Бизнис

Исплатени над 110 мил. денари субвенции на млекопроизводителите

Денеска од страна на Министерството за финансии по налог на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство беа исплатени над 110 милиони денари субвенции за предадено млеко на од страна на земјоделците на млекопреработувачките капацитети во државата.

Над 5600 земјоделци кои произведуваат и продаваат млеко на домашните млекари во услови на криза ќе можат барем делумно да ги подмират своите долгови и ако остане нешто пари да инвестираат во своето производство за да опстојат и понатаму, наспроти негативните ефекти на актуелната криза во државата.

“Близу 1️⃣1️⃣2️⃣милиони денари субвенции денеска се исплатени на 5.664 млекопроизводители,за произведено и предадено млеко. 🤝

Продолжуваме и во време на глобална криза да даваме финансиска поддршка, како стимул за одржување на благосостојбата во сточарството, еден од најважните сектори во македонското земјоделство и економија.

#работа

#ефикасност

#резултати

#МЗШВ

-соопшти за јавноста Министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

Јавен повик за аплицирање за закуп на земјоделско земјиште до 3 ха

ЈАВЕН ПОВИК бр.03/22

за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари

I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионите Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга, Струмица, Тетово, Валандово и Гевгелија.

Предмет на постапката на овој повик може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое има насад кој не е подигнат од страна на поранешен корисник на земјоделско земјиште во државна сопственост кој користењето го имал врз основа на склучен договор, акт на орган на државната управа или единица на локалната самоуправа или судска одлука врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

II.МАКСИМАЛНА ПОВРШИНА И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКАТА

Површината за која што може еден понудувач самостојно со геодетски елаборат да достави понуда и да ја добие по јавниот повик (за една, повеќе парцели или дел од катастарска парцела) изнесува најмногу до 3 хектари.

III.НАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЗАКУПОТ

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за:

  • одгледување на надолгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години,
  • одгледување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
  • одгледување на маслинарници за период до 50 години,

IV.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Право на учество на јавниот повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица, поврзано физичко лице со правно лице и индиректно поврзани лица во правно лице имаат право на учество на јавниот повик и можат да достават само една понуда за учество.

Физичките лица треба да се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавен повик доколку имаат регистрирано подружници во Република Северна Македонија.

На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно – истражувачки дејности.

Право на учество на јавниот повик немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост и даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување.

Право на учество на јавниот повик немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.

V.ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА ПОНУДУВАЧОТ ТРЕБА ДА ЈА ДОСТАВИ СО ПОНУДАТА

Учесниците на јавниот повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп треба да достават:

а) за правни лица:

  • пoнуда (образец од подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или од веб страната на Министерството www.mzsv.gov.mk);
  • доказ (акт) издаден од Централниот регистар на Република Северна Македонија за извршениот упис во трговскиот регистар или од друг надлежен орган за упис на правните лица,
  • доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување,
  • бизнис план кој содржи основни податоци за учесникот, целта за која ќе го користи земјиштето, применета технологија, број на вработени, пазарни аспекти и очекувани производно-економски резултати и износ на планирана инвестиција (бизнис планот треба да биде потпишан на секоја страна од страна на управителот на правното лице или од овластено лице за потпис со прилог овластвање заверено на нотар),
  • изјава дадена под целосна материјална и кривична одговорност дека понудата се поднесува независно без договор со другите учесници на јавниот повик, а која е во спротивност на членот 24 од овој закон,
  • изјава заверена на нотар за веродостојноста на податоците дадени со пријавата за учество,
  • доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послуга заверени на нотар),
  • понуда за износот на годишната закупнина,
  • изјава (заверена на нотар) од основачите и одговорното лице во правното лице дека не биле основачи или управители на правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и
  • геодетски елаборат за кое земјоделско земјиште во државна сопственост се однесува понудата за добивање во закуп (изработен од страна на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи со кој ги определуваат катастарските податоци со точни мери и граници на земјоделското земјиште во државна сопственост над кое постои долгогодишен насад).

