Главен и Одговорен Уредник

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК НА БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ Над 15 години искуство со создавање на содржина на интернет платформи: -blogspot, -facebook, -twitter, -youtube, -instagram, Експерт за ПР активизам, фотограф, блогер, видео продуцент, CMS web дизајнер, WHM & CPanel хостинг, Систем администратор, оператор со MySQL дата бази. Градежен инжинер, Менаџмент на проекти, граѓански активист, фармер, планинар, љубител на природата.

До 10 илјади евра грант за модернизација на постојни земјоделски стопанства

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09,
43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и
руралниот развој го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК бр. 05/2022
за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година

І. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

Мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства и Мерка 121.8 Инвестиции во мандри. Максимална кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 600.000 денари прифатливи трошоци по поединечен корисник

ІІ. КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој

ІІI. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Средствата се наменети за инвестиции во мандри за градба, реконструкција и адаптација на
објекти за преработка во сточарството и набавка на опрема во објекти за преработка во
сточарството со капацитет од минимум 150 грла овци и 50 грла кози, предвидени со Програмата
за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Максималната кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.8 изнесува 600.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

IV УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на е-baranje.ipardpa.gov.mk.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по
различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка
на руралниот развој за 2022 година.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:
Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година („Службен
весник на Р.Македонија“ бр. 64/22, 81/22 и 88/22)
Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10,
53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16,
163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 152/19, 244/19, 275/19 x 110/21).
Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален
развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/3, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19,
215/19, 24/20,96/21. 276/21 91/22)
Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија“ бр.124/11, 80/13,72/14.35/16, 59/16, 178/18, 77/19,214/19, 276/2191/22)

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска
поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 121, подмерка 121,8.

Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:

-Минимум 150 грла овци
-Минимум 50 грла кози

Големината на производните капацитети се утврдува согласно запишаните производни
капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 121 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките
за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19, 215/19, 24/20,96/21, 276/21 91/22).

-Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање на e-baгanje.ipardpa.gov.mk
-Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување
на Договор за кофинансирање со Агенцијата

-Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipard.gov.mk нема да се
разгледуваат.

V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на баранье
може да се преземе на почетната страна е-baranje.ipardpa.gov.mk Упатството за корисници за
поединечна мерка може да се преземе по започнување на креирање на барање за мерката.
Упатството за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa gov.mk или може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

VІ. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се преземе, испринта
и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за
финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на
предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на
Барањето (0522-12116-xxxx/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во
писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не презема одговорност за ненавремено и
некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.
Крајниот рок за доставување на барањата е 20.05. 2022 година.

АФПЗРР го објави повикот за поддршка на земјоделски стопанства чиј носител е жена во износ до 360 000 денари

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2022 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за мерка 115 Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство.

Максимална кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник е до 360.000,00 денари по поединечен корисник.

КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

  • Субјекти Земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Средствата се наменети за инвестиции во набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и инвестиции во набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje ipardpa.gov.mk

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за истиот тип на инвестиција (градба, опрема и услуги) не можат да бидат корисници на финансиска поддршка на истата мерката.

Земјоделските стопанства кои биле корисници на мерка 115 од Програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години, не можат да бидат корисници на оваа мерка.

Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата.

НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се преземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството е руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0222-1151-XXXX/1).

Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не презема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е 20.05.2022 година.

Извор: АФПЗРР

Објавен повикот за финансиска поддршка од интервентниот фонд за земјоделството тежок 400 мил. денари

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека од денес ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка од Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството. Со програмата е предвидена финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња, за предадено јагне и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет како и финансиска поддршка за одгледување на кокошки несилки. За овие намени се обезбедија 400 милиони денари.

1. Барањата за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед ќе се поднесуваат најдоцна до 31 мај 2022 година во електронскиот систем на Агенцијата. Барателите на кои им е потребна помош при пополнување на електронското барање за помош можат да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во прилог на барањето како доказ се доставуваат финансиски документи за набавеното ѓубре во период од 1 декември 2021 година но 31 мај 2022 година.
Висината на финансиската поддршка изнесува 2.500 денари по хектар за јачмен и сончоглед, односно 4.000 денари по хектар за за пченица и пченка за користено гранулирано ѓубре.
Висината на финансиската поддршка изнесува 400 денари по хектар за користено течно ѓубре.
Исплатата ќе се извршува континуирано еднаш неделно по обработка на примените барања.

