„Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна”- денеска отворен саемот на храна
Министерот за земјоделие , шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска го отвори саемот на храна на кој што свое учество зедоа над 150 домашни производители на храна
“Денеска го отворивме Саемот на храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна”.
Особено ми е драго што на едно место се собраа повеќе од 150 македонски производители кои со својот труд и посветеност ја чуваат македонската традиција и создаваат квалитетни производи.
Кампањата „Македонско најдобро” веќе покажа резултати, имаме околу 270 регистрирани корисници на платформата.
Бројката е доказ дека заедно градиме силна домашна економија.
Кога избираме македонско, не избираме само квалитет, ја поддржуваме домашната економија и ги зачувуваме работните местата.
Ве повикувам сите: купувајте домашни производи, поддржете ги македонските земјоделци и преработувачи, заедно да ја негуваме традицијата.
Македонскиот производ е синоним за квалитет!”
-напиша на социјалните мрежи Министерот Трипуновски.
