Институции

Започнува интензивна соработка на МЗШВ на Македонија со МЗШВ на Црна Гора

Денеска во работна посета на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Министерот Аријанит Хоџа беше неговиот црногорски колега.

Во рамки на средбата е разговарано за повеќе полиња за соработка меѓу двете министерства во наредниот период:

“На мое големо задоволство, денеска македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство беше домаќин на висока делегација од Република Црна Гора, предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, г-дин Александар Стијовиќ.

Со министерот Стијовиќ заклучивме дека имаме многу полиња за соработка. Ќе почнеме со реализација уште денеска, преку првични работни состаноци помеѓу делегацијата на Република Црна Гора и директорите на македонските Aгенции и Управи: Агенцијата за храна и ветеринарство, Платежната агенција, Управата за водостопанство, Управата за хидрометеоролошки работи и Управата за фитосанитарна политика. Ова се четирите области во кои во следниот период ни претстои најмногу работа со цел билатерално унапредување и заеднички развој на нашите пријателски земји.”

-напиша на фејсбук во врска со средбата Министерот Хоџа.

Градоначалникот на Кавадарци повика на смирување на тензиите и разговори на сите засегнати кај него во општината

За денес во 11 часот во кабинетот на Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, е свикан итен состанок зза надминување на проблемите кои ескалираа во текот на вчерашниот ден пред капијата на винаријата Тиквеш во Кавадарци. Градоначалникот Јанчев кој вчера беше со лозарите кои протестираат, ги покани сите советници од регионот како и градоначалници, пратеници и министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа или ако тој е недостапен, претставник од министерството, да дојдат денес во неговиот кабинет на средба во 11 часот.

“Жални се сликите кои ги гледам, урнатата ограда, и полицијата којашто стои пред лозарите. Апелирам сите надлежни да се појават на средбата бидејќи бербата е во тек и да не им се прави штета на земјоделците кои чесно си го заработуваат своето парче леб,”

-порача вчера Јанчев.

Претходно од винаријата Тиквеш во јавноста упатија свое соопштение во кое вината за вчерашните инциденти ја префрлија на неколкумина незадоволни производители на грозје кои според винаријата го предизвикале инцидентот и го блокирале откупот за останатите лозари.

Мерката 7 “Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси ” од ИПАРД 2 програмата се поатрактивна за земјоделците

Во рамки на повикот на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој на Република Македонија до Агенцијата до завршувањето на утврдениот рок, се пристигнати вкупно 198 апликации на заинтересирани земјоделски субјекти. Овој број може дополнително да се зголеми доколку има апликации кои што се пратени по пошта кои ќе стигнат подоцна.

Вкупната сума која што се бара од страна на земјоделските субјекти се проценува на 25,7 милиони евра.

“Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, вели дека интересот за реализација на проекти и на овој повик е голем. Тоа е добар показател дека домашните претпријатија имаат идеа како да ги модернизираат постојните и да отвораат нови погони кои позитивно ќе се одразат на домашната економија и на невработеноста.”

-соопштуваат од Агенцијата.

„Согласно досега пристигнатите барања, најмногу интерес за реализација на проекти кои ќе бидат поддржани со средства од ИПАРД 2 има за секторот алтернативно производство, и за овој сектор има пристигнати 92 апликации. 41 апликација има пристигнато за инвестиции во сектор не-прехрамбени производи, за секторот рурален туризам има пристигнати 37 барања за реализација на проекти за развој на руралниот туризм..За проекти и инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци има пристигнати 19 апликации, четири барања има пристигнати за инвестиции во обезбедеување на услуги во земјоделството, три апликации има пристигнато за реализација на проекти за инвестиции во услуги за рурално неаселение, и две апликации има пристигнати за реализација на проекти, односно инвестиции во занаетчиски дејности.“
– информира директорот на АФПЗР Никица Бачовски.

Опозицијата ја обвинува власта за лажење на земјоделците

Во врска со прес конференцијата на СДСМ на која од владеачката партија се пофалија во јавност за грижата која што ја покажуаат конземјоделието и земјоделците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа во јавноста дека од власта ги лажат земјоделците. За оваа ваква изјава од опозицијата посочија повеќе аргументи:

“Срамота е да лажете дека сте исплатиле субвенции, а имате неисплатени субвенции за 2017, 2018 и 2019 година.