б) за физички лица:

  • понуда (образец од подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или од веб страната на Министертвото www.mzsv.gov.mk);
  • доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување,
  • фотокопија од лична карта,
  • потврда за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства, решение за регистриран вршител на земјоделска дејност или доказ од централен регистар за регистриран трговец поединец,
  • програма за користење на земјиштето која содржи основни податоци за семејството, техничко – технолошката опременост, целта за која ќе го користи земјиштето и пазарните аспекти и износ на планирана инвестиција (програмата треба да биде потпишна на секоја страна од подносителот на понудата),
  • изјава за веродостојноста на податоците дадени со пријавата заверена на нотар,
  • изјава дадена под целосна материјална и кривична одговорност дека понудата се поднесува независно без договор со другите учесници на јавниот повик, а која е во спротивност на членот 24 од овој закон,
  • доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послуга заверени на нотар;
  • понуда за износот на годишната закупнина,
  • изјава заверена на нотар дека не бил основач или одговорно лице во правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и
  • геодетски елаборат за кое земјоделско земјиште во државна сопственост се однесува понудата за добивање во закуп (изработен од страна на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи со кој ги определуваат катастарските податоци со точни мери и граници на земјоделското земјиште во државна сопственост над кое постои долгогодишен насад).

На овој јавен повик може да се достави Геодетски елаборат изготвен и пред објавата на повикот, доколку податоците соодветствуваат со катастарските индикации во Агенцијата за катастар на недвижности во моментот на доставување на понудата, со прилог на нов имотен лист (не постар од денот на објавата на јавниот повик) за земјоделското земјиште предмет на понудата.

Потребната документација се доставува во оригинал или во фоткопија заверена на нотар (освен личната карта за физичките лица).

Образецот за учество на јавниот повик треба да биде пополнет целосно со сите потребни податоци, во спротивно понудата нема да биде разгледувана.

Условите предвидени во бизнис планот (за правни лица), односно пазарните аспекти (кај физички лица) ќе бидат составен дел на договорот со избраниот понудувач како договорни обврски кои ќе биде должен да ги исполни во обемот, роковите и на начинот како што ќе бидат опишани во договорот.

Некомплетни и ненавремено доставени понуди по јавниот повик нема да се разгледуваат.

VI.КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ И СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЗАКУП

Изборот на најповолен понудувач во постапка по јавен повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, се врши согласно Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде во закуп („Службен весник на Република Македонија“ бр.12/08, 26/12, 2/13, 158/13, 110/15, 120/15, 129/15, 27/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.16/20), и тоа врз основа на следните критериуми:

-оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот повик – 65 бодови.

-понудена годишна закупнина по хектар – 25 бодови.

-правниот статус на понудувачот – 10 бодови.

Критериумот оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот повик значи дека одалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на катастарската парцела што се објавува се наоѓаат во иста катастарска општина и се бодира со максимален број на бодови. Доколку понудувач е подружница на домашно правно лице се зема во предвид седиштето на правното лице кое ја основало подружницата.

Критериумот од понудена годишна закупнина по ха се бодира согласно формулата понудената годишна закупнина по хектар поделена со највисоката годишна закупнина по хектар, помножена со максималниот број на бодови кои можат да се добијат согласно овој критериум при што:

С= (П/Пмах) х 25

С –број на бодови

П – понудената закупнина

Пмах- највисока понудена закупнина

Критериумот правниот статус на понудувачот се бодира со максимален број на бодови за понудувач кој е регистриран вршител на земјоделска дејност или осигуреник во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување како индивидуален земјоделец, трговец поединец или правно лице кои ги исполнуваат условите од член 24 од Законот за земјоделското земјиште.

Максималната површина на која може да аплицира еден понудувач не може да биде поголема од 3 хектари.

Договорот за закуп со избраниот понудувач се склучува во рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето за избор на најдобар понудувач.

Доколку во рок од 30 избраниот понудувач не го склучи договорот за закуп, Министерството го склучува договорот со следниот рангиран понудувач согласно со неговата понуда. Следниот рангиран понудувач за склучување на договор се утврдува врз основа на извештајот за евалуација на понудите изготвен од страна на надлежните комисии за давање под закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост под закуп.

