Главен и Одговорен Уредник

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК НА БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ Над 15 години искуство со создавање на содржина на интернет платформи: -blogspot, -facebook, -twitter, -youtube, -instagram, Експерт за ПР активизам, фотограф, блогер, видео продуцент, CMS web дизајнер, WHM & CPanel хостинг, Систем администратор, оператор со MySQL дата бази. Градежен инжинер, Менаџмент на проекти, граѓански активист, фармер, планинар, љубител на природата.

ЈАВЕН КОНКУРС за доделување на дозволи за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Растенијата како добрa од општ интерес имаат посебна заштита утврдена со Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република  Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14,  158/14, 149/15, 39/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21).

Нарачател на јавниот конкурс е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа.

Право на учество на јавниот конкурс имаат сите правни и физички лица кои ги исполнуваат општите услови од член 60 од Законот за здравјето на растенијата и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови за просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015).

Јавниот конкурс за доделување на дозволи за давање на услуги од областа на здравјето на растенијата трае 8 (осум) работни дена од денот на неговото објавување.

II. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ КОНКУРС

Предмет на јавниот конкурс е издавање на дозволи за давање на услуги од областа на здравјето на растенијата.

III. ВИД НА ЈАВНА УСЛУГА ЗА КОЈА СЕ ИЗДАВА ДОЗВОЛА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа издава дозволи за вршење на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата и тоа за следните видови на услуги:

1.1  мониторинг и следење на развојот на штетните организми кои вообичаено се присутни кај растенијата и растителните производи, прогнозирање, одредување оптимални рокови и мерки за заштита;

1.2  интервенирање во случај на ненадејни појави на карантински штетни организми на растенијата, каламитетни појави и епифитоции на штетни оргазними;

1.3 обезбедување метеоролошки, биолошки и други податоци за целта на следењето и прогнозирањето на појавата на штетни организми;

1.4 лабораториски детерминирања и дијагностицирања на штетни организми

1.5  едуцирање на сопствениците и други лица вклучени во спроведување на активностите поврзани со здравјето на растенијата;

1.6 издавање на пасоши за растенија;

1.7  спроведување на научно – истражувачки развојни активности;

1.8  вршење дезинсекција, дезинфекција и дератизација заради здравјето на растенијата;

1.9  вршење на други технички работи;

IV. УСЛОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА

Даватели на јавни услуги можат да бидат правни ифизички лица кои ги исполнуваат општите услови од член 60 од Закон за здравјето на растенијата („Службен весник на Република  Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14,  158/14, 149/15, 39/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21) и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015).

 V. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ

Рок за поднесување на понудите е 8 (осум) работни денови од денот на неговото објавување.

Пријавите се доставуваат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа, адреса: ул. Аминта Трети бр.2,  Скопје 1000.

VI. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ НА ПРИЈАВАТА И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Заинтересираните субјекти образецот на пријавата за учество во постапката можат да го превземат од web страната на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство: www.mzsv.gov.mk

Потребна пропратна документација која се доставува кон пријавата:

1.             ПРАВНИ ЛИЦА

–              Документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Северна Македонија – ДРД образец (не постар од 6 месеци) ;

–              М1/М2 образец за вработениот стручен кадар;

–              Уверение за завршено високо образование од областа на земјоделските науки (растително производство) или од областа на шумарските науки;

–              Доказ за најмалку 3 (три) години работно искуство во напред наведените области во струката;

– Докази за исполнување на поблиските услови предвидени во Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015);

–  Ценовник по кои давателите на услугите би ги извршувале јавните услуги за кои поднесуваат пријави од точка 1.1 до точка 1.9 од делот III од овој конкурс;

2.            ФИЗИЧКИ ЛИЦА

– Уверение за завршено високо образование од областа на земјоделските науки (растително производство) или од областа на шумарските науки;

– Доказ за најмалку 3 (три) години работно искуство во напред наведените области во струката;

– Докази за исполнување на поблиските услови предвидени во Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011);

– Ценовник по кои давателите на услугите би ги извршувале јавните услуги наведени од точка 1.1 до точка 1.9 од  делот III од  овој конкурс;

Документите кои се доставуваат потребно е да бидат оригинал или копии заверени на Нотар.

