Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, одржа работна средба со претставници на винарии членки на здружението „Вина од Македонија“, како и со претставници на други поголеми винарии.
На средбата се разговараше за актуелните состојби и предизвици во секторот, како и за потребата од координиран пристап меѓу институциите и винарската индустрија.
Министерот Серафимовски ја истакна подготвеноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да води инклузивен и континуиран дијалог со сите засегнати страни, насочен кон заеднички, реални и одржливи системски решенија. На средбата посебен акцент беше ставен и на потребата од понатамошно унапредување на стандардите, квалитетот на финалниот производ и конкурентноста на винарската индустрија.
Се разговараше за можностите за зацврстување на позицијата на македонското вино на постоечките странски пазари, како и за отворање нови извозни можности.
„Квалитетот и заедничката промоција се основа за посилно меѓународно позиционирање на македонското вино“, истакна на средбата министерот Серафимовски.
Земјоделството не е само дејност – тоа е темел на нашата економија, нашата традиција и нашата иднина. Вашиот труд ја храни државата, создава вредност и обезбедува стабилност за идните генерации. Токму затоа, како институција, нашата мисија е да обезбедиме поддршка и да бидеме ваш сигурен партнер.
Со ова Упатство, сакаме на јасен и разбирлив начин да ви ги доближиме мерките за директни плаќања, вашите права, но и обврските кои произлегуваат од нив. Нашата цел е секој земјоделец да има еднаков пристап до информациите, да може лесно да аплицира и да ги искористи сите можности што му следуваат.
Имајќи предвид дека во текот на годината можат да се случат измени и дополнувања на мерките за директни плаќања и роковите за поднесување на барања, Ве повикуваме да ги следите сите информации поврзани со работењето на Агенцијата на веб страницата: www.ipardpa.gov.mk
Ви благодариме за вашата посветеност, истрајност и доверба.
Со почит, Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Напомена!
Ова упатство има информативен карактер и е изработено за полесно разбирање на условите и можностите за користење на средствата од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, како и за полесно користење на електронскиот систем за поднесување на барања. Во случај на несогласност помеѓу содржината на ова упатство и важечките прописи, се применуваат одредбите од Законот, Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и Уредбата за директните плаќања.
Што се директни плаќања во земјоделството
Директни плаќања во земјоделството се финансиска поддршка што државата им ја исплаќа директно на земјоделците, со цел да се поттикне земјоделското производство, да се обезбеди стабилен приход и да се одржи руралниот развој.
Тоа се пари што земјоделците ги добиваат за:
– обработка на земјиште,
– одгледување и продажба на земјоделски култури,
– чување добиток
Овие плаќања се доделуваат врз основа на:
– површина (по хектар),
– број на грла добиток или
– произведени и продадени земјоделски производи
и се условени со почитување на пропишаните правила и критериуми.
Кој може да биде корисник
Право на директни плаќања имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).
За мерките по површина прифатливи се само парцелите кои се евидентирани во СИЗП и ЕРЗС.
За мерките по грло говеда, овци, кози и пчелни семејства прифатливи се само грлата кои се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на животни.
Директните плаќања се одобруваат и исплаќаат по извршена проверка на исполнетоста на условите, по спроведени административни и теренски контроли (класични и со далечински методи).
Во случај кога ќе се утврди неусогласеност на податоците од барањето со фактичката состојба, како и несообразност со задолжителните барања за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина, се врши намалување до целосно исклучување на директните плаќања.
Доколку барателот има ненамирени финансиски обврски кон следните институции, може да се изврши пребивање со одобрениот износ на поддршката, со негова претходна согласност:
– Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошниот текст: Агенција),
За мерките по површина и по грло добиток крајниот рок за поднесување на барања е 30 септември 2026 година.
Роковите за поднесување на барањата се објавуваат во Уредбата за директни плаќања и истите може да се менуваат.
За секоја промена дополнително ќе бидете известени преку соопштенија објавени на веб страницата на Агенцијата
Постапка при поднесување на Барање за директни плаќања
Барањата се поднесуваат по електронски пат преку софтверското решение за директни плаќања самостојно од страна на барателот, со регистрација во системот преку веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk со избор на делот „Директни плаќања е-субвенции“. На истото место ќе најдете детални технички упатства за создавање и поднесување на барањето како и за потребните документи.
По поднесувањето, барањето се печати и еден потпишан примерок се доставува до Агенцијата а еден примерок задржува барателот.
Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во понатамошен текст: ПЕ на Министерството) обезбедуваат помош на барателите.
Измени и дополнувања на поднесеното барање може да се прават во рок од 30 дена од денот на поднесувањето.
За успешно извршување на контролите на самото место за мерките по површина, Агенцијата обезбеди податоци од сателитски снимки од период на вегетација на земјоделските култури.
ВАЖНО!
Следете го текот на обработка на вашето барањето преку веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk со избор на делот „Директни плаќања е-субвенции“ – „Преглед на барање“.