Избраниот понудувач кој нема да го склучи договорот за закуп во рокот е должен во рок од 15 дена од истекот на рокот за склучување на договорот за закуп на име надоместок на штета да плати износ во висина на понудената годишна закупнина.

Договорот за закуп влегува во сила со денот на воведувањето во владение на закупецот врз земјоделското земјиште предмет на договорот од страна на закуподавачот и тоа само за површините за кои е воведен во фактичка власт.

Земјоделското земјиште предмет на договор за закуп кое нема да биде ставено во владение на закупецот во рок од една година од денот на склучувањето на договорот, може да биде предмет на нови постапки предвидени согласно со овој закон за давање на земјоделското земјиште во државна сопственост во закуп или плодоуживање.

За земјоделското земјиште во државна сопственост кое по пат на јавен оглас или јавен повик ќе се додели во закуп на физичко лице на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот настапува три години по влегувањето во сила на договорот за закуп.

Доколку трговското друштво во периодот до три години по влегувањето во сила на договорот за закуп го промени управителот или извршниот директор со лице на возраст над 40 години, обврската за плаќање на закупнина ќе се смета дека настапила од денот на влегувањето во сила на договорот за закуп.

VII. НАЈНИСКИОТ ИЗНОС НА ГОДИШНА ЗАКУПНИНА

Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните лица е во износ на просечна годишна закупнина во регионот за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп постигната во последните три години.

Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните понудувачи за:

Доколку не се исполнети условите од овој jавен повик, Комисијата ќе ја отфрли таквата понуда како недопуштена.

Понудите кои не ја содржат целата потребна документација, кои се поднесени по истекот на рокот за поднесување, означен коверт со кој би можел да се идентификува понудувачот, понуди помали од најнискиот износ на годишна закупнина, или се поднесени од лице кое нема право да поднесува понуди, како и понудите кои не се изработени според условите утврдени во јавниот повик се отфрлаат како некомплетни.

VIII.ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА

Образецот за учество на јавниот повик (понудата) се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од понудувачот.

Секој понудувач може да достави само еден оригинален образец (понуда).

Понудите за земјоделското земјиште во државна сопственост за кое по службена должност Комисијата ќе утврди дека е востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп (објавени на јавни огласи кои се во постапка и слично), Комисијата ќе ги отфрли како недопуштени.

Понудите со поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Понудата и другата документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај” “Понуда по Јавен повик бр.03/22 за давање на земјоделско земјиште под закуп во регион (се впишува регионот)“ и во средина “Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2 Скопје“.

Ковертот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува понудувачот, односно испраќачот.

IХ. ОБРАЗЕЦ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК (ПОНУДА)

Образецот за учество на јавниот повик (понуда), може да се подигне во подрачните единици на Министерството или од веб страната на Министертвото www.mzsv.gov.mk;

и истиот мора да се пополни со сите потребни податоци и да се достави со потребната документација во затворен коверт, во спротивно понудата нема да биде разгледувана.

Х.ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За допонителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02/3134-477 или да ја посетат веб страната на Министерството www.mzsv.gov.mk

Објавен повик за кофинансирање на набавени педигрирани чистокрвни или хибриди свињи од АФПЗРР

Сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство врз основа на Законот за земјоделство и рурален развој кои што извршиле набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи од увоз или од признати организации согласно законот за сточарство во периодот од 1 октомври до 31 декември 2021 година имаат право да поднесат електронско барање за поврат на одреден процент на направените трошоци за ваквата набавка.

Станува збор за имплементација на Мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства која се спроведува во рамки на програмата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој за 2022 година.

Оваа мерка се кoфинансира од страна на АФПЗРР во висина од 50% од направените трошоци од страна на апликантите по принцип на поврат на направени трошоци. Ставката за кофинансирање се зголемува на 55% за млади земјоделци, за инвестиции во подрачја со ограничени можности оваа ставка се зголемува на 60% или на 65 кога аплицира млад земјоделец во подрачје со ограничени можности. За инвестиции направени во непристапни рурални заедници поддршката изнесува 75% поврат на сретства од направените трошоци.

