Институции

ЈАВЕН КОНКУРС за доделување на дозволи за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Растенијата како добрa од општ интерес имаат посебна заштита утврдена со Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република  Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14,  158/14, 149/15, 39/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21).

Нарачател на јавниот конкурс е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа.

Право на учество на јавниот конкурс имаат сите правни и физички лица кои ги исполнуваат општите услови од член 60 од Законот за здравјето на растенијата и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови за просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015).

Јавниот конкурс за доделување на дозволи за давање на услуги од областа на здравјето на растенијата трае 8 (осум) работни дена од денот на неговото објавување.

II. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ КОНКУРС

Предмет на јавниот конкурс е издавање на дозволи за давање на услуги од областа на здравјето на растенијата.

III. ВИД НА ЈАВНА УСЛУГА ЗА КОЈА СЕ ИЗДАВА ДОЗВОЛА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа издава дозволи за вршење на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата и тоа за следните видови на услуги:

1.1  мониторинг и следење на развојот на штетните организми кои вообичаено се присутни кај растенијата и растителните производи, прогнозирање, одредување оптимални рокови и мерки за заштита;

1.2  интервенирање во случај на ненадејни појави на карантински штетни организми на растенијата, каламитетни појави и епифитоции на штетни оргазними;

1.3 обезбедување метеоролошки, биолошки и други податоци за целта на следењето и прогнозирањето на појавата на штетни организми;

1.4 лабораториски детерминирања и дијагностицирања на штетни организми

1.5  едуцирање на сопствениците и други лица вклучени во спроведување на активностите поврзани со здравјето на растенијата;

1.6 издавање на пасоши за растенија;

1.7  спроведување на научно – истражувачки развојни активности;

1.8  вршење дезинсекција, дезинфекција и дератизација заради здравјето на растенијата;

1.9  вршење на други технички работи;

IV. УСЛОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА

Даватели на јавни услуги можат да бидат правни ифизички лица кои ги исполнуваат општите услови од член 60 од Закон за здравјето на растенијата („Службен весник на Република  Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14,  158/14, 149/15, 39/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21) и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015).

 V. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ

Рок за поднесување на понудите е 8 (осум) работни денови од денот на неговото објавување.

Пријавите се доставуваат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа, адреса: ул. Аминта Трети бр.2,  Скопје 1000.

VI. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ НА ПРИЈАВАТА И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Заинтересираните субјекти образецот на пријавата за учество во постапката можат да го превземат од web страната на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство: www.mzsv.gov.mk. 

Потребна пропратна документација која се доставува кон пријавата:

1.             ПРАВНИ ЛИЦА

–              Документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Северна Македонија – ДРД образец (не постар од 6 месеци) ;

–              М1/М2 образец за вработениот стручен кадар;

–              Уверение за завршено високо образование од областа на земјоделските науки (растително производство) или од областа на шумарските науки;

–              Доказ за најмалку 3 (три) години работно искуство во напред наведените области во струката;

– Докази за исполнување на поблиските услови предвидени во Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015);

–  Ценовник по кои давателите на услугите би ги извршувале јавните услуги за кои поднесуваат пријави од точка 1.1 до точка 1.9 од делот III од овој конкурс;

2.            ФИЗИЧКИ ЛИЦА

– Уверение за завршено високо образование од областа на земјоделските науки (растително производство) или од областа на шумарските науки;

– Доказ за најмалку 3 (три) години работно искуство во напред наведените области во струката;

– Докази за исполнување на поблиските услови предвидени во Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011);

– Ценовник по кои давателите на услугите би ги извршувале јавните услуги наведени од точка 1.1 до точка 1.9 од  делот III од  овој конкурс;

Документите кои се доставуваат потребно е да бидат оригинал или копии заверени на Нотар.

VII. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериум за избор за издавање на дозвола за вршење на јавна услуга е исполнување на условите утврдени во Закон за здравјето на растенијата („Службен весник на Република  Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14,  158/14, 149/15, 39/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21) и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015) и тоа:

–          пријавениот стручен кадар да има завршено минимум високо образование од областа на земјоделските науки (растително производство) или од областа на шумарските науки;

–          да има минимум три години работно искуство во струката и

–          да бидат исполнети поблиските критериуми утврдени Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015).

VIII. ПОСТАПКА

Постапката на отворање и оценување на понудите ја врши Комисија назначена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Отварањето, разгледувањето и оценувањето на пријавте е јавно.

Овластени претставници на субјектите може да бидат приустни на отварањето на пријавите.

