Главен и Одговорен Уредник

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК НА БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ Над 15 години искуство со создавање на содржина на интернет платформи: -blogspot, -facebook, -twitter, -youtube, -instagram, Експерт за ПР активизам, фотограф, блогер, видео продуцент, CMS web дизајнер, WHM & CPanel хостинг, Систем администратор, оператор со MySQL дата бази. Градежен инжинер, Менаџмент на проекти, граѓански активист, фармер, планинар, љубител на природата.

Владата и Министерството почнувајки од 2025 г ќе инвестираат 20 милиони евра годишно во водоснабдителни системи во цела држава

Во рамки на својата неодамнешна посета на Пијанечко-Малешевскиот регион Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трибуновски во одговор на новинарско прашање на Брегалнички Портал зборуваше за состојбите во сферата на водоснабдувањето за потребите на земјоделието во овој регион.

Тој ја истакна потребата за враќање во функција и модернизирање на системите за водоснабдување на територијата на цела држава како и на истокот од Македонија како предуслов за рентабилно земјоделско производство по квалитет и квантитет на земјоделските производи.

“Приоритет на владата, na министерството и na институциите кои што се задолжени за снабдување на земјоделските површини со вода, тоа е АД Водостопанство и Управата за водостопанство, свесни дека водата е важен елемент во земјоделското производство а досега не се инвестираше речиси ништо во овој дел, ние практично имаме во целата држава еден колабиран систем кој што значи ненавременa или недоволна количина на вода за земјоделските површини. Во 2025 година ќе започне спроведување на 10 годишната програма а тоа значи 20 милиони евра на годишно ниво за инвестиции и враќање на системите за наводнување во една функционална состојба свесни дека водата е еден важен сегмент во земјоделското производство. Ние не можеме да се надеваме на рентабилно производство ниту по квантитет ниту по квалитет ако немаме количина на вода. Не само во делот на истокот од Република Македонија туку речиси на цела територија ќе се работи засилено на враќање на системите во функционална состојба, свесни дека е клучен елемент во земјоделското производство.

-рече пред камерата на Брегалнички Портал Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Во 2025 година ќе започне процес на зголемена проддршка за сточарството за враќање на сточниот фонд во државата

Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство на новинарско прашање на Брегалнички Портал во врска со состојбите во сточарството, најави силна поддршка за наредната буџетска 2025 година за одгледувачите на добиток преку специјално дизајнирани програми и мерки на министерството и владата за подобрување на крајно влошената состојба со добиточниот фонд.

Според официјалните статистички податоци на Државниот завод за статистика трендот на намалување на добиточниот фонд во изминатите години е повеќе од алармантен.

Така во 2018 година бројот на говеда бил 256 181 а тој број во 2021 година драстично е намален на 177 622 грла говеда. Слични поразителни бројки е и со бројот на овци кои од 726 990 грла во 2018 година спаднале на 633 281 грло овци. Малку помал пад има на бројот на свињи во овој период, но сепак забележлив е нагативниот тренд.

Во однос на производството на месо бројките се исто така поразителни со забележливиот негативен тренд на производство на храна.

Ефектот на лошите политики на земјоделските власти во претходниот состав на владата на СДСМ и ДУИ е видлив преку намалувањето на количините на месо од 2018 до 2023 година и тоа во огромни количини намалување за што е даден приказ на сл. графика според официјалните податоци на Државниот завод за статистика:

За ваквата поразителна состојба во однос на добиточниот фонд од нашиот новинар кој го следеше денешниот настан на министерот Цветан Трипуновски со призводителите на слива од Делчево, Берово и Пехчево доби прашање за намерите и планираниот развој на министерството и владата во оваа гранка од земјоделието:

Министерот Трипуновски во својот одговор за јавноста ја констатираше лошата состојба за сточарството но најави силна поддршка почнувајки од 2025 година за одгледувачите на говеда, овци, кози и живина се со цел државата да обезбеди квалитетна и евтина храна за своите граѓани а притоа трудот на сточарите да биде ценет и вистински вреднуван.

-“Бројките се лоши, навистина е катастрофална ситуацијата. Тоа е резултат на оние погрешни и задоцнети мерки кои што ги правеше изминатата власт. За жал нашите полици се со увозно млеко, нашето производство на месо, со живина, свинско, итн. е веќе преполовено. Ние ќе дадеме веќе од идната програма од 2025 година зголемена поддршка се со цел да го враќаме сточниот фонд, бидејки мораме да обезбедиме домашна храна за нашите сограѓани и нормално како извоз на земјоделски производи. Ќе биде редефинирана програмата за субвенции се со цел да стимулираме зголемено производство и нормално оние субвенции кои што ќе ги даваме ќе ги исплаќаме на време се со цел да бидат дополнителна додадена вредност во сточарското производство.

