Анима Мунди против традицијата на овчарско семејство од Пехчево. Кој е во право?
На социјалните мрежи се одвива вистинска вербална војна во врска со случајот кој што во јавноста го започна здружението за заштита на животните Анима Мунди од Скопје против учесниците во приватен домашен настан на традиционална прослава по успешно поминатата година на сточарско семејство кое што на видео запис прикажува врзано јагне околу кое се случува оваа домашна приватна прослава.
“Инспекторите на Агенцијата за храна и ветерина ЗА ПРВ ПАТ АЖУРНИ НО во прекршување на законот што треба да го споведуваат!ПРИМИТИВЦИ – единствениот епитет што може да им се даде на овие лица што намерно се изживуваат врз животно, практично бебе.
Со заврзани нозе, маневрираат со него како со предмет а не живо битие што трпи болка и страв, му нанесуваат непотребен стрес група на мажи меѓу кои седи ИНСПЕКТОР ЗА ЗАШТИТА НА БЛАГОСОСТОЈБАТА НА ЖИВОТНИТЕ ВО ПЕ БЕРОВО ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНА.Видно задоволен го гледа и снима престрашеното животно во очи, сведок и соучесник во ова изживување е оној кој треба да го заштити но го измачува!Во кое нормално општество вакви ликови се вработуваат во државни институции и ги прекршуваат законите што треба да ги спроведуваат?Во кое нормално општество инспектор за заштита на животните е соучесник во нивно малтретирање, причинување непотребен стрес, страдање?БАРАМЕ ИТНО ДА СЕ ПОКРЕНЕ ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ОД СТРАНА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО ПРОТИВ ИНСПЕКТОРОТ ОД ПЕ БЕРОВО И ТРАЈНО ДА СЕ ОТСТРАНИ ОД ВРШЕЊЕ НА СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ИНСТИТУЦИЈАТА.ДОПОЛНИТЕЛНО, БАРАМЕ АГЕНЦИЈАТА ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА ПРОТИВ СИТЕ ОВИЕ ЛИЦА ШТО СЕ СОУЧЕСНИЦИ ВО ОВОЈ МОНСТРУОЗЕН ЧИН!
Нашето здружение ке поднесе пријави до сите надлежни институции против наведениот инспектор зашто е неспособен, неадекватен и очигледно психички нестабилен за да биде државен службеник а уште помалку некој што треба да заштити животно во невоља судејќи по видеото во прилог.
-стои во реакцијата на Анима Мунди покрај од нивна страна споделеното видео.
На оваа реакција во јавноста преку социјалните мрежи упати сточарот Александар Мачевски во чиј што дом се случува традиционалниот настан со чија симболика веруваат дека ќе им донесе повеќе успех во нивната работа за наредната година. Мачевски вели дека јагнето не било малтретирано ниту мачено и дека по традиционалниот обичај било вратено кај неговата мајка.
ДЕМАНТ:
Во врска со вашиот натпис за Инспектор што малтретира јагне. Ве известувам дека снимката е лична и приватна направена во мојот дом како традиција што ја правиме секоја година кога ги продаваме јагнињата. Се свири песната,, Изгубеното јагне ” и се донесува јагне како адет и традиција и мора да биде врзано. Ако може да забележите јагнето не е малтретирано, маче но и заколено и после песната е пуштено кај неговата мајка затоа што се верува дека на тој начин ќе има повеќе јагниња следната година. Со вашиот натпис ми го нарушување угледот на мене лично и на моите гости. Доколку не се повлече и избрише натписот приморан сум да преземам правни дејствија.
PORAKA DO Anima Mundi – здружение за заштита на животни Eve kako naseto semejstvo makotrpno zarabotuva edna korka leb a socijalnite mrezi go OCRNIJA NASETO SEMEJSTVO koe odgleduva 20 god sekakov vid na zivotni
-стои во реакцијата на фармерот Мачевски.
Ваквиот случај доби и политичка димензија откако во јавноста со свои реакции се обрати и Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски:
Згрозен од монструозниот чин на Инспекторот за благосостојба на животните во подрачната единица Берово, на Агенцијата за храна и ветеринарство, најавувам итно постапување, и преземање на сите дисциплински мерки од страна на #АХВ.Предизвикување стрес, малтретирање, и непотребно страдање на невини животни е за секаква осуда.
-соопшти Министерот Николовски преку социјалните мрежи.
Јавноста во Македонија на кои овој случај им е од интерес е крајно поделена. За едни станува збор за традиција во која што веруваат сточарите кои што секојдневно се занимаваат со оваа тешка стопанска дејност, а на другата страна се луѓето кои што веруваат дека се загрозени правата на ова јагне прикажано на видеото и дека одговорните треба да сносат одговорност за овој чин.
Извор: Брегалнички Портал