Институции

Во ЈП “Македонски Шуми” денеска презентиран систем за рана детекција на пожари

Заменик диуректорот на Јавното претпријатие “Македонски Шуми” Кире Михајлов денеска преку социјалните мрежи упати соопшштение до јавноста за намерите на ова јавно претпријатие да воведе и имплементира систем за рана детекција на пожари кои што предизвикуваат огромни штети на претпријатието и државата.

“Во текот на денешниот ден, во просториите на ЈП “Македонски Шуми” одржавме работна средба со господинот Кирил Хуот, претставник на претпријатието ББА инт.(балкан бизнис адвајзори интернационал), претпријатие за зелена технологија и иновации.

На средбата ни беше презентиран систем за рана детекција на пожари од понова генерација, систем кој буквално го детектира пожарот во самиот негов зачеток.

Се работи за систем кој од мрежа на сензори распространети низ шумите кои се полнат соларно, ултра брзо испраќа податоци за она што се случува на терен, т.е. даваат детален опис на промените кои се случуваат таму.

Овој систем не само што значи ултра рана детекција на пожарите, туку истиот можеме да кажеме и дека најверојатно ќе делува и превентивно затоа што испраќа и податоци каде евентуално би можел да се појави пожар.

Во овој момент, на неколку локации низ оваа фирма веќе има отпочнато пилот проекти со поставена мрежа на сензори од каде ќе почекаме конкретни ситуации да видиме како овој систем всушност дејствува.

Пожарите не само во Македонија, туку и во целиот свет се еден од најголемите чинители кои влијаат не само на уништувањето на животната средина, туку и битен сегмент за големите климатските промени кои влијаат на здравјето на граѓаните и воопшто квалитетот на животот.

Токму поради тоа, треба со особено внимание и ангажман да работиме против нивна појава и нивно побрзо санирање доколку за жал некаде веќе се појавиле.”

-напиша на социјалните мрежи Кире Михајлов

АХВ уништи 27.5 t птетно млеко со утврдено присуство на афлатоксин

Нештетно уништени над 27,5 тони небезбедно УХТ млеко поради зголемено присуство на афлатоксин

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со позитивните законски прописи.

Небезбедните количини млеко кои биле наменети за пласман во синџир маркети во земјава, минатата недела под надзор на официјален ветеринар, нештетно се уништени на депонијата Дрисла.

Мострите за лабораториско тестирање на двете небезбедни пратки УХТ млеко, земени се во рамки на Мониторинг програмата која инспекциските служби на АХВ на граничен премин ја реализираат за пратките со храна од животинко потекло кои се увезуваат во земјава.

На 17 јули годинава Агенцијата донесе и Решение за воведување на посебни безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко, како и производи кои содржат згуснато млеко и млеко во прав со кои ги засили официјалните контроли при увоз на овој тип производи од животинско потекло преку вршење на задолжителни лабораториски испитувања и проверки на усогласеноста со барањата за квалитет, со цел на домашниот пазар да се пласираат исклучиво безбедни и квалитетни производи и да се обезбеди фер конкуренција и заштита на домашните производители и потрошувачите.

Работна средба на Министерот Серафимовски со претставници на Асоцијацијата на земјоделци

Проактивната работа на Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Борче Серавимовски овозможува целосна координација, усогласување и партнерски однос на министерството со земјоделците. Потешкотиите со кои што се слоочува овој сектор, може да се решаваат во заедничка комуникација со цел за разгледување на сите релевантни околности за потоа да може да се преземаат целисходни решенија, мерки и активности во интерес на земјоделците.

Во текот на вчерашниот ден работен состанок цо претставници на Асоцијацијата на земјоделци имаше Министерот Серафимовски заедно со дел од неговот тим, каде беа разговарани повеќе актуелни состојби од интерес на земјоделците.

“Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нема затворени врати за земјоделските здруженија. Денес се сретнав со претставници на Асоцијацијата на земјоделци, со кои отворено разговаравме за прашањата што се важни за земјоделците и за предизвиците со кои се соочуваат.

Подготвен сум да ги сослушам сите здруженија и организации што го претставуваат гласот на земјоделците. Различните ставови и предлози се важни, бидејќи само преку искрен дијалог можеме да дојдеме до решенија што ќе бидат применливи и ќе одговорат на реалните потреби.

Земјоделските политики мора да се градат заедно со оние на кои им се наменети.”

