Администратор

Owner, Manager, web developer, graphic designer, CPanel & WHM specialist content editor & author at Anastasov Limited DOOEL Grad Delchevo

(ВИДЕО) Серафимовски: Подготвуваме модел за системско поврзување на науката со поддршката за земјоделците

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи на системско вклучување на научните сознанија во подготовката на политиките и мерките за поддршка на земјоделските стопанства, изјави министерот Борче Серафимовски на отворањето на „АГРО ЕКСПО на ЕУ проекти 2026“ во СПЕЈС ПАРК Скопје.

„Фокусот го насочуваме на приспособувањето кон климатските промени, поефикасното користење на водните ресурси и зачувувањето на квалитетот на производството“, изјави министерот Серафимовски.

Тој информираше дека е во завршна фаза изборот на изведувач за проектот „Проектирање, развој и имплементација на интегрирана земјоделска информациска платформа (IAIP), вклучително и информацискиот систем за управување со земјиштето во државна сопственост (SALMIS)“, во вредност од над два милиони евра, кој е дел од Проектот за модернизација на земјоделството, финансиран од Светска банка.

„Резултатите од оваа модернизација ќе ги мериме преку конкретната корист за земјоделците, а тоа е поефикасно работење, подобар квалитет и поголема економска одржливост. Воедно, ова ќе значи создавање на професионални можности за младите во агрономијата“, нагласи министерот Серафимовски.

„АГРО ЕКСПО на ЕУ проекти 2026“ се одржува на 30 и 31 октомври во СПЕЈС ПАРК Скопје, со програма што опфаќа претставување на 15 европски проекти, земјоделска механизација и опрема, изложба на производи и храна и практични демонстрации. Настанот се организира во рамките на проектот CAAIVE, кофинансиран од Европската Унија преку Еразмус+. Организатори се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку Факултетот за земјоделски науки и храна, ЕМКИЦЕ КИЦ, Нова Креатива и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Министерот Серафимовски на средба со претставници на Делегацијата на Европската Унија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, заедно со заменик-министерот Албрим Хоџа и државната секретарка Надица Џерковска, одржаа работна средба со претставниците на Делегацијата на Европската Унија, Стефано Елеро, раководител за соработка, Еваут Сандкер, раководител на одделот за операции, и Маргарита Делева, програмска менаџерка, на која се разговараше за модернизацијата на земјоделскиот сектор и европската поддршка за реформските процеси.

Посебно внимание беше посветено на дигитализацијата како значаен дел од унапредувањето на институционалното работење и услугите за земјоделците. Во разговорот беше нагласена важноста на поедноставните постапки и подоброто користење на податоците за планирање и спроведување на земјоделските политики.

Соговорниците се осврнаа и на поддршката од Европската Унија за јакнење на капацитетите на институциите и приближување на домашното земјоделство кон европските стандарди. Во тој контекст, се разговараше и за на програмата ИПАРД, како инструмент за поддршка на инвестициите во земјоделството и руралниот развој. Беше истакнато значењето на континуираната соработка со Делегацијата на ЕУ за поефикасно насочување на расположливата поддршка кон развојните потреби на секторот.

Министерот Серафимовски ја потврди определбата за европска интеграција, нагласувајќи дека реформите во земјоделството треба да донесат видливи придобивки за производителите. Во таа насока, усогласувањето со европските политики го поврза со создавање пофункционални институции, поголема предвидливост за земјоделските стопанства и подобри можности за нивен развој.

Во ЈП “Македонски Шуми” денеска презентиран систем за рана детекција на пожари

Заменик диуректорот на Јавното претпријатие “Македонски Шуми” Кире Михајлов денеска преку социјалните мрежи упати соопшштение до јавноста за намерите на ова јавно претпријатие да воведе и имплементира систем за рана детекција на пожари кои што предизвикуваат огромни штети на претпријатието и државата.

“Во текот на денешниот ден, во просториите на ЈП “Македонски Шуми” одржавме работна средба со господинот Кирил Хуот, претставник на претпријатието ББА инт.(балкан бизнис адвајзори интернационал), претпријатие за зелена технологија и иновации.