Нецелосните понуди може да бидат комплетирани во рок од 8 (осум) дена од приемот на известувањето за некомплетна документација, во спротивно понудата нема да биде разгледувана, за што понудувачите ќе бидат известени.

Дозволата за давање на јавни услуги се издава во форма на решение во рок од 30 (триесет) дена од денот на завршувањето на јавниот конкурс.

Правните и физички лица кои добиле дозвола за вршење на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата склучуваат договор со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа.

 IX. ПОЧЕТОК И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОЗВОЛАТА

Времетраењето на издадените дозволи за вршење на јавни услуги изнесува 3 (три) години сметано од датумот на издадената дозвола.

X. КОНТАКТ ЛИЦЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ

Контакт лица за обезбедување на дополнителни податоци и информации во врска со постапката за доделување на дозволи за вршење на јавни услуги се:

Надица Џерковска, е-маил адреса: nadica.dzerkovska@mzsv.gov.mk

Ивица Ангеловски, е-маил адреса: ivica.angelovski@mzsv.gov.mk

XI. ДАТА, МЕСТО И ВРЕМЕ НА ОТВАРАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите ќе бидат отворени со почеток во 11:00 часот, првиот нареден работен ден по завршувањето на огласот во просториите на Фитосанитарната управа на ул. Аминта Трети бр. 2,  Скопје 1000.

Документи за превземање

Извор: МЗШВ

МЗШВ: Нов јавен повик за доставување понуди за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари за долгогодишни насади

Владата на денешната седница донесе одлука за објавување на Јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари во девет региони. Со овој јавен повик им се овозможува на земјоделците што имаат земјиште со долгодишни насади, а за кoe немаат склучено договор за закуп, да достават понуди до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со податоците за земјиштето. 

На овој начин, со склучување на договорите со МЗШВ, се решава правниот статус на земјиштето со што земјоделците ќе имаат право да конкурираат за мерките од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.  

Јавниот повик е наменет за Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга, Струмица, Тетово, Валандово и Гевгелија.

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за:

– одгледување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години,

– одгледување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,

– одгледување на маслинарници за период до 50 години

Јавниот повик ќе биде објавен до крајот на неделата.  

Извор: МЗШВ

Најава за исплата на 4,5 милиони евра за штети од елементарни непогоди за 2016, 2017, 2018 и 2021 година

Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски по одржувањето на денешните владини седници на кои беа дискутирани мериките за помош на граѓаните во тековната општа криза во државата.

Тој најави исплата на 4,5 милиони евра од Буџетот на владата за штетите од елементарните непогоди што ги претрпеа земјоделците во минатите неколку години.

Според Министерот Николовски станува збор за 10200 физички и правни лица

“ℹ 4.5 милиони евра ќе се исплатат за штети од елементарни непогоди што ги претрпеа земјоделците во 2016, 2017, 2018, и 2021 година. На околу 10.200 граѓани и правни субјекти ќе им биде направена исплата за штетите од временските непогоди.

#МЗШВ веќе работи и на воспоставување на “Земјоделски осигурен пул” како нов модел на земјоделско осигурување, кој ќе го забрза процесот на обештетување на земјоделците.Излегуваме во пресрет и помагаме секогаш кога е најпотребно. Земјоделците никогаш нема да бидат оставени сами во состојби кога поради временски непогоди претрпуваат штети врз производството.”

-соопшти Љупчо Николовски преку социјалните мрежи.

МЗШВ работи на проект за реформи во шумарството

“🇲🇰🇪🇺Утринава заедно со експертите на проектот финансиран од #ЕУ “Поддршка на реформите во политиката и законска рамка во шумарството во Северна Македонија”, разговараме за главните насоки и предлог иницијатива за отпочнување на реформите.

По многубројните анализи, препораки, а во усогласување со најдобрите пракси во Европа, очекувам успешна имплементација на овие реформи.

Основните и крајни цели од овој проект се усвојување на Предлог на ажурирана долгорочна Стратегија за одржлив развој на шумарството, Предлог за нов Закон за шуми, врз основа на националните специфики и ЕУ, како и Предлог за нова Национална програма за имплементација на СОРШ и поврзаните нови одредби од Законот за шуми.

#ИПА#EuropeanUnion#МЗШВ“

-соопштение на Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски

Цветан Трипуновски: Од 2014 до денес вработеноста во земјоделието е намалена за 32 илјади вработени помалку

Какко реакција на јавниот настап на Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски а во насока на објективно посочување на фактите за состојбите во областа на земјоделието своја реакција до граѓаните упати Цветан Трупуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој во реакцијата преку конкретни бројки ја објаснува актуелната состојба со вработеноста во аграрниот сектор во споредба со минатото кога ВМРО-ДПМНЕ беше власт во државата:

“Денес испровоциран од лицемерниот настап на #ЉупчоНиколовски каде без срам и перде од петни жили се обидува да ја замајува јавноста, и неговите погубни политики во земјоделството да ги прикаже како развојни.