Секој земјоделец кој што ги исполнува барањата на повикот може да аплицира електронски на интернет апликацијата достапна на www.e-baranje.ipardpa.gov.mk

Во новата ИПАРД програма овозможено е авансирање на 30% од износот добиен од АФПЗРР за реализација на проекти

Министерот за земјоделие шумарстов и водостопанство Љупчо Николовски имаше свое гостување во емисијата “Аграр” на Македонската телевизија. Тој помеѓу останитите земјоделски политики и мерки кои што ги имплементираат како манистерсво зборуваше и за придобивките од мерките во ИПАРД програмата за Македонските земјоделци.

#ИПАРД е една успешна приказна што продолжува. Со новата ИПАРД 3 програма секоја една инвестиција, секој еден корисник, кој ќе аплицира ќе има можност да добие 30 до 50 отсто предфинансирање со самото склучување на договорот за проектот.

👉Тоа би значело дека ако инвестицијата е 100.000 евра, Платежната агенција на инвеститорот му враќа 60% односно 60.000 евра, а преку новата мерка корисникот ќе може авансно да земе 30.000 евра веднаш по потпишувањето на договорот, а пред да започне со инвестиција.

✅Ставаме на располагање 3️⃣5️⃣ милиони евра со првиот јавен повик од ИПАРД оваа година.”

-соопшти Љупчо Николовски- Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Доделени договорите за финансиска поддршка за мерка 7 од ИПАРД 2 програмата

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени договорите за финансиска поддршка за мерка 7 од ИПАРД 2 програмата.

Во рамки на минатогодишниот повик аплицираа повеќе земјоделски стопанства низ целата држава а по проверката на потребната документација беа доделени договори од Агернцијата за поддршка на земјоделието и руралниот развој според кои ќе се врши имплементацијата и исплатата на финансиските сретства на економските оператори.

Станува збор за реализација на инвестиции во повеќе подграни од областа на земјоделието и руралниот развој во вредност од на 20 милиони евра.

“Нови хотели, ресторанти, индустриски објекти, дестилерии и опрема за производство на пчелни производи.

Ова се дел од инвестициите за кои денеска доделивме договори за финансиска поддршка од Мерка 7️⃣ од ИПАРД 2 програмата.

Инвестициите се предвидени во сите региони низ 🇲🇰, што оди во прилог на заложбите за регионален рамномерен развој.

Со потпишувањето на договорите со сите соодветни апликанти се очекува да започнат со реализација инвестиции со вредност која надминува 2️⃣0️⃣ милиони евра. Сериозниот пристап во управувањето со европскиот фонд за земјоделство и рурален развој е препознаен од нашите 🇪🇺 партнери, но најважно е што бенефитите и придобивките веќе се видливи помеѓу нашите граѓани како крајни корисници на средствата.

Модернизацијата на земјоделството и развојот на микро и малите претпријатија од руралните средини останува во фокусот на ИПАРД. ✅

Честитки за добитниците и посакувам успешна реализација на инвестициите.”

-соопшти Никица Бачовски- Директор на АФПЗРР по повод денешното доделување на договорите.

Пред Св. Трифун исплатени над 575 милиони денари субвенции за лозарите

Во петокот Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 13.854 субјекти исплати над 575 милиони денари. Станува збор за исплата на апликантите кои правно законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка по мерката „директни плаќања по обработлива земјоделска површина за оддржување на постоечки лозови насади“.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека средствата кон лозарите се исплаќаат пред празникот „Свети Трифун“ кога и официјално почнуваат теренските активности и подготовката за производство на новата реколта на домашно произведено грозје и вино.

„ Како и сите години претходно така и оваа, средствата за лозарите ги исплаќаме во време кога лозарите имаат најмногу активности за подготовка на насадите за новата реколта. На тој начин, правиме се за да ги ублажиме трошоците што лозарите ги имаат за да произведат квалитетно трпезно грозје, како и суровина за производство на квалитетно вино или ракија. Преку креирање на мерки и програми Агенцијата, Владата и МЗШВ ќе продолжат да создаваат поволни услови за раст и развој на секторот земјоделство.“ – истакна Бачовски.

