Владата и Министерството почнувајки од 2025 г ќе инвестираат 20 милиони евра годишно во водоснабдителни системи во цела држава

Сподели на социјални мрежи

Во рамки на својата неодамнешна посета на Пијанечко-Малешевскиот регион Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трибуновски во одговор на новинарско прашање на Брегалнички Портал зборуваше за состојбите во сферата на водоснабдувањето за потребите на земјоделието во овој регион.

Тој ја истакна потребата за враќање во функција и модернизирање на системите за водоснабдување на територијата на цела држава како и на истокот од Македонија како предуслов за рентабилно земјоделско производство по квалитет и квантитет на земјоделските производи.

“Приоритет на владата, na министерството и na институциите кои што се задолжени за снабдување на земјоделските површини со вода, тоа е АД Водостопанство и Управата за водостопанство, свесни дека водата е важен елемент во земјоделското производство а досега не се инвестираше речиси ништо во овој дел, ние практично имаме во целата држава еден колабиран систем кој што значи ненавременa или недоволна количина на вода за земјоделските површини. Во 2025 година ќе започне спроведување на 10 годишната програма а тоа значи 20 милиони евра на годишно ниво за инвестиции и враќање на системите за наводнување во една функционална состојба свесни дека водата е еден важен сегмент во земјоделското производство. Ние не можеме да се надеваме на рентабилно производство ниту по квантитет ниту по квалитет ако немаме количина на вода. Не само во делот на истокот од Република Македонија туку речиси на цела територија ќе се работи засилено на враќање на системите во функционална состојба, свесни дека е клучен елемент во земјоделското производство.

-рече пред камерата на Брегалнички Портал Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

За авторот на овој текст


Сподели на социјални мрежи