-Со доаѓањето на власт ние веќе исплаќаме субвенции кои што се од претходни години, дали е тоа за предадено јагне во кланичен капацитет, дали е за литар предадено млеко кое што досега требаше да го имаат земено сточарите. Ние како влада веќе на самиот почеток даваме сериозен приоритет во делот на исплата и на субвенции и ќе градиме мерки кои што ќе бидат долгорочни,”

-рече во одговор на новинарско прашање на нашиот портал Министерот за земјоделеи, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во рамки на неговата изјава за медиумите од денешниот собир со производителите на слива од Пијанец-Малеш.

Решени проблемите со годинешната реколта и најава за трајно решавање на проблемот со откупот на сина слива во Пијанец- Малеш

Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска беше на средба со производителите на сина слива од општините Делчево, Пехчево и Берово.

Пред почетокот на бербата земјоделците во оваа гранка се соочија со акутниот проблем при пласманот на пијанечко-малешевското модро злато. Впрочем тој и воопшто и не постоеше како најава за оваа година така што се закануваше целосен финансиски дебакл на производителите. Голем број од сопствениците на овоштарници со сина слива гиимаа напуштено своите насади во изминатите години а исто така поголема бројка на сливари беа со најава дека оваа година ќе биде последна како произведуваат слива.

Но после денешниот состанок во Делчево и најавените политики на ресорниот министер Трипуновски, видно се врати ентузијазмот и надежта кај сливарите.

Пред земјоделците од крајниот исток на државата Министерот Трипуновски соопшти дека веќе преговараат како министерство со повеќе откупувачи и имаат обезбедено странски партнер од соседна Србија кој што ќе откупи поголема количина од годинешната реколта која се проценува на околу 2500 тони. Така што родот за првпат организирано и со директна помош од страна на Министерството ќе се пласира во странство а сливарите ќе имаат цена што ќе ја наплатат за својот производ.

Министерот Трипуновски дополнително најави 5 денари по килограм продадена сина слива на откупувачки капацитет од интервентниот фонд на државата., што како предлог ќе биде усвоено на некоја од наредните седници на Владата на Република Македонија, за покривање на трошоците за производството на самата слива.

Оваа мерка беше силно поздравена од страна на присутните голем број на производители на слива, која што заедно со останатите субвенции кои ги добиваат сливарите за своите насади ќе значат солидна цена на нивниот труд.

Министерот Цветан Трипуновски најави дека со завршување на бербата на сливата и откупот од месец окттомври во министерството сериозно ќе се зафата кон креирање на нови и унапредување на постојните мерки за поддршка за развој на мали и семејни преработувачки капацитети и дестилерии за преработка на сината слива со што овој основен производ ќе допбие додадена вредност преку нови брендирани конечни производи за зголемен стандард на сливарите.

-“Во името на владата како министерство им ветив на земјоделците дека нема да ги оставиме сами, нема да бидат препуштени сами на себе, туку напротив, како влада ќе интервенираме со дополнителна мерка за да ја компензираме загубата која што би ја претрпеле. Ако откупната цена за оваа година на сливата се движи за 9 до 10 денари ние како министерстов, како влада сме подготвени да ја доплатиме разликата до 14 односно 15 денари се со цел земјоделците да бидат задоволни. И оваа мерка која што веќе на некоја од наредните седници на влада ќе ја поминеме како официјална мерка ќе биде исплатена од интервентниот фонд веднаш по завршувањето на бербата. Тоа значи дека земјоделците ќе ги добијат парите во рок од околу 30 тина денови по завршување на бербата, се со цел да го компензираат трошокот и да биде стимул веќе за наредната година.

Она што веќе го дефиниравме како заклучок од состанокот е дека како министерство сериозно ќе работиме веќе за наредната година за да овој дел од Република Македонија биде сериозно поддржан во делот на одгледување на оваа култура, затоа што овде најмногу успева. Тоа значи дека министерството ќе носи конкретни програми и мерки кои што значат долгорочно решавање на проблемот со пласманот на сливата, а од друга страна ќе значи и зголемен извоз в делот на преработки а не само примарен земјоделски производ кој што нормално ќе има ефект и врз нашата економија. Ќе се динанира изградба на дестилерии, преработувачки капацитети, се со цел долгорочно да се реши овој проблем а не да биде вака стихијно од година во година за да се преброди годината. “

-рече меѓу другото Министерот Цветан Трипуновски во изјава за Брегалнички Портал.

Целата изјава по денешниот настан во Делчево на Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски може да ја погледнете во продолжение:

Доделени договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Денес Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски заедно со Директорот на АФПЗРР г-дин Илија Стоилев заедно со градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев присуствуваа  на настан кој се одржа во Општина Свети Николе за доделување на договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

“Склучени се 967 договори со површина од 2700 ха

Со овој настан се означија успешно завршени 4 (четири) Јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo 3 хектари.