2. Барањата за финансиска поддршка за одгледување на кокошки несилки се поднесуваат најдоцна до 30 април 2022 година на рачно пополнето барање.
Во прилог нан барањето се доставува потврда за бројна состојба на кокошки несилки издадена од официјален ветеринар.
Висината на финансиската поддршка изнесува 60 денари по несилка.

3. Финансиската поддршка за предадено јагне и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет ќе се извршува врз основа на податоци кои до Агенцијата ќе ги доставуваат регистрираните кланични капацитети, без претходно поднесено барање.
Висината на финансиската поддршка изнесува 400 денари по грло предадено јагне во период од 1 јануари до 31 мај 2022 година.

Висината на финансиската поддршка изнесува 1500 денари по гоеница со тежина над 90 килограми заклана во период од 1 февруари до 30 април 2022 година.

За дополнителни информации барателите може да се обратат во Агенцијата на телефонскиот број 070 229 452 , а сите потребни документи може да ги најдат на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk во делот: Директни плаќања 2022.

Извор: АФПЗРР

Гранд од 10 000 евра ќе доделува владата за малите винарии

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски по вчерашната седница на Владата, во јавноста се обрати со свое кратко соопштение.

Станува збор за донесена одлука од страна на владта за доделување на грантови од 10000 евра за 50 мали семејни винарии кои по пат на апликации на повик од надлежните институции ќе може да аплицираат и да добијат финансиска помош за развој на нивните бизниси.

🍇✅Обезбедивме 500.000 евра грантови за малите винарии, со денешната одлука на Владата ќе има средства за повеќе од 50 мали винарии. До крајот на овој месец е отворен јавниот повик на којшто сите заинтересирани ќе имаат можност да аплицираат за грант од 10.000 евра.

🤝Нашата максимална поддршка ја насочуваме кон стимулирање на развојот на малите семејни винарии, ги поддржуваме да го извадат својот квалитет на пазарот, што крајно ќе влијае врз зголемување на промоцијата на македонското вино.”

-соопшти Љупчо Николовски- Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Земјоделците од денеска може да поднесуваат барања за поддршка за набавка на ѓубрива

АФПЗРР ги известува земјоделските стопанства дека од денес ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива.✅

🟢 Барањата за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед ќе се поднесуваат најдоцна до 31.05 2022 година во електронскиот систем на Агенцијата. 🌾

🟢 Барателите на кои им е потребна помош при пополнување на електронското барање за помош можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

🟢 Во прилог на барањето како доказ се доставуваат финансиски документи за набавеното ѓубре во период од 01.12.2021 година до 31.05.2022 година.

🟢 Висината на финансиската поддршка изнесува 2.500 денари / хектар за јачмен и сончоглед, односно 4.000 денари / хектар за пченица и пченка за користено гранулирано ѓубре.

🟢 Висината на финансиската поддршка за течни ѓубрива изнесува 400 денари / хектар.#интервентенфонд

Извор: Љупчо Николовски- Министер за земјоделство шумарство и водостопанство

Исплатени над 110 мил. денари субвенции на млекопроизводителите

Денеска од страна на Министерството за финансии по налог на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство беа исплатени над 110 милиони денари субвенции за предадено млеко на од страна на земјоделците на млекопреработувачките капацитети во државата.

Над 5600 земјоделци кои произведуваат и продаваат млеко на домашните млекари во услови на криза ќе можат барем делумно да ги подмират своите долгови и ако остане нешто пари да инвестираат во своето производство за да опстојат и понатаму, наспроти негативните ефекти на актуелната криза во државата.

“Близу 1️⃣1️⃣2️⃣милиони денари субвенции денеска се исплатени на 5.664 млекопроизводители,за произведено и предадено млеко. 🤝

Продолжуваме и во време на глобална криза да даваме финансиска поддршка, како стимул за одржување на благосостојбата во сточарството, еден од најважните сектори во македонското земјоделство и економија.

#работа

#ефикасност

#резултати

#МЗШВ

-соопшти за јавноста Министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

Вака во соседна Србија овоштарите се борат со пролетните мразови

Изминатите неколку денови Балканот беше зафатен со топол дневен бран каде што температурите се искачуваа над 10 степени Целзиусови во текот на денот, повеќе денови по ред. Изминатите пак 2-3 денови беа очигледнио најавите од метеоролозите за паѓање на ноќните температури под нулата.

Во соседна Србија дел од одгледувачите на различни видови на овошје подготвени ги дочекаа мразовите.

