Мерката 7 “Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси ” од ИПАРД 2 програмата се поатрактивна за земјоделците
Во рамки на повикот на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој на Република Македонија до Агенцијата до завршувањето на утврдениот рок, се пристигнати вкупно 198 апликации на заинтересирани земјоделски субјекти. Овој број може дополнително да се зголеми доколку има апликации кои што се пратени по пошта кои ќе стигнат подоцна.
Вкупната сума која што се бара од страна на земјоделските субјекти се проценува на 25,7 милиони евра.
“Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, вели дека интересот за реализација на проекти и на овој повик е голем. Тоа е добар показател дека домашните претпријатија имаат идеа како да ги модернизираат постојните и да отвораат нови погони кои позитивно ќе се одразат на домашната економија и на невработеноста.”
-соопштуваат од Агенцијата.
„Согласно досега пристигнатите барања, најмногу интерес за реализација на проекти кои ќе бидат поддржани со средства од ИПАРД 2 има за секторот алтернативно производство, и за овој сектор има пристигнати 92 апликации. 41 апликација има пристигнато за инвестиции во сектор не-прехрамбени производи, за секторот рурален туризам има пристигнати 37 барања за реализација на проекти за развој на руралниот туризм..За проекти и инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци има пристигнати 19 апликации, четири барања има пристигнати за инвестиции во обезбедеување на услуги во земјоделството, три апликации има пристигнато за реализација на проекти за инвестиции во услуги за рурално неаселение, и две апликации има пристигнати за реализација на проекти, односно инвестиции во занаетчиски дејности.“
– информира директорот на АФПЗР Никица Бачовски.