сточарство

Исплатени над 110 мил. денари субвенции на млекопроизводителите

Денеска од страна на Министерството за финансии по налог на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство беа исплатени над 110 милиони денари субвенции за предадено млеко на од страна на земјоделците на млекопреработувачките капацитети во државата.

Над 5600 земјоделци кои произведуваат и продаваат млеко на домашните млекари во услови на криза ќе можат барем делумно да ги подмират своите долгови и ако остане нешто пари да инвестираат во своето производство за да опстојат и понатаму, наспроти негативните ефекти на актуелната криза во државата.

“Близу 1️⃣1️⃣2️⃣милиони денари субвенции денеска се исплатени на 5.664 млекопроизводители,за произведено и предадено млеко. 🤝

Продолжуваме и во време на глобална криза да даваме финансиска поддршка, како стимул за одржување на благосостојбата во сточарството, еден од најважните сектори во македонското земјоделство и економија.

#работа

#ефикасност

#резултати

#МЗШВ

-соопшти за јавноста Министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

Објавен повик за аплицирање за мерката 121.1 за набавка на педигриран добиток од регистрирани одгледувачници

Заменик министерот за семјоделие шумарство и водостопанство Трајан Димков заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој Никица Бачовски, денеска од Битола го најавија објавувањето на повикот за аплицирање за мерката 121.1 од програмата за рурален развој на кој што заинтересирани земјоделски стопанства ќе може да аплицираат за добивање на грант за набавка на високоприносни педигрирани грла добиток.

Земјоделците кои што се запишани во регистарот на земјоделски стопанства од денеска 04.06.2021 година па се до 04.07.2021 година може да поднесат електронско барање преку електронскиот систем “Е-БАРАЊЕ” на министерството за земјоделие

„Сите заинтересирани, преку оваа мерка ќе можат да аплицираат за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо, со исклучок на расата Буша, како и педигрирани приплодни грла на овци и кози од признаени организации на одгледувачи. Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно законот за земјоделство и рурален развој. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник е 6.5 милиони денари, a повратот на средства се врши по претходно потпишан и реализиран проект, односно по потпишан договор и набавен добиток. Паралелно, од денес тече и повикот за субвенционирана плата за овчарите. Максималната финансиска поддршка е до 360.000 денари по лице, за не повеќе од 20 вработени. “ – истакна Бачовски при посетата на фармата „Агро Емини ДООЕЛ“ во селото Доленци, битолско која има успешно реализиран проект преку програмата за рурален развој.