СДСМ се пофалија со грижа за земјоделците како нивен највисок приоритет

Сподели на социјални мрежи

Од СДСМ на прес конференција од партиското седиште во јавноста се пофалија дека за нив како партија дека грижата за земјоделците е нивен највисок приоритет.

Гоце Георгиевски кој што е претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ во оваа насока ја истакна мерката “зелена нафта” со која што како власт го субвенционираат најголемиот трошок кај земјоделците- нафтата за земјоделската механизација.

“Грижата за земјоделците и земјоделството останува еден од врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

За тоа сведочи мерката „зелена нафта“, која е една од најзначајните мерки која ја ветивме за земјоделците и ја остваруваме во континуитет, веќе трета година по ред.

Како одговорна власт, го субвенционираме најголемиот трошок во земјоделското производство, а тоа е нафтата за земјоделската механизација.

Оваа година како и лани, државата субвенционира 50% од трошокот за нафта, што на земјоделците им дава можност да точат гориво за цена која е половина поевтина од пазарната.

Над 40.000 земјоделци или точно 40.620 земјоделци ќе добијат картички за зелена нафта, а вкупната вредност на оваа мерка е 200 милиони денари или близу 3,2 милиони евра,

Ова се сериозни средства кои завршуваат назад кај земјоделците токму во време кога имаат најмногу активности на поле.”

-соопшти Гоце Георгиевски од СДСМ.

Целата прес конференција во продолжение:

За авторот на овој текст


Сподели на социјални мрежи