Со овој процес кој што го заокружуваме сега, даваме силен фокус и силен приоритет да земјоделското земјиште биде ставено во функција на земјоделците. Знаеме дека во минатото имаше селективност во распределбата, но тоа ќе биде веќе минато. Ние како одговорно министерство, како влада ќе работиме затоа што земјоделците се наш приоритет.

Жалам што во минатото имало одредени злоупотреби кои што ние како Министерство ги констатиравме во изминатиот период. Меѓутоа нашата интенција е да сето земјоделско земјиште кај вистинските земјоделци заврши и да истото се стави во функција, да биде во процес на обработка односно на производство.”

-напиша во врска со денешниот настан Министерот Трипуновски на социјалните мрежи.

Лозарите во тиквешијата трпат огромни штети од нефинкционалноста на системот за водоснабдување

Македонија е под опасност на жолта фаза од енормно високите температури. По пролетните континуирани дождови и реалтивно ниски температури, сега земјата е изложена на драстично моментално зголемување на дневните температури што претставува сериозен удар на овоштарстово и полјоделството.

И во такви неповолни услови се чини проблемите на земјоделците дополнително се продлабочуваат.

Од ваквиот негативен тренд не се изземени ниту лозарите во тиквешијата каде се уште и покрај лошите економски и микроклиматски услови поголем број на сопственици на лозја се обидуваат да преживеат со својот труд и макотрпна работа.

До редакцијата на нашиот портал пристигнаа алармантни информации за игнорантскиот однос на надлежните државни субјекти кои што во рамки на својата работа за која земаат плата од Буџетот на државата и јавните претпријатија не обезбедуваат вода за наводнување на земјоделсите поседи вклучително и на лозјата.

Според информациите кои до АГРАР.МК ги достави Х.Т. водоснабдителниот систем на ВОДОСТОПАНСТВО ТИКВЕШ- ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА КАВАДАРЦИ е нефункционален и целосно запуштен а нема сериозни најави кога корисниците ќе добијат вода за своите лозја.

И покрај обидите да се воспостави некаква комуникација и да се обезбеди вода за поседите со раководителот на оваа државна институција Влатко Нацев, сепак хидрантите и цевководите за земјоделците остануваат суви а лозјето е препуштено на горештините под зголемените дневни температури.

Ваквиот игнорантски однос е причинител на огромни штети за самите лозари, кои што под налет на загубите ќе бидат приморани по правосуден пат да бараат оштета од државата поради нефункционирањето на водоснабдителниот систем.

Проблемот е далеку покомплексен поради несоодветната организираност на самите земјоделци, подолбите и превртливоста на здруженијата на земјоделци кои што превземале улога за заштита на интересите на самите нивни членови. Дополнително на ваквата состојба земјоделците се жалат за неможност за регулација на нивните права за обезбедување вода по пат на легални договори, со исклучок на неколку поединци кои поради разни потреби успеале да си обезбедат некакви договори за користење на вода од водоснабдителниот систем, но и покрај тоа немаат вода за своите лозја.

Во рамки на споменатиот водоснабдителен систем според нашите информации штети трпат над 500 земјоделски стопанства кои се занимаваат со лозарство а само на ЛИНИЈА 54 која е една од помалите секундарни гранки за водоснабдување штета трпат околу 12 земјоделски стопанства.

Ваквата состојба се пролонгира повеќе години наназад, за што сведочат и запуштените канали и нереконструирани доводни цевководи, а поради кои овој некогашен лозарски регион кој што во огромна мера егзистираше од лозарството сега е со напуштени лозја кои пропаѓаат заедно со маката на нивните сопственици кои инвестирале огромен труд и финансии за нивно подигање.

Ваквиот досегашен однос на надлежните органи во рамки на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство мора под итно да се промени во најкус можен рок со цел да се спаси годинешнава реколта на грозје, а во интерес на самите земјоделци и држава.

Според периодот на вегетација и развој на грозјето во вакви микроклиматски услови на зголемени температури потребно е наводнување на овоштарниците под лозје за да соодветно се развие плодот кој што треба да обезбеди девизен прилив и одржување на економијата во овој дел од државата. Доколку во наредните денови не се обезбеди итна достава на вода во рамки на споменатиот водоснабдителен систем штетите ке бидат огромни а пропаста на оваа дејност незапирлива.

Фотографиите во продолжение сведочат за состојбата на водоснабдителните канали и цевководи снимени во текот на денешниот ден на лице место:

Николовски наместо корисни политики за земјоделците предизборно сее насмевки и гола демагогија додека земјоделието тоне

На социјалните мрежи јавноста може да го забележи насмеаното лице на Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски како се фотографира со луѓе кои што имаат добиено некаква помош од државата.