Со т.н. вечерна стража самите земјоделци дежураа кај своите овоштарници и кога беше очигледно дека температурата паѓа под нулата во раните мугри кога е најстудено тие палеа подотвени огништа во самите овоштарници за да не дозволат овишките да измрзнат.

Ваквата пракса треба сериозно да биде земена во предвид и дополнително усовршена од страна на земјоделците во Македонија чија што егзистенција секоја година е загрозена од пролетните мразови.

Дури сметаме дека и државата треба да воведе соодветни субвенции за инсталирање на вакви современи механизми за заштита од мразови.

Николовски: Ја следиме состојбата со производството на пченица

Министрот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска на прес конференција од пред зградата на Владата соопшти нови детали околу доделувањето на поддршка за земјоделците :

ℹВрз основа на бројни анализи, и средби со земјоделците изготвивме „Национален план за производство на храна“ преку кој обезбедуваме дополнителни мерки за имаме одржливо и зголемено производство.

➡️ Се зголемува поддршката за набавка на вештачки ѓубрива за пченица на 4.000 денари по хектар.
➡️Сите земјоделци коишто ќе остварат минимум 4.000 килограми приноси по хектар пченица, ќе добијат дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар.

Ја следиме состојбата со производството на пченица, и преку зголемена финансиска поддршка ги мотивираме земјоделците,со што придонесуваме кон зголемување на домашното производство.

#МЗШВ #работа #ефикасност #резултати

-соопшти Министерот Николовски преку социјалните мрежи.

Повик за апликанти за организирање на локални манифестации и саеми за промоција на земјоделски производи

Ј А В Е Н   П О В И К

ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА  ЛОКАЛНИ МАНИФЕСТАЦИИ/САЕМИ  ЗА ПРОМОЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ВО РС МАКЕДОНИЈА

I. Предмет на јавниот повик             

Доставување на предлог за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации/саеми за промоција на земјоделски производи во РС Македонија (во понатамошниот текст: предлог за користење).

II.Право на учество во постапката          

Субјекти кои може да учествуваат во постапката за доделување на средства од техничката поддршка по јавниот повик се: единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, стопанските комори основани согласно закон, задруги регистрирани согласно Закон за задруги или земјоделски задруги регистрирани согласно Законот за земјоделски задруги и/или за трговија со земјоделски производи, кои доставуваат предлог за користење на техничката поддршка до Министерството.

III. Содржина на предлогот и потребна документација  

Предлогот за користење на техничка поддршка особено содржи:

  1. Податоци за предлагачот;
  2. Назив и резиме на предлогот;
  3. Опис на предлогот (опис на постоечки состојби,  поставени цели, целни групи, активности кои ги опфаќа предлогот и очекувани резултати);
  4. План на активности со временска рамка за реализација на предлогот по активности и методологија за нивна реализација;
  5. Финансиски план на трошоците со детална спецификација на трошоци, временска рамка за нивно настанување и извори на финансирање, како и банкарска сметка на која треба да се исплати поддршката и одговорно лице за настанот;
  6. Изјава дека прифатливите трошоци за реализација на активноста не се финансирани од друга институција;
  7. Доказ за пријавени најмалку 20 учесници/изложувачи на локалната манифестација/саемот.

Кон предлогот за користење на техничка поддршка се приложуваат и следните документи:

  1. Тековна состојба од Централен регистар на РС Македонија;
  2. Препораки или други докази за претходна имплементација на други сродни предлози;
  3. Доказ од Централен регистар на РС Македонија дека не е поведена стечајна и ликвидациона постапка;
  4. Доказ од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки и
  5. За здруженија и стопански комори: годишна програма за работа со вклучени активности од предлогот за користење, усвоена согласно Статутот.

IVДоставување на предлогот за користење на техничка поддршка

Предлогот се доставува во еден оригинален примерок потпишан од овластено лице на предложувачот. Еден предложувач може да учествува во постапката за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на  локални манифестации/саеми за промоција на земјоделски производи во РС Македонија  само со еден предлог за користење.

Предлозите може да се поднесуваат од денот на објавувањето на јавниот повик на веб страната на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со краен рок за поднесување до ( 22.04.2022 година).

Предлозите се доставуваат до архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. „Аминта III“ број 2, 1000 Скопје, со назнака  Сектор за рурален развој.