Агенцијата како и досега ќе продолжи со праксата на неселективна исплата на субвенции за сите кои правно – законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка.

Ќе се преиспитува концесијата за користење на геотермални води во с. Истибања, виничко

Веќе подолги години помеѓу јавноста во Виница но и во поширокиот регион на реката Брегалница се афирмира прашањето за искористувањето на геотермалните води кои што постојат како природен ресурс во селото Истибања.

Несоодветниот третман на ова прашање со целосното негово должно внимание од страна на надлежните власти и целокупната јавност допринесе во минатите години многу мала искористеност на благодетот кој што го носи овој природен ресурс со себе, од здравствена и економска гледна точка.

Во моментот со овој природен ресурс стопанисува приватен правен субјект за потребите на оранжериско производство на градинарски култури, но вистинскиот и целосен потенцијал на природните геотермални води кои што се присутни на ова поднебје не е до крај искористен.

Моменталниот капацитет на извориштето на геотермални води кај селото Истибања е околу 50 литри во секунда со температура на водата од околу 79 степени целзиусови. Вака дефинираните основни техники параметри претставуваат солидна основа за развој на повеќе економски дејности за целосно да биде искористен потенцијалот на геотермалната вода.

Врз основа на укажаната потреба за што подобро искористување на геотермалните води во село Истибања, повеќе граѓани преку советниците во општинскиот совет во Виница поднесоа иницијатива за преиспитување на концесијата за искористување на геотермалните води од страна на постојниот економски субјект кој што стопанисува со овој природен ресурс.

“Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалцијата за Обнова на Македонија поднесе две инцијативи до Советот на општина Виница.

➡️ Првата е преиспитување на концесијата на минерална суровина-геотермални води на локалитетот “Истибања” во општина Виница.

➡️ И втората е за вонреден инспекциски надзор за експлоатацијата на песок во река Осојница.

Двете иницијативи, како што образложија советниците, се на барање на жителите на с.Истибања и с.Јакимово.

Јас, како градоначалник и општинската администрација ќе направиме се’ што е во наша надлежност овие иницијативи да добијат завршница, односно советниците и сите граѓани на општина Виница да добијат одговор на прашањата наведени во самите иницијативи подолу. 👇

-соопшти градоначалникот на општина Виница Миле Петков во врска со поднесените иницијативи во општинскиот совет.

Извор: Брегалнички Портал

АФПЗРР исплати сума од 260 милиони денари за повеќе мерки за поддршка на земјоделците

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој денеска во јавноста соопшти за исплатени нов фонд на финансиски сретства на сметките на земјоделците.

“Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на субвенции по повеќе мерки ⬇️

⚫На сметките на 7689 лица исплатени се 84.4 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности (ПОМ).

⚫ Исплатени се 63.6 милиони денари за предадени јагниња во кланичен капацитет.

⚫ На сметките на сите живинари кои имаат пријавено заклани бројлери во кланични капацитети од мај 2019 – септември 2020 исплатени се 8.5 милиони денари.

⚫ Исплатена е поддршката за саден и семенски материјал и тоа – 39.3 милиони денари за произведен лозов и овошен саден материјал и 35.3 милиони денари за произведен сертифициран семенски материјал.

⚫ 27.2 милиони денари се исплатени за субјектите кои пријавиле дека имаат одгледани и продадени или заклани амортизирани несилки.

Со овие исплати се опфатени над 9000 апликанти со сума од 260 милиони денари. ✅

-соопшти преку социјалните мрежи директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.

Доделени првите договори за мерката „Млад земјоделец“ информираат од АФПЗРР

Заменик – министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот и заменик – директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и Ремзи Абдилахи, денеска во просториите на МЗШВ, свечено ги доделија првите договори на младите земјоделци, добитници на грант до 10.000 евра.

Финансиската поддршка е наменета за млади земјоделци на возраст до 40 години, кои имаат желба и бизнис идеја за започнување земјоделска дејност. Подршката во форма на неповратен грант до 10.000 евра по корисник е обезбедена од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, мерка 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.

