Преку uslugi.gov.mk ДИЗ започна со издавање на Уверение за квалитет – сертификат на земјоделски производи, преработки и стоки
Од министерството за дигитална трансвормација ја информираат јавноста за воведувањето на уште една дигитализирана услуга достапна преку националниот портал https://uslugi.gov.mk/.
Станува збор за издавање на Уверение за квалитет – сертификат на земјоделски производи, преработки и стоки кое што го издава Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) отсега целосно во дигитална форма.
Сите граѓани кои што имаат потреба од издавање на ваков докумнт истиот може да го обараат преку системот достапен на сл. линк тука.
Во објаснувањето за постапката објавено на националниот портал стои:
1.Инспекторот по предходно поднесено барање од страна на правното лице извозник на преработен тутун, зема мостри за определување на типот и класата на тутнот кој е предмет на извоз.
2.Инспекторот прави записник и поднесува барање до акредитирана лабраторија за тутун која треба да изврси анализа и проценка на типот, калсата и квалитетот на тутунот.Доколку лабраторијата констатира дека тутонот ги исполнува стадардите за квалитет согласно правилниците за тутун, правното лице преку електронскиот портал поднесува барање за добивање на Уверение за квалитет – сертификат на земјоделски производи, преработки и стоки.
3.По добиеното барање инспекторите во рок од 3 дена на правното лице му издаваат Уверение за квалитет – сертификат на земјоделски производи, преработки и стоки.
а во прилог на објавата се дадени и сите пропратни документи.