Тука можете да ги добиете следните информации:
– датум на донесување на решение,
– датум на исплата и
– евентуални пречки за одобрување и исплата.
Од исто место можете да го преземете вашето решение.
Табеларен преглед на мерки и услови
Мерки за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства
Директни плаќања по површина
Мерка
Основни услови
Минимум површина
Обврски
Висина
1.1 Поледелски култури
Засеани и ожнеани култури
0,7 ха (0,2 ха тутун)
Сертифицирано семе за дел од културите, Продажба/складирање за дел од културите
6.000–18.000 ден/ха
1.2 Лозја и овоштарници
Одржувани насади
0,5 ха лозја0,5 ха овоштарници
Продажба за дел од видовите
12.000–42.000 ден/ха
1.3 Градинарски култури
Засеани и обрани
0,3 ха
Продажба за сите видови
12.000–30.000 ден/ха
1.4 Контролирани услови
Производство во оранжерии
0,3 ха
Продажба до 15 мај
120.000 ден/ха
1.5 Угар/зелено ѓубре
Угар/зелено ѓубрење
25% од 1.1 и 1.3
Агротехнички мерки
3.000 ден/ха
1.6 Ливади
Косење
1 ха
Соодветен број грла
6.000 ден/ха
ВАЖНО!!!
Во случај кога не го исполнувате условот за минимум површина за поледелски, лозови, овошни и градинарски култури а имате одобрено барање во 2025 година со помали површини, за истиот минимум површина и за истите намени ќе можете да поднесете барање во 2026 година по МЕРКА 6
Директни плаќања по број на грла на добиток
Мерка
Основни услови
Минимум грла
Обврски
Висина
1.7 Говеда
Женски,18–180 месеци
3
Чување до 30 ноемвриПродадено млеко или колење
8.000 ден/грло
1.8 Говеда 6–18 месеци
Женски6–18 месеци
/
Чување до 30 ноември
3.000 ден/грло
1.9 Овци
Женски и машкиМин.12 месеци
30
Чување до 30 ноемвриПродадено млеко најмалку 500 литри или заклано јагниња мин.30%
3.000 ден/грло
1.10 Кози
Женски и машкиМин.12 месеци
30
Чување до 30 ноември
3.000 ден/грло
1.11 Маторици
Женски приплодни грла
10
Чување до 30 ноември
4.000 ден/грло
1.12 Пчелни семејства
Регистрирани презимени
30
Одржување на бројот до 30 септември
600 ден/семејство+ 200 со посебни услови
ВАЖНО!!!
Во случај кога не го исполнувате условот за минимум грла за говеда, кози, маторици и пчелни семејства а имате одобрено барање во 2025 година со помал број на грла, за истиот минимум број ќе можете да поднесете барање во 2026 година по МЕРКА 6
Мерки за дополнителна поддршка на доходот на земјоделските стопанства
Мерка
Корисник
Услов
Висина
2.1 Подрачја со ограничувања
Сите
Површини или одгледувалиште над 700 м илиОдгледувалиште во населено место со жители до 100
+15%
2.2 Категории носители на земјоделски стопанства
Млад илиРегистриран
Запишани промени во ЕРЗС
+10% / +20% /+30%
2.3 Зголемен добиток
Сточари
До +30% раст
+30%
2.4 Пчелни матици
Пчелари
Регистрирани
2.000 ден
2.5 Анализа на мед
Пчелари
30 презимени пчелни семејства
50% од трошокот
Мерки за директни плаќања по единица производ во растителното и сточарското производство
Мерка
Услов
Висина
3.1 Тутун
Договорен и продаден
60–80 ден/кг
3.2 Овошје и зеленчук
Предадено
3–5 ден/кг
3.3 Семе (житни)
Произведено,сертифицирано, продадено
4–20 ден/кг
3.4 Семе (тутун)
Произведено и сертифицирано
1.000 ден/кг
3.5 Млеко
Произведено и продадено
6–7 ден/л
3.6 Говеда
Одгледани и заклани
4.500–6.000 ден/грло
3.7 Гоеници
Одгледани и заклани мин.20
1.000 ден/грло
3.8 Бројлери
Одгледани и заклани
80 ден
3.9 Несилки
Одгледани и заклани
120 ден
3.10 Пилиња
Одгледани и продадени
10 ден
ВАЖНО!!!
