Дали најавата за продолжување на ловната сезона нема да предизвика штета на ловниот фонд во државата?

Сподели на социјални мрежи

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николвски преку социјалните мрежи најави дека ловната сезона се продолжува до 31 март и тоа во дозволените региони каде што нема присутност на свинска чума.

Преку социјалните мрежи поединци реагираат дека токму тој период е кога дивите свињи се во фаза на репродукција и раѓање на млади и доколку се продолжи со ловната сезона драстично ќе угине популацијата на диви свињи во државата.

Ловот на дива свиња во Македонија почнува да станува профитабилна дејност со оглед на се пораспространетите ловни површини кои што ги закупуваат приватни субјекти и остваруваат приходи по различен основ од ловот не само на дивата свиња.

‼️Периодот за ловење на дивата свиња се продолжува до 31.03.2022 година под посебни услови, и во дозволените региони. Оваа одлука е согласно мерките преземени од страна на Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство, а со цел спречување и ширење на африканска чума кај свињите која е присутна во две одгледувалишта во нашата држава.

Состојбата со оваа болест внимателно се следи од страна на #МЗШВ и #АХВ, се преземаат сите потребни мерки за навремено спречување и санирање на оваа зараза .”

-соопшти Љупчо Николовски- Министер во МЗШВ преку социјалните мрежи.

За авторот на овој текст


Сподели на социјални мрежи