоправливи последици по животната средина и природата, до степен кој го загрозува опстанокот на водните екосистеми и на заштитените и ендемски видови, како и луѓето.
Малите хидроцентрали се градат зад очите на јавноста, без јавни консултации и без соодветни студии за оцена на влијанието врз животната средина.
Сите постоечки мали хидроцентрали заедно произведуваат само 4% од вкупното годишно производство на електрична енергија во земјата, во период од годината кога не е најпотребно за домаќинствата. Истото количество електрична енергија може да се заштеди со подобра енергетска ефикасност, без притоа да се уништуваат реките и недопрената природа.
Електричната енергија произведена од малите хидроцентрали се откупува по загарантирани повластени тарифи кои на сопствениците им гарантираат сигурен профит.
Секое семејство во земјава, секој месец плаќа 6% од висината на месечната сметка за струја, за субвенционирање на производството на електрична енергија од обновливи извори. На годишно ниво, за електричната енергија произведена од мали хидроцентрали ние граѓаните, плаќаме 16 милиони евра.
Сакаме овој буџет да се употреби за стимулирање на производство на електрична енергија од одржливи извори како сонцето и ветрот, а не од извори кои ги уништуваат нашите реки!
Да кажеме НЕ на малите хидроцентрали и уништувањето на реките!
Барам моите 6% од сметката за струја кои ги вложувам за производство на електрична енергија од обновливи извори да се употребат исклучиво за стимулирање на одржливи извори на енергија како сонцето и ветрот. Барам на сметката за струја јасно да биде наведено на што се трошат тие 6%. Барам Владата да ги укине субвенциите за малите хидроцентрали.”
-стои во текстот на петицијата покрената од Центарот за истражување и информирање за животната срединаЕко-свест Скопје.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на над 10 илјади земјоделци, исплати над 204 милиони денари за субвенции по повеќе мерки.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека се исплатени средства на сите кои аплицирале и исполниле услови за добивање на финансиска поддршка, за органско производство, за зголемен број на грла во основните стада, за задржано женско јаре и јагне, а исплатена е и дополнителната поддршка од 20% за регистрирани земјоделци.
„На вкупно 778 лица кои произведуваат органски производи исплатени им се 113 милиони денари. На сметките на 1,793 субјекти кои аплицираат како индивидуални земјоделци, исплатени им се 52 милиони денари.На 7.674 фармери кои ги зголемиле стадата исплатени им се близу 39 милиони денари. Над 1,4 милиони денари се исплатени за сите кои задржале женско јагне а 156 илјади денари се исплатени за сите кои имаат задржано женско јаре а такви се 32 фармери.“ – информира Бачовски.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и во наредниот период продолжува со неселективната исплата на средства за субвенции. Во еден ден, без селекција се исплаќаат средствата за земјоделски субвенции.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој денеска во јавноста соопшти за исплатени нов фонд на финансиски сретства на сметките на земјоделците.
“Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на субвенции по повеќе мерки
На сметките на 7689 лица исплатени се 84.4 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности (ПОМ).
Исплатени се 63.6 милиони денари за предадени јагниња во кланичен капацитет.
На сметките на сите живинари кои имаат пријавено заклани бројлери во кланични капацитети од мај 2019 – септември 2020 исплатени се 8.5 милиони денари.
Исплатена е поддршката за саден и семенски материјал и тоа – 39.3 милиони денари за произведен лозов и овошен саден материјал и 35.3 милиони денари за произведен сертифициран семенски материјал.
27.2 милиони денари се исплатени за субјектите кои пријавиле дека имаат одгледани и продадени или заклани амортизирани несилки.
Со овие исплати се опфатени над 9000 апликанти со сума од 260 милиони денари. “
-соопшти преку социјалните мрежи директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.
Заменик – министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот и заменик – директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и Ремзи Абдилахи, денеска во просториите на МЗШВ, свечено ги доделија првите договори на младите земјоделци, добитници на грант до 10.000 евра.