На средбата ни беше презентиран систем за рана детекција на пожари од понова генерација, систем кој буквално го детектира пожарот во самиот негов зачеток.

Се работи за систем кој од мрежа на сензори распространети низ шумите кои се полнат соларно, ултра брзо испраќа податоци за она што се случува на терен, т.е. даваат детален опис на промените кои се случуваат таму.

Овој систем не само што значи ултра рана детекција на пожарите, туку истиот можеме да кажеме и дека најверојатно ќе делува и превентивно затоа што испраќа и податоци каде евентуално би можел да се појави пожар.

Во овој момент, на неколку локации низ оваа фирма веќе има отпочнато пилот проекти со поставена мрежа на сензори од каде ќе почекаме конкретни ситуации да видиме како овој систем всушност дејствува.

Пожарите не само во Македонија, туку и во целиот свет се еден од најголемите чинители кои влијаат не само на уништувањето на животната средина, туку и битен сегмент за големите климатските промени кои влијаат на здравјето на граѓаните и воопшто квалитетот на животот.

Токму поради тоа, треба со особено внимание и ангажман да работиме против нивна појава и нивно побрзо санирање доколку за жал некаде веќе се појавиле.”

-напиша на социјалните мрежи Кире Михајлов

„Макфреш“ во Мадрид: новата генерација македонски производители здружено пред светските купувачи

Со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, обезбедена преку владината Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, здружението „Макфреш“ и единаесет негови компании членки учествуваат на престижниот меѓународен саем Fruit Attraction 2026, кој се одржува од 6 до 8 октомври во Мадрид, Шпанија.

Зад заедничкиот македонски настап стои и една интересна приказна за смена на генерациите, продолжување на семејните бизниси и градење доверба меѓу компаниите. „Макфреш“ е релативно ново здружение кое обединува дел од најголемите домашни производители и извозници на свежо овошје и зеленчук. Како економски партнер на Министерството и корисник на поддршката, здружението ја поврзува домашната понуда со можностите што ги отвораат меѓународните пазари.

„Макфреш“ е основано од втората генерација производители. Поголемиот дел од компаниите членки денес ги водат млади и образовани луѓе, кои ги продолжиле и ги унапредиле бизнисите создадени од нивните родители. Искуството стекнато низ годините го надградуваат со нови знаења, современи пристапи во работењето и амбиција македонските производи да стигнат до повеќе купувачи. Нивната приказна покажува дека земјоделството може да биде простор за професионален развој, претприемништво и долгорочна иднина за младите.

Особено значајно е што оваа генерација ја препознала вредноста на здружувањето. Компании што во одделни сегменти се конкуренти успеале да изградат однос на соработници со заедничка цел: посилна позиција на меѓународниот пазар. Здружениот настап овозможува поголема преговарачка моќ, поширока понуда, поизедначен квалитет и поконкурентни производи. Секоја компанија го задржува својот идентитет, а заедно можат поубедливо да одговорат на барањата на големите купувачи за количини, квалитет и континуитет во снабдувањето.

Токму во тој дух, на заедничкиот македонски штанд својата понуда ја претставуваат „Баџо“, „Хортена“, „Агро Гурмеш“, „Стенлеј“, „Агро Калем“, „Агро Кав-Комерц“, „Туран“, „Органико“, „Фреш Лајн“, „Еко Фреш Продукт“ и „Витториа Фруит“. Нивното присуство во Мадрид е можност за нови деловни контакти, зајакнување на постојните партнерства и отворање дополнителни можности за извоз.

Fruit Attraction, во организација на IFEMA MADRID и FEPEX, е еден од водечките светски саеми за трговија со овошје и зеленчук. Неговото 18. издание годинава обединува околу 2.500 компании изложувачи од 78 земји, а се очекуваат 121.000 професионални посетители од повеќе од 150 земји. На едно место се среќаваат производители, извозници, увозници, дистрибутери и претставници на големи трговски синџири, што го прави саемот важна деловна средина за воспоставување соработка.

За членките на „Макфреш“, директниот контакт со купувачите е можност да ја претстават својата понуда и да дознаат што бара пазарот: кои производи се најбарани, какви стандарди се очекуваат и како треба да се организираат пакувањето и испораката. Ваквите средби помагаат производството и пласманот да се планираат подобро, а деловните врски да се градат на долгорочна основа.