VII. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериум за избор за издавање на дозвола за вршење на јавна услуга е исполнување на условите утврдени во Закон за здравјето на растенијата („Службен весник на Република  Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14,  158/14, 149/15, 39/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21) и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015) и тоа:

–          пријавениот стручен кадар да има завршено минимум високо образование од областа на земјоделските науки (растително производство) или од областа на шумарските науки;

–          да има минимум три години работно искуство во струката и

–          да бидат исполнети поблиските критериуми утврдени Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015).

VIII. ПОСТАПКА

Постапката на отворање и оценување на понудите ја врши Комисија назначена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Отварањето, разгледувањето и оценувањето на пријавте е јавно.

Овластени претставници на субјектите може да бидат приустни на отварањето на пријавите.

Нецелосните понуди може да бидат комплетирани во рок од 8 (осум) дена од приемот на известувањето за некомплетна документација, во спротивно понудата нема да биде разгледувана, за што понудувачите ќе бидат известени.

Дозволата за давање на јавни услуги се издава во форма на решение во рок од 30 (триесет) дена од денот на завршувањето на јавниот конкурс.

Правните и физички лица кои добиле дозвола за вршење на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата склучуваат договор со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа.

 IX. ПОЧЕТОК И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОЗВОЛАТА

Времетраењето на издадените дозволи за вршење на јавни услуги изнесува 3 (три) години сметано од датумот на издадената дозвола.

X. КОНТАКТ ЛИЦЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ

Контакт лица за обезбедување на дополнителни податоци и информации во врска со постапката за доделување на дозволи за вршење на јавни услуги се:

Надица Џерковска, е-маил адреса: nadica.dzerkovska@mzsv.gov.mk

Ивица Ангеловски, е-маил адреса: ivica.angelovski@mzsv.gov.mk

XI. ДАТА, МЕСТО И ВРЕМЕ НА ОТВАРАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите ќе бидат отворени со почеток во 11:00 часот, првиот нареден работен ден по завршувањето на огласот во просториите на Фитосанитарната управа на ул. Аминта Трети бр. 2,  Скопје 1000.

Документи за превземање

Извор: МЗШВ

МЗШВ: Нов јавен повик за доставување понуди за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари за долгогодишни насади

Владата на денешната седница донесе одлука за објавување на Јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари во девет региони. Со овој јавен повик им се овозможува на земјоделците што имаат земјиште со долгодишни насади, а за кoe немаат склучено договор за закуп, да достават понуди до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со податоците за земјиштето. 

На овој начин, со склучување на договорите со МЗШВ, се решава правниот статус на земјиштето со што земјоделците ќе имаат право да конкурираат за мерките од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.  

Јавниот повик е наменет за Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга, Струмица, Тетово, Валандово и Гевгелија.

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за:

– одгледување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години,

– одгледување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,

– одгледување на маслинарници за период до 50 години

Јавниот повик ќе биде објавен до крајот на неделата.  

Извор: МЗШВ

Објавен повик за кофинансирање на набавени педигрирани чистокрвни или хибриди свињи од АФПЗРР

Сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство врз основа на Законот за земјоделство и рурален развој кои што извршиле набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи од увоз или од признати организации согласно законот за сточарство во периодот од 1 октомври до 31 декември 2021 година имаат право да поднесат електронско барање за поврат на одреден процент на направените трошоци за ваквата набавка.

Станува збор за имплементација на Мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства која се спроведува во рамки на програмата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој за 2022 година.

Оваа мерка се кoфинансира од страна на АФПЗРР во висина од 50% од направените трошоци од страна на апликантите по принцип на поврат на направени трошоци. Ставката за кофинансирање се зголемува на 55% за млади земјоделци, за инвестиции во подрачја со ограничени можности оваа ставка се зголемува на 60% или на 65 кога аплицира млад земјоделец во подрачје со ограничени можности. За инвестиции направени во непристапни рурални заедници поддршката изнесува 75% поврат на сретства од направените трошоци.