-напиша на социјалните мрежи Министерот Серафимовски во врска со овој состанок

Преку uslugi.gov.mk ДИЗ започна со издавање на Уверение за квалитет – сертификат на земјоделски производи, преработки и стоки

Од министерството за дигитална трансвормација ја информираат јавноста за воведувањето на уште една дигитализирана услуга достапна преку националниот портал https://uslugi.gov.mk/.

Станува збор за издавање на Уверение за квалитет – сертификат на земјоделски производи, преработки и стоки кое што го издава Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) отсега целосно во дигитална форма.

Сите граѓани кои што имаат потреба од издавање на ваков докумнт истиот може да го обараат преку системот достапен на сл. линк тука.

Во објаснувањето за постапката објавено на националниот портал стои:

1.Инспекторот по предходно поднесено барање од страна на правното лице извозник на преработен тутун, зема мостри за определување на типот и класата на тутнот кој е предмет на извоз.

2.Инспекторот прави записник и поднесува барање до акредитирана лабраторија за тутун која треба да изврси анализа и проценка на типот, калсата и квалитетот на тутунот.Доколку лабраторијата констатира дека тутонот ги исполнува стадардите за квалитет согласно правилниците за тутун, правното лице преку електронскиот портал поднесува барање за добивање на Уверение за квалитет – сертификат на земјоделски производи, преработки и стоки.

3.По добиеното барање инспекторите во рок од 3 дена на правното лице му издаваат Уверение за квалитет – сертификат на земјоделски производи, преработки и стоки.

а во прилог на објавата се дадени и сите пропратни документи.

Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини

Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции ќе се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Договорите за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој денес ги потпиша министерот Борче Серафимовски, а нивната вкупна вредност изнесува 1.048.509 денари.

Средствата се доделени по спроведен јавен повик, на кој пристигнаа 26 предлози. По завршувањето на административната проверка и постапката за избор, седум од предложените манифестации ги исполнија утврдените услови за добивање техничка поддршка.

„Домашното производство не се зајакнува само со зголемување на произведените количини. Важно е производот да биде препознаен, соодветно вреднуван и да го пронајде својот пат до потрошувачите. Локалните манифестации и саеми ја создаваат токму таа врска, односно  ги доближуваат производителите до купувачите, овозможуваат размена на знаења и искуства и внесуваат нова економска енергија во руралните средини“, порача министерот Серафимовски при потпишувањето на договорите.

Поддршка за организирање на манифестации добија:

•        Здружението за рурален и регионален развој „Блесок“ од Радовиш, за манифестацијата „Од зрно до погача“;

•        Земјоделската задруга „Шари“ од Тетово, за „Ден на задруги 2026“;

•        Здружението за земјоделци „Современо земјоделство“ од Битола, за „Рурална жена – силата на Пелагонија“;

•        Здружението за заштита, промоција и едукација за храна „Слоу Фуд Водно“ од Скопје, за „Храна за сите“;

•        Здружението за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје „Винотек“ од Кавадарци, за „Тиквешија плодна лоза благородна 2026“;

•        Здружението на конвивиум „Слоу Фуд Прилеп“ од Прилеп, за „Корени и трпеза – рурална жена денес“;

•        Општина Кратово, за манифестацијата „Компиријада 2026“.

Со поддршката на овој тип на манифестации, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да создава простор македонските земјоделски производи да допрат до повеќе потрошувачи, а руралните средини во поголем обем да ги искористат своите производствени, туристички и економски потенцијали.

Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, присуствуваше на отворањето на **Smart Nursery**, современ расадник за производство на саден материјал од лешник, реализиран во соработка со меѓународни партнери, научната заедница и приватниот сектор.

Пред свеченото отворање, Хоџа го посети и современиот погон за преработка на лешници, каде што одблиску се запозна со современата технологија и процесите на селекција, сортирање, миење, печење, мелење и пакување на финалниот производ, согласно современите стандарди на прехранбената индустрија.

Во своето обраќање, Хоџа истакна дека современото земјоделство бара инвестиции во знаење, технологија и иновации, оценувајќи дека ваквите проекти создаваат додадена вредност, ја зголемуваат конкурентноста на домашното производство и отвораат нови можности за земјоделците.

„Квалитетниот саден материјал е основа за успешно производство. Кога на едно место се поврзани производството на садници, современата технологија и преработката на земјоделските производи, се создава модел што носи додадена вредност за целиот сектор. Тоа е патот по кој треба да се развива нашето земјоделство“,истакна Хоџа.

