Доделени договорите за финансиска поддршка за мерка 7 од ИПАРД 2 програмата
Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени договорите за финансиска поддршка за мерка 7 од ИПАРД 2 програмата.
Во рамки на минатогодишниот повик аплицираа повеќе земјоделски стопанства низ целата држава а по проверката на потребната документација беа доделени договори од Агернцијата за поддршка на земјоделието и руралниот развој според кои ќе се врши имплементацијата и исплатата на финансиските сретства на економските оператори.
Станува збор за реализација на инвестиции во повеќе подграни од областа на земјоделието и руралниот развој во вредност од на 20 милиони евра.
“Нови хотели, ресторанти, индустриски објекти, дестилерии и опрема за производство на пчелни производи.
Ова се дел од инвестициите за кои денеска доделивме договори за финансиска поддршка од Мерка од ИПАРД 2 програмата.
Инвестициите се предвидени во сите региони низ , што оди во прилог на заложбите за регионален рамномерен развој.
Со потпишувањето на договорите со сите соодветни апликанти се очекува да започнат со реализација инвестиции со вредност која надминува милиони евра. Сериозниот пристап во управувањето со европскиот фонд за земјоделство и рурален развој е препознаен од нашите партнери, но најважно е што бенефитите и придобивките веќе се видливи помеѓу нашите граѓани како крајни корисници на средствата.
Модернизацијата на земјоделството и развојот на микро и малите претпријатија од руралните средини останува во фокусот на ИПАРД.
Честитки за добитниците и посакувам успешна реализација на инвестициите.”
-соопшти Никица Бачовски- Директор на АФПЗРР по повод денешното доделување на договорите.