Секој земјоделец кој што ги исполнува барањата на повикот може да аплицира електронски на интернет апликацијата достапна на www.e-baranje.ipardpa.gov.mk

Најава за исплата на 4,5 милиони евра за штети од елементарни непогоди за 2016, 2017, 2018 и 2021 година

Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски по одржувањето на денешните владини седници на кои беа дискутирани мериките за помош на граѓаните во тековната општа криза во државата.

Тој најави исплата на 4,5 милиони евра од Буџетот на владата за штетите од елементарните непогоди што ги претрпеа земјоделците во минатите неколку години.

Според Министерот Николовски станува збор за 10200 физички и правни лица

ℹ 4.5 милиони евра ќе се исплатат за штети од елементарни непогоди што ги претрпеа земјоделците во 2016, 2017, 2018, и 2021 година. На околу 10.200 граѓани и правни субјекти ќе им биде направена исплата за штетите од временските непогоди.

#МЗШВ веќе работи и на воспоставување на “Земјоделски осигурен пул” како нов модел на земјоделско осигурување, кој ќе го забрза процесот на обештетување на земјоделците.Излегуваме во пресрет и помагаме секогаш кога е најпотребно. Земјоделците никогаш нема да бидат оставени сами во состојби кога поради временски непогоди претрпуваат штети врз производството.”

-соопшти Љупчо Николовски преку социјалните мрежи.

МЗШВ работи на проект за реформи во шумарството

🇲🇰🇪🇺Утринава заедно со експертите на проектот финансиран од #ЕУ “Поддршка на реформите во политиката и законска рамка во шумарството во Северна Македонија”, разговараме за главните насоки и предлог иницијатива за отпочнување на реформите.

По многубројните анализи, препораки, а во усогласување со најдобрите пракси во Европа, очекувам успешна имплементација на овие реформи.

Основните и крајни цели од овој проект се усвојување на Предлог на ажурирана долгорочна Стратегија за одржлив развој на шумарството, Предлог за нов Закон за шуми, врз основа на националните специфики и ЕУ, како и Предлог за нова Национална програма за имплементација на СОРШ и поврзаните нови одредби од Законот за шуми.

#ИПА#EuropeanUnion#МЗШВ

-соопштение на Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски

Цветан Трипуновски: Од 2014 до денес вработеноста во земјоделието е намалена за 32 илјади вработени помалку

Какко реакција на јавниот настап на Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски а во насока на објективно посочување на фактите за состојбите во областа на земјоделието своја реакција до граѓаните упати Цветан Трупуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој во реакцијата преку конкретни бројки ја објаснува актуелната состојба со вработеноста во аграрниот сектор во споредба со минатото кога ВМРО-ДПМНЕ беше власт во државата:

“Денес испровоциран од лицемерниот настап на #ЉупчоНиколовски каде без срам и перде од петни жили се обидува да ја замајува јавноста, и неговите погубни политики во земјоделството да ги прикаже како развојни.

Затоа преку бројки и со факти сакам да го демантирам, а на јавноста да и ја презентирам реалната состојба во македонскиот аграр.

⚠️Во 2014 год. учеството на вработени во сектор земјоделство бил 18,5% или 127 438 вработени❗️

⚠️Во 2020 год. учеството било со 12% или изразено во бројка со 95 545 вработени.

❌Замислете за период од 6 години падот е 6,5 % или речиси 32 000 вработени помалку, заради Вашата неспособност 32 0000 поранешни вработени во секторот сега се социјални случаеви или аргатуваат во странство ‼️

Затоа “успешно” министерче по други пуТ ако сакаш да направиш добро за македонскиот аграр и руралната жена треба уште денес да го напуштиш Министерството.”

-стои во реакцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Здружението “Напредни лозари” бараат итна средба со Министерот и надлежните за решавање на нивните проблеми

Во соопштение упатено до јавноста Регионалното здружение “Напредни Лозари” бара итна средба со Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и надлежните со повеќе точки на дневен ред, меѓу кои најзначајни се барањата за надминивање на проблемите со кои се соочуваат лозаропроизводителите во нивната работа.

Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот на нивното соопштение:

“На 26.02.2022 година, Регионалното Здружение „Напредни Лозари“ до Министерот за земјоделие достави Барање за итен состанок кој треба да се одржи најдоцна до 10.03.2022 година. Барањето е доставено и до Премиерот. Во истото баравме, проблемите со кои се соочуваат лозарите а кои се веќе хронични и траат со години,

Министерот со својот тим надлежни од МЗШВ до состанокот да ги разгледа и на состанокот да се произнесат по истите.

Денеска е 07.03.2022 година, три дена до истекот на рокот во кој треба од МЗШВ да се произнесат и во кој рок треба да се одржи состанокот. Во оваа прилика РЗ „Напредни Лозари“ како легитимни застапници на лозаропроизводителите, уште еднаш апелира до Министерот и неговиот тим на сериозноста на проблемот и наведените барања и посочува на рокот. Нема да дозволиме одолговлекување до бескрај односно до почетокот на бербата.

Кон крајот на месец март, РЗ „Напредни Лозари“ ќе одржи вонредно Собрание, кое, како највисок Орган на Здружението ќе донесе релевантни Одлуки за понатамошните активности. Агендата на Собранието ќе биде составена по мерка на одговорот и спремноста на МЗШВ и воопшто Владата на сериозен пристап во решавањето на проблемите и барањата на лозарите. Доколку истата изостане Собранието ќе донесе одлуки во кои ќе бидат вклучени сите сите демократски дозволени средства, вклучително и порадикални мерки. Воедно ги повикуваме сите лозари и добронамерни граѓани на Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија, Градско и останатите лозаропроизводители ширум Македонија да ги поддржат нашите напори.Исто така очекуваме поддршка и од надлежните од локалните самоуправи на чело со градоначалниците да застанат зад овие наши барања.

Во прилог уште еднаш ги објавуваме нашите барања од 26.02.2022 година до МЗШВ:

1. Утврдување на технолошката зрелост на секоја сорта грозје изразена во шеќерни единици за да се избегнат можните манипулации од страна на откупувачите што до сега беше пракса. Истата да биде заштитена со закон;

2. Утврдување на реалната цената на чинење на производство на еден килограм грозје за секоја сорта грозје. Во истата да се пресмета растењето на производните трошоци како што се: цената на горивото, цената на ѓубрењето, цената на заштитата на лозовите насади, цената на наводнувањето, цената на работната рака, амортизацијата на земјоделските машини и други трошоци. За овие две точки да бидат вклучени експерти од МЗШВ, професори од земјоделскиот факултет и претставници на лозарите;

3. Утврдување на реалните откупни цени на килограм грозје за реколта 2022 година, посебно за секоја сорта грозје. Реалната откупна цена на килограм грозје да биде сочинета од производна цена на килограм грозје по сорта грозје согласно утврдената технолошка зрелост во шеќерни единици, зголемена за 50% и дополнително зголемување на цените на откупот на грозје согласно порастот на животните трошоци и падот на животниот стандард;

4. Вака формираните цени да бидат гарантирани со закон, но не подоцна од почетокот на месец јуни 2022 година;

5. Изработка на проект за планско производство на грозје по сорти согласно потребите на пазарот и можностите на преработувачките и откупните капацитети, краткорочно за оваа година, среднорочно за наредните три години и долгорочно за наредните пет до десет години

6. Прецизирање и дефинирање на формално-правно издржани и реални кооперантски договори за откуп на грозје во преработувачките и откупните капацитети со квантитативно-квалитативни клаузули во истите. Истите да ги гарантира МЗШВ (Владата) а во мониторингот ЗАДОЛЖИТЕЛНО да бидат вклучени претставници на РЗ „Напредни Лозари“ или од него овластени лица;

7. Субвенционирање на производството;

8. Изработка и донесување на Закон за лозарство и грозје како посебен закон а не во рамките на законот за вино;

9. Други мерки

Благодариме на поддршката

РЗ „Напредни Лозари“”

-стои во соопштението на здружението.

