Соопштение од Винаријата Тиквеш во врска со синоќешните инциденти пред нивната капија во Кавадарци

Сподели на социјални мрежи

Во врска со синоќешните протести кои прераснаа во немири и предизвикаа рушење на оградата на погонот на винаријата Тиквеш во Кавадарци, преку социјалните мрежи свое кратко соопштение упатија од страна на менаџментот на винаријата.

Истото го пренесуваме интегрално во продолжение:

“И покрај тоа што „Тиквеш“ е единствената македонска винарница која оваа година нуди највисоки цени за грозјето, ја почитува договорената цена за откуп на вранецот и смедеревката и се обврза на најголем откуп досега, сепак денеска беше доведена во ситуација привремено да го прекине откупот.Прекинот беше предизвикан од неколкумина поединци кои се обидоа да манипулираат со квалитетот на грозјето и кои на крајно некоректен и насилнички начин го блокираа влезот на винарницата и со тоа им попречија на над 200 лозари кои денеска беше планирано да го предадат своето грозје во „Тиквеш“.

Упатуваме апел до сите лозари кои напорно работеле во текот на целата година да не подлегнуваат на провокации од поединци кои не се вистински лозари, туку работат во исполнување на нечија агенда. Како општествено одговорна компанија „Тиквеш“ гарантира дека од својата страна и понатаму ќе продолжи доследно да ги почитува сите преземени договорни обврски кон лозарите, но истовремено го очекува истото и од своите партнери.”

-напишаа на фејсбук од менаџментот на винаријата Тиквеш.

За авторот на овој текст


Сподели на социјални мрежи