Соработка за обнова на шумските екосистеми и пошпумување на деградирани површини во Националниот парк Шар Планина
Националниот парк Шар Планина одржа работен состанок со претставници на Pure Promise, со кои во изминатите години развиваме соработка насочена кон обнова на шумските екосистеми и пошумување на деградирани површини во Паркот.
Како продолжение на досегашната соработка, на состанокот беше договорено во текот на 2026 година да се обезбеди поддршка за пошумување на дополнителни 12 хектари на територијата на Националниот парк. Активностите за пошумување ќе ги реализира Pure Promise, а средствата за нивна реализација се обезбедени како донација од холандската компанија Van der Valk.
Станува збор за земјиште во границите на Националниот парк кое според катастарската евиденција е под култура шума и шумско земјиште, но на терен дел од овие површини денес претставуваат голини, обезшумени низ годините како последица на различни влијанија.
Пошумувањето ќе се реализира на внимателно избрани површини и во согласност со целите за заштита и управување со Националниот парк.
Од оваа година активностите поврзани со поддршката и соработката со Паркот од страна на Pure Promise ќе ги води Леонора Емурлахи, продолжувајќи ја посветеноста на овој семеен бизнис кон иницијативите за обновување и зачувување на природата.
За Националниот парк ваквите партнерства имаат посебна вредност – затоа што обновувањето на шумите не завршува со садењето садници. Тоа е долгорочен процес кој бара правилен избор на локации и видови, следење на состојбата и грижа за обновените површини.
12 нови хектари во 2026 година се уште еден чекор кон враќање на шумата таму каде што низ годините била изгубена.