„Младите ја препознаваат можноста која им ја нуди државата, токму земјоделското производство да им биде примарен извор на егзизстенција. На последниот повик за мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, пристигнаа 111 апликации. Од нив 50 апликанти ги исполнија условите и со нив ќе бидат потпишани договори за добивање финансиска поддршка во форма на неповратен грант, со вредност до 10.000 евра по корисник. Овие средства се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и претставуваат иницијална поддршка од државата за младите земјоделци да можат полесно да започнат сопствен бизнис, да создадат нови брендови на пазарот, да инвестираат во нови дејности преку кои ќе ги реализираат своите идеи“

-изјави заменик министерот Димковски.

Тој додаде дека сите одобрени грантови, се врз основа на добри деловни планови кои имаат развојна компонента, го таргетираат домашниот пазар, користат сопствени ресурси и имаат компонента за модерно производство, со примена на добри земјоделски практики и грижа за животната средина.

Димковски им честиташе на сите добитници на грант и упати порака кон младите земјоделци, да продолжат да и веруваат на својата држава и институциите, нагласувајќи дека Министерството и Агенцијата ќе продолжат и понатаму да креираат мерки со кои ќе ги поттикнуваат младите овде, дома, да ја градат својата иднина. Тој им порача храбро и мотивирано да ги инвестираат парите со надеж дека ќе успеат да ја мултиплицираат вредноста на грантот.

Радува податокот што на последниот повик за мерката „Малд земјоделец“, подеднакво бил голем интересот и кај жените и кај мажите кои се на возраст до 40 години. Oд 50 апликации дури 22 се одобрени на жени носители на земјоделското стопанство, а 28 се мажи. Тоа се млади кои се регистрирани како индивидуални земјоделци регистрирани согласно законот за вршење на земјоделска дејност и Законот за пензиско и инвалидско осигурување, што значи дека земјоделската дејност им е главен извор за остварување на приходи.
При тоа, побарувањата за грант се од сите земјоделски гранки: млекарство, сточарство, пчеларство, овоштарство, винарство, производство на сточна храна како и набавка на земјоделска механизација.

„Овие 50 млади апликанти ќе реализираат инвестиции во сите региони на Република Северна Македонија што значи дека во повеќе делови од државава ќе се отворат нови бизниси и нови работни места. Инвестирањето во вистинските, младите земјоделци е стратешки пристап на Владата и надлежните институции, со цел да се развива и модернизира секторот земјоделство. Само со вложување во младите до40 години може да влијаеме на одливот на млади и на миграцијата село – град. “

-изјави Бачовски.

Интересот на младите да започнат сопствен бизнис и тоа токму во земјоделскиот сектор, секоја година расте. Тоа е и европски тренд, кој е тесно поврзан со зголемувањето на свеста за значењето на живот во здрава и еколошка средина и препознавање на земјоделското производство како профитабилен бизнис.

А сето ова значи дека грижата на државата преку поддршката наменета токму за нив, дава резултати!

Извор: АФПЗРР

АФПЗР исплати над 220 милиони денари за произведено и предадено млеко- трета фаза за 2020 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6.469 субјекти, исплати 220.265.958,00 денари за трета фаза произведено и предадено млеко.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на средства од мерката „директни плаќања за произедено кравјо, козјо и овчо млеко“.

„Согласно оваа мерка финансиска поддршка од 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко е исплатена за фармерите кои имаат произведено кравјо млеко, додека 4,5 денари по литар добиваат сточарите кои во период мај – септември произвеле и предале овчо и козјо млеко. Заедно со денешната исплата од над 220 милиони денари на сметките на сточарите само за произведено и предадено млеко во 2020 година, исплатени се вкупно 483 милиони денари. “

– информира Бачовски.

Средства за исплата на земјоделски субвенции има, земјоделците се наш партнер и грижата за овој сектор е приоритет на оваа Влада. Агенцијата продолжува со пракса на неселективна исплата за сите кои правно – законски ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка во земјоделството.

Извор: АФПЗРР