Саемот го посетија и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и директорот на ЈП „АГРО БЕРЗА“, г. Мевљудин Авдија. Поддршка на македонските изложувачи со своето присуство даде и амбасадорот на Република Северна Македонија во Кралството Шпанија, г. Едмонд Адеми. Нивното присуство ја истакнува важноста на институционалната поддршка и економската дипломатија во отворањето можности за домашните компании.

Промоцијата на меѓународните саеми ја прави македонската понуда повидлива и создава услови за посигурен пласман, поголем извоз и подобри приходи за компаниите и земјоделците со кои соработуваат. Преку поддршката за ваквите настапи, Владата и Министерството вложуваат во поврзувањето на домашното производство со меѓународната побарувачка.

Приказната на „Макфреш“ дава и поширока порака: иднината на македонското земјоделство ја градат и луѓето што го преземаат семејното искуство, го унапредуваат со знаење и избираат да соработуваат. Нивниот заеднички настап во Мадрид покажува како таа одлука добива конкретна форма – македонски производи, претставени заедно, пред купувачи од целиот свет.

Започна распределбата на т.н. зелена нафта за земјоделците

Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска од Битола ја информираше јавноста и земјоделците дека започна распределбата на ваучерите за користење на т.н. зелена нафта за земјоделците.

“На земјоделците им обезбедуваме 9,5 милиони евра поддршка за зелена нафта – помош за трошоците за гориво при обработката на нивите. Подготвени се 48.037 картички, кои од денеска се достапни за корисниците.

На денешната средба со земјоделците во Битола им ги врачив првите картичките за зелена нафта. За корисниците опфатени преку битолското подрачно одделение се подготвени 3.858 картички, со вкупна вредност од над 57,5 милиони денари.

Есенската обработка на почвата и сеидбата бараат значителни вложувања во семенски материјал, ѓубрива и механизација. Трошоците се прават сега, а приходите од родот доаѓаат подоцна. Со оваа помош го намалуваме финансискиот товар во подготовките за наредната реколта.

Поддршката е дел од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година и изнесува од 3.200 до 12.000 денари по хектар, зависно од културата. Износот за секој корисник се утврдува според површините и културите пријавени во барањата за директни плаќања во 2025 година.”

-напиша на социјалните мрежи министерот Серафимовски.

Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски утринава ги додели првите картички за зелена нафта во Свети Николе, а потоа им врачи картички и на земјоделците во Битола, каде што во изјава за медиумите соопшти дека од денес започна распределбата на вкупно 48.037 картички, за која се обезбедени 584 милиони денари, односно околу 9,5 милиони евра.

„Финансиската поддршка започна да стигнува до земјоделците во период кога имаат потреба за вложување во есенската подготовка на почвата, за купување на семенски материјал и ѓубрива, како и за одржување на механизацијата. Приходите од родот доаѓаат подоцна, а трошоците се прават сега. Затоа, зелената нафта има непосредна практична вредност за секој земјоделец во државата“, рече министерот Серафимовски.

Тој појасни дека мерката се спроведува преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, а износот за секој корисник се утврдува според површините и културите пријавени во барањата за директни плаќања во 2025 година.

„Помошта се движи од 3.200 до 12.000 денари по хектар. За пченица, јачмен, пченка, ориз и другите култури во таа група изнесува 3.200 денари, а за сончоглед, маслодајна репка, луцерка и останатите култури во соодветната категорија – 4.800 денари по хектар. За градинарските култури опфатени со мерката и за лозовите насади се предвидени 9.600 денари по хектар. За јаболко, круша, слива, праска и другите овошни култури во оваа група износот е 12.000 денари, а за дуња, калинка, бадем, лешник и останатите култури во нивната категорија – 8.800 денари. За тутунот помошта е 11.000 денари, а за оревите и питомите костени – 6.000 денари по хектар“, изјави министерот Серафимовски во Битола.

“Запознај го локалниот пчелар”- манифестација која ги промовира вредните земјоделски локални бизниси

Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството м-р Пеце Стојковски, на покана на Пчеларското здружение „Мариовско Пелагониски Пчелари“, присуствуваше на манифестацијата „Запознај го локалниот пчелар“.

