Цветан Трипуновски: Од 2014 до денес вработеноста во земјоделието е намалена за 32 илјади вработени помалку
Какко реакција на јавниот настап на Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски а во насока на објективно посочување на фактите за состојбите во областа на земјоделието своја реакција до граѓаните упати Цветан Трупуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој во реакцијата преку конкретни бројки ја објаснува актуелната состојба со вработеноста во аграрниот сектор во споредба со минатото кога ВМРО-ДПМНЕ беше власт во државата:
“Денес испровоциран од лицемерниот настап на #ЉупчоНиколовски каде без срам и перде од петни жили се обидува да ја замајува јавноста, и неговите погубни политики во земјоделството да ги прикаже како развојни.
Затоа преку бројки и со факти сакам да го демантирам, а на јавноста да и ја презентирам реалната состојба во македонскиот аграр.
Во 2014 год. учеството на вработени во сектор земјоделство бил 18,5% или 127 438 вработени
Во 2020 год. учеството било со 12% или изразено во бројка со 95 545 вработени.
Замислете за период од 6 години падот е 6,5 % или речиси 32 000 вработени помалку, заради Вашата неспособност 32 0000 поранешни вработени во секторот сега се социјални случаеви или аргатуваат во странство
Затоа “успешно” министерче по други пуТ ако сакаш да направиш добро за македонскиот аграр и руралната жена треба уште денес да го напуштиш Министерството.”
-стои во реакцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.