Затоа преку бројки и со факти сакам да го демантирам, а на јавноста да и ја презентирам реалната состојба во македонскиот аграр.

⚠️Во 2014 год. учеството на вработени во сектор земјоделство бил 18,5% или 127 438 вработени❗️

⚠️Во 2020 год. учеството било со 12% или изразено во бројка со 95 545 вработени.

❌Замислете за период од 6 години падот е 6,5 % или речиси 32 000 вработени помалку, заради Вашата неспособност 32 0000 поранешни вработени во секторот сега се социјални случаеви или аргатуваат во странство ‼️

Затоа “успешно” министерче по други пуТ ако сакаш да направиш добро за македонскиот аграр и руралната жена треба уште денес да го напуштиш Министерството.”

-стои во реакцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во новата ИПАРД програма овозможено е авансирање на 30% од износот добиен од АФПЗРР за реализација на проекти

Министерот за земјоделие шумарстов и водостопанство Љупчо Николовски имаше свое гостување во емисијата “Аграр” на Македонската телевизија. Тој помеѓу останитите земјоделски политики и мерки кои што ги имплементираат како манистерсво зборуваше и за придобивките од мерките во ИПАРД програмата за Македонските земјоделци.

“#ИПАРД е една успешна приказна што продолжува. Со новата ИПАРД 3 програма секоја една инвестиција, секој еден корисник, кој ќе аплицира ќе има можност да добие 30 до 50 отсто предфинансирање со самото склучување на договорот за проектот.

👉Тоа би значело дека ако инвестицијата е 100.000 евра, Платежната агенција на инвеститорот му враќа 60% односно 60.000 евра, а преку новата мерка корисникот ќе може авансно да земе 30.000 евра веднаш по потпишувањето на договорот, а пред да започне со инвестиција.

✅Ставаме на располагање 3️⃣5️⃣ милиони евра со првиот јавен повик од ИПАРД оваа година.”

-соопшти Љупчо Николовски- Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Постои можност птичјиот грип да се прошири на територија на цела држава. Потребна е брза и ефикасна епидемиолошка истрага

Интегрален текст на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ:

Поради неажурноста и неспособноста на власта, постојано сме на удар на разни зарази во сточарството во Македонија. Слабиот менаџмент и неспособноста на раководните лица во МЗШВ и АХВ придонесоа до појава на птичји грип во земјата.Постои огромна опасност вирусот да се прошири, но и можност тој веќе да е проширен на цела територија на државата, со што ќе нанесе сериозен удар врз живинарството како една од сточарските гранки.Повикуваме АХВ наместо да куца бледи соопштенија и да се правда, да спроведе добра, брза и ефикасна епидемиолошка истрага на лице место за утврдување на вратата на инфекција, и брзо носење на рестриктивни мерки од страна на Агенцијата и нивна имплементација на терен, со цел ограничување на ширењето на вирусот, односно заштита на големите живинарски капацитети ширум државата.

Се појави птичји грип во Македонија. Надлежните молчат!

⚠️Се појави птичји грип во Македонија❗️

Власта молчи наместо да ја информира јавноста и да преземе итни мерки❗️

Иако една од првите работни посети на Љупчо Николовски се случи во Агенцијата за храна и ветеринарство, каде намерата беше да се покаже институционалниот капацитет на ресорот, сите нивни медиумски напори паднаа во вода.Р. Македонија за многу кратко време се соочува со уште една опака заразна болест, Птичји грип кај живината. Болеста е лабораториски потврдена во с. Злокуќани, Општина Карпош, но надлежните во Агенцијата за храна и ветеринарство се однесуваат како да се на колективен годишен одмор. Јавноста не е информирана, НЦКБ (националниот центар за контрола на болеста) не може да се собере, а уште помалку да донесе сет на мерки, живинарските производни капацитети не се запознаени, а со тоа и не се ставени во состојба на зголемена претпазливост.Што треба да се случи во државата за да најповиканите понесат одговорност. Живинарството е под закана на големи загуби. Агонијата во сточарското производство продолжува. Р. Македонија час поскоро мора да се ослободи од штетните политики со кои СДСМ 5 години по ред носат безидејност и ниска продуктивност во македонскиот аграр.