Манифестацијата претставува можност за промоција на пчеларството, локалното производство на мед и пчелни производи, како и за споделување на знаења и искуства меѓу пчеларите и пошироката јавност. Ваквите настани придонесуваат кон подигнување на свеста за значењето на пчеларството, важноста на пчелите за земјоделството и животната средина, како и за поттикнување на потрошувачката на квалитетни домашни производи.

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството останува посветена на унапредувањето на земјоделството и поддршката на земјоделските производители, а ваквите иницијативи се значаен придонес кон јакнење на локалното производство и развојот на пчеларството.

Со Уредба ќе се тргне условот од 30% предаден род во откупувачки капацитети за доделување субвенции

Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски преку социјалните мрежи упати свое соопштение до јавноста во кои најави измени на постојните услови за субвенционирање на земјоделското производство во интерес на самите земјоделци.

“Од дијалог до олеснети услови за субвенции

Изминатиов период имав бројни и непосредни средби со земјоделци и сточари, на кои отворено разговаравме за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат секојдневно. Неповолните, а честопати и екстремни, временски услови и болестите кои погодија дел од сточниот фонд, предизвикаа директни последици врз производството, додека пак пазарните услови дополнително се појавија како отежнувачки фактор за пласман на дел од производите.

Од овие разговори произлезе потреба критериумите за остварување на правото на субвенции да се приспособат на реалните состојби. Поради овие околности, предложив да се укине условот висината на субвенциите да зависи од минимум 30% продадено или предадено производство.

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство подготви Уредба за изменување на Уредбата за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2026 година. Со овие измени ќе има олеснување на субвенциите за производителите на житни, индустриски, лозови, овошни и градинарски култури, како и за одгледувачите на јагниња.

Очекувам оваа измена на Уредбата да биде усвоена на следната седница на Владата, а земјоделците и сточарите ги уверувам дека во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имаат партнер кој ги слуша и артикулира нивните проблеми, притоа презема и конкретни чекори кога состојбите го бараат тоа.”

-напиша на социјалните мрежи Министерот Борче Серафимовски

Соработка за обнова на шумските екосистеми и пошпумување на деградирани површини во Националниот парк Шар Планина

Националниот парк Шар Планина одржа работен состанок со претставници на Pure Promise, со кои во изминатите години развиваме соработка насочена кон обнова на шумските екосистеми и пошумување на деградирани површини во Паркот.

Како продолжение на досегашната соработка, на состанокот беше договорено во текот на 2026 година да се обезбеди поддршка за пошумување на дополнителни 12 хектари на територијата на Националниот парк. Активностите за пошумување ќе ги реализира Pure Promise, а средствата за нивна реализација се обезбедени како донација од холандската компанија Van der Valk.

Станува збор за земјиште во границите на Националниот парк кое според катастарската евиденција е под култура шума и шумско земјиште, но на терен дел од овие површини денес претставуваат голини, обезшумени низ годините како последица на различни влијанија.

Пошумувањето ќе се реализира на внимателно избрани површини и во согласност со целите за заштита и управување со Националниот парк.

Од оваа година активностите поврзани со поддршката и соработката со Паркот од страна на Pure Promise ќе ги води Леонора Емурлахи, продолжувајќи ја посветеноста на овој семеен бизнис кон иницијативите за обновување и зачувување на природата.

За Националниот парк ваквите партнерства имаат посебна вредност – затоа што обновувањето на шумите не завршува со садењето садници. Тоа е долгорочен процес кој бара правилен избор на локации и видови, следење на состојбата и грижа за обновените површини.

12 нови хектари во 2026 година се уште еден чекор кон враќање на шумата таму каде што низ годините била изгубена.

Министерот Серафимовски на средба за развој на аквакултурата во Македонија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денес оствари работна средба со претставници на здруженија на производители од областа на аквакултурата.

Во фокусот на разговорот беа тековните активности во секторот, примената на постоечката законска регулатива и подзаконски акти, како и други актуелни прашања што непосредно влијаат врз работењето и развојот на аквакултурата во Македонија.