Македонија ќе дисеминира знаење на Црна Гора за искористување на средства од ИПАРД и воведување на ИАКС систем

Сподели на социјални мрежи

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска во просториите на АФПЗРР, имаше средба со министерот за земјоделство на Република Црна Гора Александар Стијовиќ и со државната секретарка за земјоделство на Црна Гора Николина Мишниќ.

На состанокот се разговараше, како двете институции да обезбедат меѓусебна соработка и взаемно да си помагаат во насока на развој и јакнење на административната структура како и зголемена апсорпција на средствата и од националниот, но и од ЕУ Буџетот. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, истакна дека со интензивирањето на комуникацијата на политичко и техничко ниво се отвараат и нови можности за размена на искуства и меѓусебно помагање на патот кон ЕУ и за двете земји.

„Република Северна Македонија преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руреалниот развој, веќе долго време ја реализира ИПАРД програмата. Најдобар доказ дека и институцијата и земјава имаат капацитет за нејзина успешна имлементација е целосното искористување на расположливите средства одобрени од ЕУ, преку ИПАРД 2 програмата. Потврда дека сме лидер во регионот за искористување на средствата од ИПАРД 2, пристигна и од Директоратот за земјоделство на ЕУ. Ние имаме и капацитет и желба за дисеминација на досегашното искуство и знаење на земјите од регионот кои се на почеток на патот од евроинтегративниот процес. Со задоволство, заедно со целиот мој тим, стоиме на рсполагање да ги споделиме искуствата од областа на директните плаќања, имплементцијата на ИПАРД програмата како и креирањето и користењето на ИАКС системот.“

– истакна Бачовски.

Министерот за земјоделство на Црна Гора, Стијовиќ, истакна дека добредоојдени се сите искуства и насоки се со цел успешна имплементација на ИПАРД програмата во Црна Гора, но и апсорпцијата на средствата од националниот буџет.

„Заедничкото минато, географската близина, и досегашното искуство се гарант за успешна соработка во иднина.Имаме многу што да научиме од институционалната меморија на вашите служби и се надеваме дека вашата поддршка во нашите реформи нема да изостанат.“

– истакна Стијовиќ.

Двете институции, заедно со МЗШВ во наредниот период ќе склучат и договор за соработка со што и официјално ќе почне меѓусебната соработка.

Извор: http://www.ipardpa.gov.mk/

За авторот на овој текст


Сподели на социјални мрежи