Но состојбата со Македонскиот аграр е далеку од смешна, баш напротив таа е трагична…

Дополнително кон револтот на “отепаните” земјоделци придонесуваат вештачките насмевки на селфи фотографиите кои ги споделува министерот Љупче, кој предизборно му текна да влегува по штали, да се пика во селски дворови со цел да прибере некој политички поен.

За ваквата состојба реагираат и голем број граѓани на социјалните мрежи:

“Со сила се смее човеков на цел народ во очи, продавајки некаква успешна приказна додека цел исток од државата се иссели поради неговите катастрофални политики….”

-стои во објава на социјалната мрежа X со приказ на објави од социјалните мрежи на Министерот Николовски како се обидува да ги излаже граѓаните за неговите теренски посети на Виница и Берово со едни исти фотографии.

Министерството најде решение за пласманот на овогодинешниот јаболков род

Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на социјалните мрежи ја објави новата мерка на владата преку која ќе се обидат да обезбедат пласман на јаболкото произведено од овогодинешната реколта како ужинка за учлениците во училиштата од основното образование.

🍏Грижата за земјоделците ја продолжуваме со нови мерки. За прв пат ги воведуваме школските шеми преку нова програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје вредна 20 милиони денари.

🧒Го носиме убавото, домашно, македонско јаболко за нашите дечиња во 350 основни училишта за 186.000 ученици.

➡️Преку оваа мерка им помагаме на производителите на јаболка, но и обезбедуваме свежа и здрава ужинка за нашите деца во основите училишта.

➡️Станува збор за нова програма со која овозможуваме финансиска поддршка за откуп, дистрибуција и пакување на јаболко од реколта 2022 година, а целата откупена количина на јаболка ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државни основни училишта во Република Северна Македонија, најдоцна до 15 декември 2022 година.”

-информираше љупчо Николовски преку социјалните мрежи.

Ситуацијата на кванташкиот пазар во Струмица е лоша во секој поглед

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ утрово го помина помеѓу земјоделските производители н кванташкиот пазар во Струмица.

Овде поранешниот министер за земјоделие можеше да се увери во лошата состојба со откупот на земјоделските производи како и со ниските откупни цени на истите.

“Утрово го посетив кванташкиот пазар во Струмица каде што се сретнав со земјоделците кои произведуваат раноградинарски производи.

Ситуацијата на терен е лоша во секој поглед, слаб пласман, ниски откупни цени, Владата и МЗШВ никаде ги нема, едноставно земјоделците се оставени сами на себе во овие моменти.

Затоа ве повикувам на 18 јуни во 20 часот на протест пред Влада на Република Македонија да и ставиме крај на оваа ненародна власт на СДСМ и ДУИ, време е!

#ПремногуЕ!”

-соопшти за јавноста Цветан Трипуновски во прилог на неговата изјава за медиумите.

Преку грант од АФПЗРР до модернизација на производниот процес во земјоделието во Валандово

Првиот човек на Платежната Агенција Никица Бачовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја посетија компанијата “ДПТУ АБГ Инвестмент Доо Валандово”. Управителот на компанијата Ристе Гошевски како млад земјоделец беше избран како соодветен апликант за грант од мерката за поддршка за поттикнување на земјоделското производство. На денешниот настан, директорот Никица Бачовски го врачи решението за исплата со кое се рефундираат трошоците направени за набавка на Мелачка за калинка Делта1 , Мелачка за калинка Ено 15 , Моторизирам резервоар за складирање со пумпа и инокс, наставка за дробилка со бункер за складирање , пумпа за преточување Л+ Д Енос 20 , центрифугален филтер со атом.пумпа , компресор , бочва Инокс 1000 л конус и 500 л конус и иноксен сад за ладење 1000 л .

Директорот Никица Бачовски изрази задоволство што мерките кои се имплементираат преку Агенцијата ги даваат посакуваните резултати. Преку ваквите инвестиции добиваме нови македонски брендови на преработки од овошје кои ќе се пласираат на домашните и странските пазари.
“Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во 2021 година склучи договори за финансиска поддршка со 265 млади земјоделци како поддршка за поттикнување на земјоделското производство. ДПТУ АБГ Инвестмент како компанија управувана од млад земјоделец е еден од добитниците кој успешно ја реализираше својата инвестиција која предвидува опрема за преработка на калинка. Поддршката е по принцип на грантирање од 100% на направените прифатливи трошоци, односно АФПЗРР ја финансира целата инвестиција која изнесува близу 630 илјади денари” – појаснува директорот Бачовски.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со поддршка на земјоделското производство и производството на храна со отворање на можности за финансиска поддршка преку националните програми и ИПАРД програма.

Извор: АФПЗРР