Постои можност птичјиот грип да се прошири на територија на цела држава. Потребна е брза и ефикасна епидемиолошка истрага
Интегрален текст на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ:
Поради неажурноста и неспособноста на власта, постојано сме на удар на разни зарази во сточарството во Македонија. Слабиот менаџмент и неспособноста на раководните лица во МЗШВ и АХВ придонесоа до појава на птичји грип во земјата.Постои огромна опасност вирусот да се прошири, но и можност тој веќе да е проширен на цела територија на државата, со што ќе нанесе сериозен удар врз живинарството како една од сточарските гранки.Повикуваме АХВ наместо да куца бледи соопштенија и да се правда, да спроведе добра, брза и ефикасна епидемиолошка истрага на лице место за утврдување на вратата на инфекција, и брзо носење на рестриктивни мерки од страна на Агенцијата и нивна имплементација на терен, со цел ограничување на ширењето на вирусот, односно заштита на големите живинарски капацитети ширум државата.