ipard

Започна пријавувањето за финансиска помош за млади земјоделци

Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој ја информираат јавноста дека од денеска 29.07.2021 година е отворен повикот за аплицирање за финансиска помош по мерката 112 која што значи поддршка за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност.

“Младите кои имаат до 40 години а се занимаваат со земјоделство или имаат бизнис идеа во секторот земјоделство, од денеска до 29 август 2021 година, ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерката 112 „ Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, или во јавноста попозната како Млад земјоделец. Корисници на оваа подддршка може да бидат сите кои имаат до 40 годишнна возраст, регистрирани како индивидуални земјоделци согласно законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Максималната прифатлива поддршка за инвестиција изнесува до 600.000,00 денари или до 10 илјади евра по корисник а барателите поддршката може да ja искористат за започнување на земјоделска дејност, односно за инвестиции во опрема за преработка на земјоделски и производи од животинско потекло, како и за отворање на соспствен агро – бизнис. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски инфирмира дека :
„Доделената финансиска поддршка е неповратен грант. Фокусот на оваа мерка е насочен кон лицата на кои земјоделството им е примарна дејност. Финансирањето од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година се врши врз основа на одобрено барање за користење средства од Програмата и склучен Договор за финансиска поддршка за одобрена инвестиција. Исплата на средства се врши согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќа на годишно ниво во најмногу три рати. “- информира директорот Бачовски.

Сите заинтересирани барањата може да ги поднесат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk”

-информираат од Агенцијата.

Објавен повик за аплицирање за мерката 121.1 за набавка на педигриран добиток од регистрирани одгледувачници

Заменик министерот за семјоделие шумарство и водостопанство Трајан Димков заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој Никица Бачовски, денеска од Битола го најавија објавувањето на повикот за аплицирање за мерката 121.1 од програмата за рурален развој на кој што заинтересирани земјоделски стопанства ќе може да аплицираат за добивање на грант за набавка на високоприносни педигрирани грла добиток.

Земјоделците кои што се запишани во регистарот на земјоделски стопанства од денеска 04.06.2021 година па се до 04.07.2021 година може да поднесат електронско барање преку електронскиот систем “Е-БАРАЊЕ” на министерството за земјоделие

„Сите заинтересирани, преку оваа мерка ќе можат да аплицираат за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо, со исклучок на расата Буша, како и педигрирани приплодни грла на овци и кози од признаени организации на одгледувачи. Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно законот за земјоделство и рурален развој. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник е 6.5 милиони денари, a повратот на средства се врши по претходно потпишан и реализиран проект, односно по потпишан договор и набавен добиток. Паралелно, од денес тече и повикот за субвенционирана плата за овчарите. Максималната финансиска поддршка е до 360.000 денари по лице, за не повеќе од 20 вработени. “ – истакна Бачовски при посетата на фармата „Агро Емини ДООЕЛ“ во селото Доленци, битолско која има успешно реализиран проект преку програмата за рурален развој.