-фејсбук статус на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

За лозарите и винарниците нема веќе неизвесност обезбедуваме финансиска поддршка за производство и откуп на грозје тврдат властите

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, Никица Бачовски заедно со премиерот Димитар Ковачевски, и министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска во Тиквешијата заедно со земјоделците закроија дел од лозовите насади во тиквешкиот регион. Премиерот Ковачевски, рече дека грижата за земјоделците и конкретно за лозарите е постојана – затоа резултатите се видливи и претставуваат дополнителна мотивација. И покрај економската криза, во текот на 2021 година регистрирано е зголемено откупување на грозје кај регистрираните откупувачи, а исто така зголемен е и извозот на вино од нашата земја којашто достигна ниво од 49 милиони евра во минатата година“, рече Ковачевски при закројувањето на лозјето во село Трстеник.

Премиерот, истакна дека Владината долгорочна стратегија за обезбедување сигурно производство и откуп на грозјето ја надмина долгогодишната неизвесност на лозарите и обезбеди поволен амбиент за стопанисување и за лозарите и за винариите.

Честитајќи го денешниот празник на лозарите и посакувајќи успешна година и за лозарите и винарите, Ковачевски посочи дека Владата, со динамично темпо ги исполнува ветувањата кон земјоделците и лозарите за што има видливи резултати.
Лозарите уште на почетокот на новата лозарска година, исто како и лани ги добија субвенциите за поддршка, и го стартуваат новиот циклус со средства кои ќе им помогнат успешно да ја затворат годината. Тој додаде дека во оваа насока од голема помош е и зголемувањето на поддршката со цел анулирање на зголемените трошоци за нафта, како и мерките од ИПАРД Програмата, кои обезбедуваат инвестиции за изградба на винарници, набавка на опрема и други потребни средства за модернизирање и развој на оваа гранка.
„Во таа насока е и поддршката за микро винарниците. Сега, тие имаат можност да аплицираат за грантови во висина од 10.000 евра за опрема и консултантски услуги на енолози, за поефикасно работење и пласман на поквалитетни производи“, истакна Ковачевски, кој ја посети винарницата „Гоце Делчев“, а потоа ќе ги посети и Кавадарци и Демир Капијa.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, потенцираше дека во однос на субвенциите исплатени се над 9,4 милиони евра субвенции за лозови насади на 13.854 лозари, а од 2017 година, за поддршка на лозарите за мерката за исплата по површина се исплатени околу 45 милиони евра.
„Секогаш кога имаше потреба, кога лозарите се соочува со проблеми, помагавме со дополнителни мерки, исто како што помогнавме и во здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД пандемијата. Вкупно за 4 години за дополнителни мерки и преку КОВИД – програмата за поддршка на лозарите исплативме над 16 милиони евра“, подвлече Николовски кој оцени дека со Владината поддршка се реши еден долгогодишен проблем на лозарите враќајќи ги парите кај лозарите што им ги должеа дел од винарниците, за да можат повторно да инвестираат во лозовите насади.

На денешниот настан, беа упатени пораки до лозарите дека Владата останува партнер на лозарите и винарите и продолжува со мерките и стимулациите за производство на квалитетно вино на пазарот, за што поголема промоција на квалитетното вино од нашата земја и зголемување на извозот.

Извор: АФПЗРР

Дали најавата за продолжување на ловната сезона нема да предизвика штета на ловниот фонд во државата?

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николвски преку социјалните мрежи најави дека ловната сезона се продолжува до 31 март и тоа во дозволените региони каде што нема присутност на свинска чума.

Преку социјалните мрежи поединци реагираат дека токму тој период е кога дивите свињи се во фаза на репродукција и раѓање на млади и доколку се продолжи со ловната сезона драстично ќе угине популацијата на диви свињи во државата.

Ловот на дива свиња во Македонија почнува да станува профитабилна дејност со оглед на се пораспространетите ловни површини кои што ги закупуваат приватни субјекти и остваруваат приходи по различен основ од ловот не само на дивата свиња.

“‼️Периодот за ловење на дивата свиња се продолжува до 31.03.2022 година под посебни услови, и во дозволените региони. Оваа одлука е согласно мерките преземени од страна на Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство, а со цел спречување и ширење на африканска чума кај свињите која е присутна во две одгледувалишта во нашата држава.

Состојбата со оваа болест внимателно се следи од страна на #МЗШВ и #АХВ, се преземаат сите потребни мерки за навремено спречување и санирање на оваа зараза .”

-соопшти Љупчо Николовски- Министер во МЗШВ преку социјалните мрежи.