VПрифатливи трошоци

Техничка поддршка за организирање и спроведување на манифестации и саеми се доделува за :

–       Трошоци за закуп на простор (физички или виртуелен) за изложување на земјоделски производи (примарни и преработени );

–       Трошоци за изнајмување на штандови и/или бина, уредување и опремување на изложбениот дел (аудио и видео опрема ) и/или

–       Трошоци за промотивен материјал (покани, постери, летоци, банери, брошури, публикации, каталог, зборник, видео или аудио реклама, како и закуп на медиумски простор за промоција) за манифестацијата/саемот и

–       Трошоци за изложбен производ – примарни и преработени наменети за манифестации и саеми за промоција на земјоделски производи во РС Македонија.

VIПостапка за избор на корисници и прифатливи предлози

Постапката за избор на корисници по јавниот повик ја спроведува комисија формирана од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Изборот на предлозите ќе се изврши врз основа на евалуација на исполнување на следните критериуми со бодови:

 КритериумБод
1Реални и применливи резултати со брзи ефекти насочени кон остварување на дефинираните стратешки цели за развој на земјоделството30
2Одржливост по реализација на поддршката25
3Директно и индиректно влијание на поголем број субјекти во областа на земјоделството15
4Сопствено или учество од други извори на финансирање15
5Здружување на корисниците на поддршка, јавно-приватно партнерство или други форми на  партнерство со поголем број на корисници10
6Претходно искуство во реализација на активностите од значење за целната група на крајни корисници на поддршка5

Прифатливи предлози се предлозите кои по изборот од страна на комисијата ќе освојат повеќе од 50 бода.

VIIНачин на доделување  и висина на исплата на техничка поддршка

Максималниот износ на техничката поддршка не може да надмине 120.000 денари по манифестација/саем  по корисник.

Техничката поддршка и висината на одобрената сума ќе биде утврдена врз основа на  склучен договор од страна на министерот и избраниот корисник.

Активноста се реализира по склучен договор од страна на министерот и избраниот корисник.

Исплатата на техничката поддршка се врши по потпишување на договорот во износ од 100% од одобрената сума,  но не повеќе од максималниот износ и во согласност со одобрените средства во програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а се до исцрпување на средства предвидени во дел II став (2)  точка 1 потточка 1.1 од Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 („Службен весник на РС Македонија“ 64/22 ).

Корисникот на средствата се обврзува за искористените средства да достави извештај за реализираната активност пропратен со финансиска документација до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во понатамошниот текст: Министерството) во рок од 10 дена по завршување на активноста.

VIIIПрилози на јавниот повик

За подготовка на предлогот за користење, Министерството на веб страната info@mzsv.gov.mk објавува детално Упатство за изработка на предлогот за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на  локални манифестации/саеми за промоција на земјоделски производи во РС Македонија.

Организаторот на  манифестацијата/саемот е должен покрај логото на нивната институција да биде истакнато и логото на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Дополнителни информации може да се добијат во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на телефон 02/ 3134477 локал 204 или на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  www.mzsv.gov.mk

Документи за превземање

Упатство за изработка на предлогот за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации/саеми за промоција на земјоделски производи во РС Македонија

Извор: МЗШВ

Јавен повик за аплицирање за закуп на земјоделско земјиште до 3 ха

ЈАВЕН ПОВИК бр.03/22

за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари

I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионите Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга, Струмица, Тетово, Валандово и Гевгелија.

Предмет на постапката на овој повик може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое има насад кој не е подигнат од страна на поранешен корисник на земјоделско земјиште во државна сопственост кој користењето го имал врз основа на склучен договор, акт на орган на државната управа или единица на локалната самоуправа или судска одлука врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

II.МАКСИМАЛНА ПОВРШИНА И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКАТА

Површината за која што може еден понудувач самостојно со геодетски елаборат да достави понуда и да ја добие по јавниот повик (за една, повеќе парцели или дел од катастарска парцела) изнесува најмногу до 3 хектари.

III.НАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЗАКУПОТ

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за:

  • одгледување на надолгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години,
  • одгледување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
  • одгледување на маслинарници за период до 50 години,

IV.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Право на учество на јавниот повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица, поврзано физичко лице со правно лице и индиректно поврзани лица во правно лице имаат право на учество на јавниот повик и можат да достават само една понуда за учество.

Физичките лица треба да се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавен повик доколку имаат регистрирано подружници во Република Северна Македонија.

На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно – истражувачки дејности.

Право на учество на јавниот повик немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост и даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување.

Право на учество на јавниот повик немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.

