Објавен повик за аплицирање за мерката 121.1 за набавка на педигриран добиток од регистрирани одгледувачници

Сподели на социјални мрежи

Заменик министерот за семјоделие шумарство и водостопанство Трајан Димков заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој Никица Бачовски, денеска од Битола го најавија објавувањето на повикот за аплицирање за мерката 121.1 од програмата за рурален развој на кој што заинтересирани земјоделски стопанства ќе може да аплицираат за добивање на грант за набавка на високоприносни педигрирани грла добиток.

Земјоделците кои што се запишани во регистарот на земјоделски стопанства од денеска 04.06.2021 година па се до 04.07.2021 година може да поднесат електронско барање преку електронскиот систем “Е-БАРАЊЕ” на министерството за земјоделие

„Сите заинтересирани, преку оваа мерка ќе можат да аплицираат за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо, со исклучок на расата Буша, како и педигрирани приплодни грла на овци и кози од признаени организации на одгледувачи. Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно законот за земјоделство и рурален развој. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник е 6.5 милиони денари, a повратот на средства се врши по претходно потпишан и реализиран проект, односно по потпишан договор и набавен добиток. Паралелно, од денес тече и повикот за субвенционирана плата за овчарите. Максималната финансиска поддршка е до 360.000 денари по лице, за не повеќе од 20 вработени. “ – истакна Бачовски при посетата на фармата „Агро Емини ДООЕЛ“ во селото Доленци, битолско која има успешно реализиран проект преку програмата за рурален развој.

За авторот на овој текст


Сподели на социјални мрежи

Напишете коментар