“Запознај го локалниот пчелар”- манифестација која ги промовира вредните земјоделски локални бизниси
Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството м-р Пеце Стојковски, на покана на Пчеларското здружение „Мариовско Пелагониски Пчелари“, присуствуваше на манифестацијата „Запознај го локалниот пчелар“.
Манифестацијата претставува можност за промоција на пчеларството, локалното производство на мед и пчелни производи, како и за споделување на знаења и искуства меѓу пчеларите и пошироката јавност. Ваквите настани придонесуваат кон подигнување на свеста за значењето на пчеларството, важноста на пчелите за земјоделството и животната средина, како и за поттикнување на потрошувачката на квалитетни домашни производи.
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството останува посветена на унапредувањето на земјоделството и поддршката на земјоделските производители, а ваквите иницијативи се значаен придонес кон јакнење на локалното производство и развојот на пчеларството.