V.ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА ПОНУДУВАЧОТ ТРЕБА ДА ЈА ДОСТАВИ СО ПОНУДАТА

Учесниците на јавниот повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп треба да достават:

а) за правни лица:

  • пoнуда (образец од подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или од веб страната на Министерството www.mzsv.gov.mk);
  • доказ (акт) издаден од Централниот регистар на Република Северна Македонија за извршениот упис во трговскиот регистар или од друг надлежен орган за упис на правните лица,
  • доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување,
  • бизнис план кој содржи основни податоци за учесникот, целта за која ќе го користи земјиштето, применета технологија, број на вработени, пазарни аспекти и очекувани производно-економски резултати и износ на планирана инвестиција (бизнис планот треба да биде потпишан на секоја страна од страна на управителот на правното лице или од овластено лице за потпис со прилог овластвање заверено на нотар),
  • изјава дадена под целосна материјална и кривична одговорност дека понудата се поднесува независно без договор со другите учесници на јавниот повик, а која е во спротивност на членот 24 од овој закон,
  • изјава заверена на нотар за веродостојноста на податоците дадени со пријавата за учество,
  • доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послуга заверени на нотар),
  • понуда за износот на годишната закупнина,
  • изјава (заверена на нотар) од основачите и одговорното лице во правното лице дека не биле основачи или управители на правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и
  • геодетски елаборат за кое земјоделско земјиште во државна сопственост се однесува понудата за добивање во закуп (изработен од страна на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи со кој ги определуваат катастарските податоци со точни мери и граници на земјоделското земјиште во државна сопственост над кое постои долгогодишен насад).

б) за физички лица:

  • понуда (образец од подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или од веб страната на Министертвото www.mzsv.gov.mk);
  • доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување,
  • фотокопија од лична карта,
  • потврда за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства, решение за регистриран вршител на земјоделска дејност или доказ од централен регистар за регистриран трговец поединец,
  • програма за користење на земјиштето која содржи основни податоци за семејството, техничко – технолошката опременост, целта за која ќе го користи земјиштето и пазарните аспекти и износ на планирана инвестиција (програмата треба да биде потпишна на секоја страна од подносителот на понудата),
  • изјава за веродостојноста на податоците дадени со пријавата заверена на нотар,
  • изјава дадена под целосна материјална и кривична одговорност дека понудата се поднесува независно без договор со другите учесници на јавниот повик, а која е во спротивност на членот 24 од овој закон,
  • доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послуга заверени на нотар;
  • понуда за износот на годишната закупнина,
  • изјава заверена на нотар дека не бил основач или одговорно лице во правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и
  • геодетски елаборат за кое земјоделско земјиште во државна сопственост се однесува понудата за добивање во закуп (изработен од страна на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи со кој ги определуваат катастарските податоци со точни мери и граници на земјоделското земјиште во државна сопственост над кое постои долгогодишен насад).

На овој јавен повик може да се достави Геодетски елаборат изготвен и пред објавата на повикот, доколку податоците соодветствуваат со катастарските индикации во Агенцијата за катастар на недвижности во моментот на доставување на понудата, со прилог на нов имотен лист (не постар од денот на објавата на јавниот повик) за земјоделското земјиште предмет на понудата.

Потребната документација се доставува во оригинал или во фоткопија заверена на нотар (освен личната карта за физичките лица).

Образецот за учество на јавниот повик треба да биде пополнет целосно со сите потребни податоци, во спротивно понудата нема да биде разгледувана.

Условите предвидени во бизнис планот (за правни лица), односно пазарните аспекти (кај физички лица) ќе бидат составен дел на договорот со избраниот понудувач како договорни обврски кои ќе биде должен да ги исполни во обемот, роковите и на начинот како што ќе бидат опишани во договорот.

Некомплетни и ненавремено доставени понуди по јавниот повик нема да се разгледуваат.

VI.КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ И СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЗАКУП

Изборот на најповолен понудувач во постапка по јавен повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, се врши согласно Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде во закуп („Службен весник на Република Македонија“ бр.12/08, 26/12, 2/13, 158/13, 110/15, 120/15, 129/15, 27/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.16/20), и тоа врз основа на следните критериуми:

-оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот повик – 65 бодови.

-понудена годишна закупнина по хектар – 25 бодови.

-правниот статус на понудувачот – 10 бодови.

