Доделени договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Денес Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски заедно со Директорот на АФПЗРР г-дин Илија Стоилев заедно со градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев присуствуваа на настан кој се одржа во Општина Свети Николе за доделување на договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
“Склучени се 967 договори со површина од 2700 ха
Со овој настан се означија успешно завршени 4 (четири) Јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo 3 хектари.
Со овој процес кој што го заокружуваме сега, даваме силен фокус и силен приоритет да земјоделското земјиште биде ставено во функција на земјоделците. Знаеме дека во минатото имаше селективност во распределбата, но тоа ќе биде веќе минато. Ние како одговорно министерство, како влада ќе работиме затоа што земјоделците се наш приоритет.
Жалам што во минатото имало одредени злоупотреби кои што ние како Министерство ги констатиравме во изминатиот период. Меѓутоа нашата интенција е да сето земјоделско земјиште кај вистинските земјоделци заврши и да истото се стави во функција, да биде во процес на обработка односно на производство.”
-напиша во врска со денешниот настан Министерот Трипуновски на социјалните мрежи.