Во новата ИПАРД програма овозможено е авансирање на 30% од износот добиен од АФПЗРР за реализација на проекти

Министерот за земјоделие шумарстов и водостопанство Љупчо Николовски имаше свое гостување во емисијата “Аграр” на Македонската телевизија. Тој помеѓу останитите земјоделски политики и мерки кои што ги имплементираат како манистерсво зборуваше и за придобивките од мерките во ИПАРД програмата за Македонските земјоделци.

#ИПАРД е една успешна приказна што продолжува. Со новата ИПАРД 3 програма секоја една инвестиција, секој еден корисник, кој ќе аплицира ќе има можност да добие 30 до 50 отсто предфинансирање со самото склучување на договорот за проектот.

👉Тоа би значело дека ако инвестицијата е 100.000 евра, Платежната агенција на инвеститорот му враќа 60% односно 60.000 евра, а преку новата мерка корисникот ќе може авансно да земе 30.000 евра веднаш по потпишувањето на договорот, а пред да започне со инвестиција.

✅Ставаме на располагање 3️⃣5️⃣ милиони евра со првиот јавен повик од ИПАРД оваа година.”

-соопшти Љупчо Николовски- Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Постои можност птичјиот грип да се прошири на територија на цела држава. Потребна е брза и ефикасна епидемиолошка истрага

Интегрален текст на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ:

Поради неажурноста и неспособноста на власта, постојано сме на удар на разни зарази во сточарството во Македонија. Слабиот менаџмент и неспособноста на раководните лица во МЗШВ и АХВ придонесоа до појава на птичји грип во земјата.Постои огромна опасност вирусот да се прошири, но и можност тој веќе да е проширен на цела територија на државата, со што ќе нанесе сериозен удар врз живинарството како една од сточарските гранки.Повикуваме АХВ наместо да куца бледи соопштенија и да се правда, да спроведе добра, брза и ефикасна епидемиолошка истрага на лице место за утврдување на вратата на инфекција, и брзо носење на рестриктивни мерки од страна на Агенцијата и нивна имплементација на терен, со цел ограничување на ширењето на вирусот, односно заштита на големите живинарски капацитети ширум државата.

Доделени договорите за финансиска поддршка за мерка 7 од ИПАРД 2 програмата

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени договорите за финансиска поддршка за мерка 7 од ИПАРД 2 програмата.

Во рамки на минатогодишниот повик аплицираа повеќе земјоделски стопанства низ целата држава а по проверката на потребната документација беа доделени договори од Агернцијата за поддршка на земјоделието и руралниот развој според кои ќе се врши имплементацијата и исплатата на финансиските сретства на економските оператори.

Станува збор за реализација на инвестиции во повеќе подграни од областа на земјоделието и руралниот развој во вредност од на 20 милиони евра.

“Нови хотели, ресторанти, индустриски објекти, дестилерии и опрема за производство на пчелни производи.

Ова се дел од инвестициите за кои денеска доделивме договори за финансиска поддршка од Мерка 7️⃣ од ИПАРД 2 програмата.

Инвестициите се предвидени во сите региони низ 🇲🇰, што оди во прилог на заложбите за регионален рамномерен развој.

Со потпишувањето на договорите со сите соодветни апликанти се очекува да започнат со реализација инвестиции со вредност која надминува 2️⃣0️⃣ милиони евра. Сериозниот пристап во управувањето со европскиот фонд за земјоделство и рурален развој е препознаен од нашите 🇪🇺 партнери, но најважно е што бенефитите и придобивките веќе се видливи помеѓу нашите граѓани како крајни корисници на средствата.

Модернизацијата на земјоделството и развојот на микро и малите претпријатија од руралните средини останува во фокусот на ИПАРД. ✅

Честитки за добитниците и посакувам успешна реализација на инвестициите.”

-соопшти Никица Бачовски- Директор на АФПЗРР по повод денешното доделување на договорите.