Бизнис

Aплицирање за дополнителни директни плаќања сертифицирани како растително и сточарско органско производство

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите земјоделци дека е во тек аплицирањето за дополнителни директни плаќања за растително и сточарско производство кои се сертифицирани како органско производство и производство во преод

Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои имаат сертифицирано растително и сточарско органско производство и производство во преод согласно Законот за органско земјоделско производство или пак имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство.

„За оваа мерка корисници можат да бидат и откупувачи и трговци запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено или пак вршат трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло.“

– информира Бачовски.

Барања за добивање на финансиска поддршка можат да поднесат и сите земјоделски стопанства кои имаат добиено сертификат за органско производство и тоа за кофинансирање на трошоците за стручна контрола и сертификација во висина од 50%.

Крајниот рок за поднесување на барања е до 25 декември. Апликациите се доставуваат со логирање на веб страна на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk „директни плаќања е – барање “

Извор: АФПЗРР

Соопштение од Винаријата Тиквеш во врска со синоќешните инциденти пред нивната капија во Кавадарци

Во врска со синоќешните протести кои прераснаа во немири и предизвикаа рушење на оградата на погонот на винаријата Тиквеш во Кавадарци, преку социјалните мрежи свое кратко соопштение упатија од страна на менаџментот на винаријата.

Истото го пренесуваме интегрално во продолжение:

“И покрај тоа што „Тиквеш“ е единствената македонска винарница која оваа година нуди највисоки цени за грозјето, ја почитува договорената цена за откуп на вранецот и смедеревката и се обврза на најголем откуп досега, сепак денеска беше доведена во ситуација привремено да го прекине откупот.Прекинот беше предизвикан од неколкумина поединци кои се обидоа да манипулираат со квалитетот на грозјето и кои на крајно некоректен и насилнички начин го блокираа влезот на винарницата и со тоа им попречија на над 200 лозари кои денеска беше планирано да го предадат своето грозје во „Тиквеш“.

Упатуваме апел до сите лозари кои напорно работеле во текот на целата година да не подлегнуваат на провокации од поединци кои не се вистински лозари, туку работат во исполнување на нечија агенда. Како општествено одговорна компанија „Тиквеш“ гарантира дека од својата страна и понатаму ќе продолжи доследно да ги почитува сите преземени договорни обврски кон лозарите, но истовремено го очекува истото и од своите партнери.”

-напишаа на фејсбук од менаџментот на винаријата Тиквеш.