Не знам која ви е целта со овие празни пресконференции кога земјоделците не сакаат очи да ви видат затоа што ги излажавте.

Ветивте и сигурен откуп и високо откупни цени, 4 години родот завршува на буниште. Земјоделецот е без егзистенција.Од таканаречената зелена нафта немаат ни за една бразда да повлечат, а вие потрошивте милиони за картички… Очигледно друга ви е целта.Време е да се стави крај на ова лицемерие. Време е за промени.”

-напиша на фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ се пофалија со грижа за земјоделците како нивен највисок приоритет

Од СДСМ на прес конференција од партиското седиште во јавноста се пофалија дека за нив како партија дека грижата за земјоделците е нивен највисок приоритет.

Гоце Георгиевски кој што е претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ во оваа насока ја истакна мерката “зелена нафта” со која што како власт го субвенционираат најголемиот трошок кај земјоделците- нафтата за земјоделската механизација.

“Грижата за земјоделците и земјоделството останува еден од врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

За тоа сведочи мерката „зелена нафта“, која е една од најзначајните мерки која ја ветивме за земјоделците и ја остваруваме во континуитет, веќе трета година по ред.

Како одговорна власт, го субвенционираме најголемиот трошок во земјоделското производство, а тоа е нафтата за земјоделската механизација.

Оваа година како и лани, државата субвенционира 50% од трошокот за нафта, што на земјоделците им дава можност да точат гориво за цена која е половина поевтина од пазарната.

Над 40.000 земјоделци или точно 40.620 земјоделци ќе добијат картички за зелена нафта, а вкупната вредност на оваа мерка е 200 милиони денари или близу 3,2 милиони евра,

Ова се сериозни средства кои завршуваат назад кај земјоделците токму во време кога имаат најмногу активности на поле.”

-соопшти Гоце Георгиевски од СДСМ.

Целата прес конференција во продолжение:

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат земјоделските власти за одговори на повеќе прашања од интерес на земјоделците

Цветан Трупуновски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи го повика директорот на платежната агенција Никоца Бачовски да одговори на повеќе прашања од интерес на земјоделците.

“Една порака до директорчето на платежната агенција да појде во Прилеп и да им објасни на 30 000 семејства тутунари зошто за нив нема зелена нафта и зошто сеуште го нема оној т.н пакет од 5 мил. € ?!?

Исто така нека ги посети и сточарите ширум Македонија и на нив да им објасни зошто и за нив не се предвидени картици за зелена нафта ?!?

Знаеме дека е популистичка меркава и дека 500 денари не е некоја помош ама барем нека биде за сите подеднаква!!!

ПС: На СДСМ бела кошула официјален дрес код ли е ?”

-напиша Цветан Трипуновски на фејсбук.

Во Штип започна делењето на картички за т.н Зелена нафта за земјоделците

Денеска Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој Никица Бачовски присуствуваше во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Штип, каде на земјоделците од Штип и штипско започна доделувањето на картички за т.н Зелена нафта.

За Штип од страна на Агенцијата се доделени вкупно 1148 картички со вкупна вредност од 7.7 милиони денари.

“Од подрачната единица за земјоделство во Штип започнуваме со доделување на картичките за точење гориво за земјоделска механизација т.е зелена нафта.

Во Штип доставени се 1148 картички со вкупна вредност од 7.7 милиони денари.Во наредниот период ќе продолжи доделувањето на картичките и во останатите подрачни единици. И оваа година се финансираат 50% од утврдените трошоци за гориво за земјоделска механизација.Оваа поддршка доаѓа во вистинско време за земјоделците во пресрет на претстојната есенска сеидба и берба.

Вкупно за оваа мерка обезбедени беа 200 милиони денари преку програмата за директни плаќања во земјоделството.”

-напиша на фејсбук во врска со оваа своја активност директорот Бачовски.

Реализирани 84% од сретствата предвидени во Програмата за финансиска поддршка на земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во владата на Република Македонија Аријанит Хоџа во соопштение упатено до јавноста ги соопшти бројките на финансиската поддршка во неговиот ресор кои што до сега се реализирани како субвенции во земјоделието.

