Започна пријавувањето за финансиска помош за млади земјоделци
Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој ја информираат јавноста дека од денеска 29.07.2021 година е отворен повикот за аплицирање за финансиска помош по мерката 112 која што значи поддршка за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност.
“Младите кои имаат до 40 години а се занимаваат со земјоделство или имаат бизнис идеа во секторот земјоделство, од денеска до 29 август 2021 година, ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерката 112 „ Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, или во јавноста попозната како Млад земјоделец. Корисници на оваа подддршка може да бидат сите кои имаат до 40 годишнна возраст, регистрирани како индивидуални земјоделци согласно законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Максималната прифатлива поддршка за инвестиција изнесува до 600.000,00 денари или до 10 илјади евра по корисник а барателите поддршката може да ja искористат за започнување на земјоделска дејност, односно за инвестиции во опрема за преработка на земјоделски и производи од животинско потекло, како и за отворање на соспствен агро – бизнис. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски инфирмира дека :
„Доделената финансиска поддршка е неповратен грант. Фокусот на оваа мерка е насочен кон лицата на кои земјоделството им е примарна дејност. Финансирањето од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година се врши врз основа на одобрено барање за користење средства од Програмата и склучен Договор за финансиска поддршка за одобрена инвестиција. Исплата на средства се врши согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќа на годишно ниво во најмногу три рати. “- информира директорот Бачовски.
Сите заинтересирани барањата може да ги поднесат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk”
-информираат од Агенцијата.