Финансиската поддршка е наменета за млади земјоделци на возраст до 40 години, кои имаат желба и бизнис идеја за започнување земјоделска дејност. Подршката во форма на неповратен грант до 10.000 евра по корисник е обезбедена од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, мерка 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.
„Младите ја препознаваат можноста која им ја нуди државата, токму земјоделското производство да им биде примарен извор на егзизстенција. На последниот повик за мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, пристигнаа 111 апликации. Од нив 50 апликанти ги исполнија условите и со нив ќе бидат потпишани договори за добивање финансиска поддршка во форма на неповратен грант, со вредност до 10.000 евра по корисник. Овие средства се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и претставуваат иницијална поддршка од државата за младите земјоделци да можат полесно да започнат сопствен бизнис, да создадат нови брендови на пазарот, да инвестираат во нови дејности преку кои ќе ги реализираат своите идеи“
-изјави заменик министерот Димковски.
Тој додаде дека сите одобрени грантови, се врз основа на добри деловни планови кои имаат развојна компонента, го таргетираат домашниот пазар, користат сопствени ресурси и имаат компонента за модерно производство, со примена на добри земјоделски практики и грижа за животната средина.
Димковски им честиташе на сите добитници на грант и упати порака кон младите земјоделци, да продолжат да и веруваат на својата држава и институциите, нагласувајќи дека Министерството и Агенцијата ќе продолжат и понатаму да креираат мерки со кои ќе ги поттикнуваат младите овде, дома, да ја градат својата иднина. Тој им порача храбро и мотивирано да ги инвестираат парите со надеж дека ќе успеат да ја мултиплицираат вредноста на грантот.
Радува податокот што на последниот повик за мерката „Малд земјоделец“, подеднакво бил голем интересот и кај жените и кај мажите кои се на возраст до 40 години. Oд 50 апликации дури 22 се одобрени на жени носители на земјоделското стопанство, а 28 се мажи. Тоа се млади кои се регистрирани како индивидуални земјоделци регистрирани согласно законот за вршење на земјоделска дејност и Законот за пензиско и инвалидско осигурување, што значи дека земјоделската дејност им е главен извор за остварување на приходи. При тоа, побарувањата за грант се од сите земјоделски гранки: млекарство, сточарство, пчеларство, овоштарство, винарство, производство на сточна храна како и набавка на земјоделска механизација.
„Овие 50 млади апликанти ќе реализираат инвестиции во сите региони на Република Северна Македонија што значи дека во повеќе делови од државава ќе се отворат нови бизниси и нови работни места. Инвестирањето во вистинските, младите земјоделци е стратешки пристап на Владата и надлежните институции, со цел да се развива и модернизира секторот земјоделство. Само со вложување во младите до40 години може да влијаеме на одливот на млади и на миграцијата село – град. “
-изјави Бачовски.
Интересот на младите да започнат сопствен бизнис и тоа токму во земјоделскиот сектор, секоја година расте. Тоа е и европски тренд, кој е тесно поврзан со зголемувањето на свеста за значењето на живот во здрава и еколошка средина и препознавање на земјоделското производство како профитабилен бизнис.
А сето ова значи дека грижата на државата преку поддршката наменета токму за нив, дава резултати!
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6.469 субјекти, исплати 220.265.958,00 денари за трета фаза произведено и предадено млеко.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на средства од мерката „директни плаќања за произедено кравјо, козјо и овчо млеко“.
„Согласно оваа мерка финансиска поддршка од 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко е исплатена за фармерите кои имаат произведено кравјо млеко, додека 4,5 денари по литар добиваат сточарите кои во период мај – септември произвеле и предале овчо и козјо млеко. Заедно со денешната исплата од над 220 милиони денари на сметките на сточарите само за произведено и предадено млеко во 2020 година, исплатени се вкупно 483 милиони денари. “
– информира Бачовски.
Средства за исплата на земјоделски субвенции има, земјоделците се наш партнер и грижата за овој сектор е приоритет на оваа Влада. Агенцијата продолжува со пракса на неселективна исплата за сите кои правно – законски ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка во земјоделството.