“Исплатени 255,9 милиони денари за субвенции за произведено и предадено млеко и за женски приплодни маторициДенеска, на сметките на 7.347 субјекти исплатени се 255,9 милиони денари за субвенции. Станува збор за исплата на фармерите кои произведуваат и предаваат овчо, козјо и кравјо млеко. Фармерите кои произведуваат и предаваат кравјо млеко добиваат поддршка од 3.5 денари по литар, додека сите кои произведуваат козјо и овчо млеко финансиската поддршка по литар предадено млеко е 4.5 денари по литар.Со денешната транша ислатени се и средства за фармерите кои одгледуваат женски приплодни маторици. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 1.000 денари по маторица и 1.100 денари по маторица за сите земјоделски стопанства кои во фармата имаат од 6 до 50 маторици.

Досега се исплатени субвенциите за лозарство, овоштарство, добиток, полјоделство, тутун, пчеларство, мали фарми, индивидуални земјоделци и други мерки.Со денешната исплата, исполнети се околу 84 % од средствата предвидени во Програмата за финансиска поддршка на земјоделството.”

-соопшти Аријанит Хоџа преку фејсбук.

Исплатени 866 милиони денари за субвенции за овчарите и градинарите

Денеска директорот на АФПЗРР Никица Бачовски ја објави информацијата дека од платежната агенција реализирале исплата на 633,4 милиони денари за субвенции за одгледувачите на овци и 233,4 милиони денари за градинарите.

“Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на градинарски култури и одгледувачите на овци дека во текот на денешниот ден се процесуираат исплатите за ⬇️

🟢 3124 одгледувачи на овци – 633.4 милиони денари 🐑

🟢 10.574 градинари – 233.4 милиони денари 🥔🌶🥒🍅

Во меѓувреме се обработуваат решенијата за исплата на субвенциите за говеда, овци, пчели и останатите дополнителни плаќања.

Од наредната недела се очекува да започне и надополнувањето на картичките за зелена нафта 🚜

Во текот на летото остануваме посветени на целосна и неселективна исплата на директните плаќања како финансиска поддршка за сите земјоделци. 👨‍🌾👩‍🌾“

-напиша на фејсбук Никица Бачовски- Директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој.

Развојот на земјоделството е одлика на СДСМ, соопшти на прес конференција директорот на АФПЗРР

На прес конференција од партиското седиште на СДСМ Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој Никица Бачовски ги афирмираше политиките и активнистите кои што тие како владеачка партија ги превземале со цел за развој на земјоделството и руралниот развој.

“Развојот на земјоделството и неселективната поддршка за секој земјоделец е одлика на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Нашите политики и заложби се препознаени преку бројните активности, исплати, јавни повици и мерки кои имаат само една цел – финансиска поддршка и достоинствен живот за секој земјоделец, без разлика на политичките и верски определби.”

-рече на прес конференцијата Никица Бачовски по што ги образложи досегашните политики низ бројки со што според него покажуваат дека за СДСМ земјоделието е стратешка и приоритетна гранка.

“Во моментот актуелен е јавниот повик за популарната мерка млад земјоделец, преку која Владата предводена од СДСМ за 4 години додели над 500 договори за неповратен грант од 10.000 евра. Чесно, транспарентно и неселективно.

Течат роковите и за мерка 7 од ИПАРД програмата, каде на располагање се 13.5 милиони евра за поддршка на земјоделците, занаетчиите, претприемачите и туристичкиот сектор во руралните средини. Продолжуваме со успешната приказна со ИПАРД како лидери на Западен Балкан.

Во деновите пред нас продолжува исплатата на субвенциите. Досега се исплатени близу 4 милијарди денари, а со усвоениот ребаланс на располагање се ставени уште 3 милијарди денари за градинарите, сточарите, овоштарите и лозарите. Со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат 115 милиони евра на над 66.000 земјоделци.

Дополнително, во деновите пред нас ќе започне надополнувањето на картичките за зелена нафта. Инвестираме 3 милиони евра во поефтина нафта за над 50.000 земјоделци.

Од денес се објавени и јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште до 3 ха.

Ги отстапуваме државните земјени ресурси на македонските земјоделци. За зголемена економска активност во земјоделството, зголемени обработливи површини и производство на домашни култури.”

-рече директорот Никица Бачовски на партиската прес конференција.

“

.