Критериумот оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот повик значи дека одалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на катастарската парцела што се објавува се наоѓаат во иста катастарска општина и се бодира со максимален број на бодови. Доколку понудувач е подружница на домашно правно лице се зема во предвид седиштето на правното лице кое ја основало подружницата.

Критериумот од понудена годишна закупнина по ха се бодира согласно формулата понудената годишна закупнина по хектар поделена со највисоката годишна закупнина по хектар, помножена со максималниот број на бодови кои можат да се добијат согласно овој критериум при што:

С= (П/Пмах) х 25

С –број на бодови

П – понудената закупнина

Пмах- највисока понудена закупнина

Критериумот правниот статус на понудувачот се бодира со максимален број на бодови за понудувач кој е регистриран вршител на земјоделска дејност или осигуреник во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување како индивидуален земјоделец, трговец поединец или правно лице кои ги исполнуваат условите од член 24 од Законот за земјоделското земјиште.

Максималната површина на која може да аплицира еден понудувач не може да биде поголема од 3 хектари.

Договорот за закуп со избраниот понудувач се склучува во рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето за избор на најдобар понудувач.

Доколку во рок од 30 избраниот понудувач не го склучи договорот за закуп, Министерството го склучува договорот со следниот рангиран понудувач согласно со неговата понуда. Следниот рангиран понудувач за склучување на договор се утврдува врз основа на извештајот за евалуација на понудите изготвен од страна на надлежните комисии за давање под закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост под закуп.

Избраниот понудувач кој нема да го склучи договорот за закуп во рокот е должен во рок од 15 дена од истекот на рокот за склучување на договорот за закуп на име надоместок на штета да плати износ во висина на понудената годишна закупнина.

Договорот за закуп влегува во сила со денот на воведувањето во владение на закупецот врз земјоделското земјиште предмет на договорот од страна на закуподавачот и тоа само за површините за кои е воведен во фактичка власт.

Земјоделското земјиште предмет на договор за закуп кое нема да биде ставено во владение на закупецот во рок од една година од денот на склучувањето на договорот, може да биде предмет на нови постапки предвидени согласно со овој закон за давање на земјоделското земјиште во државна сопственост во закуп или плодоуживање.

За земјоделското земјиште во државна сопственост кое по пат на јавен оглас или јавен повик ќе се додели во закуп на физичко лице на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот настапува три години по влегувањето во сила на договорот за закуп.

Доколку трговското друштво во периодот до три години по влегувањето во сила на договорот за закуп го промени управителот или извршниот директор со лице на возраст над 40 години, обврската за плаќање на закупнина ќе се смета дека настапила од денот на влегувањето во сила на договорот за закуп.

VII. НАЈНИСКИОТ ИЗНОС НА ГОДИШНА ЗАКУПНИНА

Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните лица е во износ на просечна годишна закупнина во регионот за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп постигната во последните три години.

Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните понудувачи за:

Доколку не се исполнети условите од овој jавен повик, Комисијата ќе ја отфрли таквата понуда како недопуштена.

Понудите кои не ја содржат целата потребна документација, кои се поднесени по истекот на рокот за поднесување, означен коверт со кој би можел да се идентификува понудувачот, понуди помали од најнискиот износ на годишна закупнина, или се поднесени од лице кое нема право да поднесува понуди, како и понудите кои не се изработени според условите утврдени во јавниот повик се отфрлаат како некомплетни.

VIII.ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА

Образецот за учество на јавниот повик (понудата) се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од понудувачот.

Секој понудувач може да достави само еден оригинален образец (понуда).

Понудите за земјоделското земјиште во државна сопственост за кое по службена должност Комисијата ќе утврди дека е востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп (објавени на јавни огласи кои се во постапка и слично), Комисијата ќе ги отфрли како недопуштени.

Понудите со поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Понудата и другата документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај” “Понуда по Јавен повик бр.03/22 за давање на земјоделско земјиште под закуп во регион (се впишува регионот)“ и во средина “Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2 Скопје“.

Ковертот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува понудувачот, односно испраќачот.

IХ. ОБРАЗЕЦ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК (ПОНУДА)

Образецот за учество на јавниот повик (понуда), може да се подигне во подрачните единици на Министерството или од веб страната на Министертвото www.mzsv.gov.mk;

и истиот мора да се пополни со сите потребни податоци и да се достави со потребната документација во затворен коверт, во спротивно понудата нема да биде разгледувана.

Х.ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За допонителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02/3134-477 или да ја посетат веб страната на Министерството www.mzsv.gov.mk