Министерството најде решение за пласманот на овогодинешниот јаболков род

Сподели на социјални мрежи

Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на социјалните мрежи ја објави новата мерка на владата преку која ќе се обидат да обезбедат пласман на јаболкото произведено од овогодинешната реколта како ужинка за учлениците во училиштата од основното образование.

🍏Грижата за земјоделците ја продолжуваме со нови мерки. За прв пат ги воведуваме школските шеми преку нова програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје вредна 20 милиони денари.

🧒Го носиме убавото, домашно, македонско јаболко за нашите дечиња во 350 основни училишта за 186.000 ученици.

➡️Преку оваа мерка им помагаме на производителите на јаболка, но и обезбедуваме свежа и здрава ужинка за нашите деца во основите училишта.

➡️Станува збор за нова програма со која овозможуваме финансиска поддршка за откуп, дистрибуција и пакување на јаболко од реколта 2022 година, а целата откупена количина на јаболка ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државни основни училишта во Република Северна Македонија, најдоцна до 15 декември 2022 година.”

-информираше љупчо Николовски преку социјалните мрежи.

За авторот на овој текст


Сподели на социјални мрежи