Тој упати честитки до Бошко Нелкоски, неговото семејство и сите партнери за реализацијата на проектот, нагласувајќи дека ваквите иницијативи се доказ дека соработката меѓу приватниот сектор, институциите и меѓународните партнери носи конкретни резултати и придонесува за модернизација на македонското земјоделство.

Оглас за асситент на постојаниот твининг советник, кој треба да се ангажира во рамките на тековниот твининг проект Зајакнување на националниот фитосанитарен систем

Делегацијата на Европската Унија во Република МАкедонија го објави повикот за пријавување на кандидати за ангажирање на Советник кој што треба да извршува работни задачи во рамки на твининг проектот за Зајакнување на националниот фитосанитарен систем

Институција која огласува: Delegation of the european union

Рок на пријавување: 29/07/2026

0. TW MK 24 IPA AG 01 24_RTA Assistant_Vacancy_ENG

0. TW MK 24 IPA AG 01 24_RTA Assistant_Vacancy_МК

0. TW MK 24 IPA AG 01 24_RTA Assistant_Vacancy_ALB

Извор: МЗШВ

Во тек се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари

На веб страницата на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство се објавени огласите за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 ha.

Институција која огласува: МЗШВ

Рок на пријавување: 11/08/2026

ЈАВЕН ПОВИК БР.01/26

ЈАВЕН ПОВИК БР.02/26

ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26

ЈАВЕН ПОВИК БР.04/26

ЈАВЕН ПОВИК БР.05/26

Извор: МЗШВ

Јавен повик за ангажман на градежен инженер на Проектот за модернизација на земјоделството

Министерството за земјодели, шумарство и водостопанство објави повик за ангажирање на градежан инжинер со 10 годишно работно искуство за следење на реализација на активности поврзани со изградба и реконструкција на инфраструктурни објекти, подготовка на техничка документација, следење на градежните работи, како и обезбедување усогласеност со националните стандарди и договорните обврски.

Институција која огласува: Проект за модернизација на земјоделството

Рок на пријавување: 13/08/2026

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за изразување интерес за ангажирање индивидуален консултант – градежен инженер со скратено работно време, во рамки на Проектот за модернизација на земјоделството, кој се реализира со финансиска поддршка од Светска банка.

Ангажираниот инженер ќе биде вклучен во надзор и координација на активности поврзани со изградба и реконструкција на инфраструктурни објекти, подготовка на техничка документација, следење на градежните работи, како и обезбедување усогласеност со националните стандарди и договорните обврски.

Кандидатите треба да имаат завршено градежен факултет, најмалку 10 години работно искуство, од кои најмалку седум години на слични проекти, како и искуство со управување на градежни проекти, FIDIC-договори и познавање на националната регулатива во областа на градежништвото.

Потребно е и активно познавање на англискиот јазик и работа со компјутерски алатки.

Ангажманот е предвиден за период од 16 месеци, со вкупно 100 работни денови, а пријавите за изразување интерес може да се достават најдоцна до 13 август 2026 година, до 12:00 часот.

Request for Expressions of Interest Individual Consultant – Civil Engineer (part-time)

Terms of Reference Individual Consultant Civil Engineer (part-time)

Падна снег на Кралот на планините во Македонија- Пелистер изгледа монументално во овој период од годината

Од менаџментот на Националниот парк Пелистер во Битола на социјалните мрежи споделија неколку фотографии на кои се гледа снежна покривка на врвот на планината Пелистер.

Врвот Пелистер со своите 2.601 м надморска височина, претставува трет највисок планински врв во Македонија. Често името на врвот Пелистер, се користи и како име за самата Баба Планина и синоним за градот Битола. Пелистер е воедно прогласен за национален парк во 1948 година, тој има вкупна површина од 17.150 хектари и географската положба на паркот е 40°57’ СГШ и 21°14’ ИГД. Го опфаќа врвот Пелистер и се протега на падините на Баба Планина.

“Снег на Пелистер и во лето. Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покажи дека мора да го почитуваме.

Благодарност до сите вработени во пунктот на Национална радиодифузија на Врв Пелистер кои секогаш први не известуваат за сите изненадувања кои ги има Баба Планина.

Фотографии на Oliver Tarasovski”

-стои во објавата на фејсбук страницата на Националниот парк Пелистер.