Лозарите во тиквешијата трпат огромни штети од нефинкционалноста на системот за водоснабдување

Сподели на социјални мрежи

Македонија е под опасност на жолта фаза од енормно високите температури. По пролетните континуирани дождови и реалтивно ниски температури, сега земјата е изложена на драстично моментално зголемување на дневните температури што претставува сериозен удар на овоштарстово и полјоделството.

И во такви неповолни услови се чини проблемите на земјоделците дополнително се продлабочуваат.

Од ваквиот негативен тренд не се изземени ниту лозарите во тиквешијата каде се уште и покрај лошите економски и микроклиматски услови поголем број на сопственици на лозја се обидуваат да преживеат со својот труд и макотрпна работа.

До редакцијата на нашиот портал пристигнаа алармантни информации за игнорантскиот однос на надлежните државни субјекти кои што во рамки на својата работа за која земаат плата од Буџетот на државата и јавните претпријатија не обезбедуваат вода за наводнување на земјоделсите поседи вклучително и на лозјата.

Според информациите кои до АГРАР.МК ги достави Х.Т. водоснабдителниот систем на ВОДОСТОПАНСТВО ТИКВЕШ- ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА КАВАДАРЦИ е нефункционален и целосно запуштен а нема сериозни најави кога корисниците ќе добијат вода за своите лозја.

И покрај обидите да се воспостави некаква комуникација и да се обезбеди вода за поседите со раководителот на оваа државна институција Влатко Нацев, сепак хидрантите и цевководите за земјоделците остануваат суви а лозјето е препуштено на горештините под зголемените дневни температури.

Ваквиот игнорантски однос е причинител на огромни штети за самите лозари, кои што под налет на загубите ќе бидат приморани по правосуден пат да бараат оштета од државата поради нефункционирањето на водоснабдителниот систем.

Проблемот е далеку покомплексен поради несоодветната организираност на самите земјоделци, подолбите и превртливоста на здруженијата на земјоделци кои што превземале улога за заштита на интересите на самите нивни членови. Дополнително на ваквата состојба земјоделците се жалат за неможност за регулација на нивните права за обезбедување вода по пат на легални договори, со исклучок на неколку поединци кои поради разни потреби успеале да си обезбедат некакви договори за користење на вода од водоснабдителниот систем, но и покрај тоа немаат вода за своите лозја.

Во рамки на споменатиот водоснабдителен систем според нашите информации штети трпат над 500 земјоделски стопанства кои се занимаваат со лозарство а само на ЛИНИЈА 54 која е една од помалите секундарни гранки за водоснабдување штета трпат околу 12 земјоделски стопанства.

Ваквата состојба се пролонгира повеќе години наназад, за што сведочат и запуштените канали и нереконструирани доводни цевководи, а поради кои овој некогашен лозарски регион кој што во огромна мера егзистираше од лозарството сега е со напуштени лозја кои пропаѓаат заедно со маката на нивните сопственици кои инвестирале огромен труд и финансии за нивно подигање.

Ваквиот досегашен однос на надлежните органи во рамки на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство мора под итно да се промени во најкус можен рок со цел да се спаси годинешнава реколта на грозје, а во интерес на самите земјоделци и држава.

Според периодот на вегетација и развој на грозјето во вакви микроклиматски услови на зголемени температури потребно е наводнување на овоштарниците под лозје за да соодветно се развие плодот кој што треба да обезбеди девизен прилив и одржување на економијата во овој дел од државата. Доколку во наредните денови не се обезбеди итна достава на вода во рамки на споменатиот водоснабдителен систем штетите ке бидат огромни а пропаста на оваа дејност незапирлива.

Фотографиите во продолжение сведочат за состојбата на водоснабдителните канали и цевководи снимени во текот на денешниот ден на лице место:

За авторот на овој текст


Сподели на социјални мрежи