За мерките за произведен и продаден тутун, овошје, зеленчук и млеко, како и за заклани говеда, реализацијата е врз основа на доставени податоци од откупувачите. За овие мерки земјоделските стопанства не поднесуваат барања
Мерки за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивните производи
Мерка
Услов
Висина
4.1 Набавени садници
Купени и засадени овошни и лозови садници
35–40 ден
4.2 Расад
Купен и засаден расад од градинарски култури
10 ден
4.3 Осеменување на говеда
Добиено теле
2.000–4.000 ден
Други мерки за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивните производи
Мерка
Услов
Висина
5 Складирање
Складирани пченица, јачмен и ориз
Покривање на трошоци
6 Мали земјоделски стопанства
Површина и грла под минимумКорисник во 2025 година
Иста како мерките по површина и по грло
7 Осигурување
Полиса
60%
8 Сточарство
Воспоставување и одржување на матично книговодство
9 Почва
Анализа
60%
10 Гориво за земјоделска механизација
Корисник по површина во 2025 година
3.200–12.000 ден/ха
Опис на мерки и услови
1. Мерки за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства
Директни плаќања по површина
1.1 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за поледелски култури
Услови:
– Засеани и ожнеани поледелски култури на минимум површина од 0,7 ха збирно за сите култури со исклучок на тутун 0,2 ха
– Задолжителна употреба на сертифицирано семе за: пченица, сончоглед и маслодајна репка
– Задолжително продадено или складирано одредена количина на производство кај регистриран откупувач за: пченица, јачмен, пченка, сончоглед, маслодајна репка и афион. За: пченица, јачмен и пченка прифатливо е користење за исхрана на сопствени животни или продадено на земјоделско стопанство со регистрирано одгледувалиште на животни во период од 1 јуни до 15 октомври 2026 година. Договорот и финансовиот документ за извршена продажба да се достави во прилог на барањето.
Висина на поддршка:
– Од 6.000 до 18.000 ден/ха во зависност од културата со скалесто намалување
1.2 Директни плаќања по обработлива површина за лозови и овошни насади
Услови:
– Одржувани површини со лозови насади на минимум површина од 0,5 ха или
– Одржувани површини со овошни насади на минимум површина од 0,5 ха
– Задолжително продадено одредена количина на производство кај регистриран откупувач за винско и трпезно грозје и за следните овошни видови: јаболка, слива, цреша, праска, вишна, кајсија, круша, јапонско јаболко, калинка, лешник, бадем и орев
Висина на поддршка:
– Од 12.000 до 42.000 ден/ха во зависност од видот со скалесто намалување
1.3 Директни плаќања по обработлива површина за градинарски култури на отворено и во пластеници
Услови:
– Засеани и обрани градинарски култури на минимум површина од 0,3 ха збирно за сите култури
– Задолжително продадено одредена количина на производство кај регистриран откупувач
Висина на поддршка:
– Од 12.000 до 30.000 ден/ха во зависност од културата со скалесто намалување
1.4 Директни плаќања по обработлива површина за градинарски култури во контролирани услови
Услови:
– Произведени домати, пиперки и краставици во контролирани услови на минимум површина од 0,3 ха збирно за овие култури
– Задолжително продадено одредена количина производство во период од 1 јануари до 15 мај 2026 година
Висина на поддршка:
– 120.000 ден/ха
1.5 Директни плаќања за површини наменети за зелено ѓубре или угар во плодоред
Услови:
– Обработлива земјоделска површина оставена за угар или зелено ѓубрење во времетраење од една година
– Минимална прифатлива површина 25% од вкупно пријавената површина збирно по подмерките 1.1 и 1.3
– Спроведени пропишани агротехнички мерки
Висина на поддршка:
– 3.000 ден/ха
1.6 Директни плаќања за одржување на ливади
Услови:
– Ливада која се користи за косење со минимум површина од 1 ха
– Прифатлив број на животни на површина од 0,7 ха:1 говедо или копитар или 10 овци или 4 свињи
Висина на поддршка:
– 6.000 ден/ха
Директни плаќања по број на грла на добиток
1.7 Директни плаќања за обележани женски грла говеда на возраст од 18 до 180 месеци
Услови:
– Одгледување на минимум 3 обележани женски грла на возраст од 18 до 180 месеци
– Задолжително чување до 30 ноември 2026 година
– Задолжително произведеното млеко да е продадено на регистриран откупувач или одгледаното говедо да е заклано во кланица или да се евидентирани или регистрирани како примарни производители во АХВ
Висина на поддршка:
– 8.000 ден/грло со скалесто намалување
1.8 Директни плаќања за обележани женски грла говеда на возраст од 6 до 18 месеци
Услови:
– Одгледување на обележани женски грла на возраст од 6 до 18 месеци
– Задолжително чување до 30 ноември 2026 година
Висина на поддршка:
– 3.000 ден/грло
1.9 Директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци
Услови:
– Одгледување на минимум 30 обележани грла на возраст над 12 месеци
– Задолжително чување до 30 ноември 2026 година
– Задолжително произведено и продадено млеко најмалку 500 литри или заклани најмалку 30% јагниња во кланица од бројот на пријавените овци по оваа мерка
Висина на поддршка:
– 3.000 ден/грло
1.10 Директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци
Услови:
– Одгледување на минимум 30 обележани грла на возраст над 12 месеци
– Задолжително чување до 30 ноември 2026 година
Висина на поддршка:
– 3.000 ден/грло
1.11 Директни плаќања за женски приплодни грла свињи маторици
Услови:
– Одгледување на минимум 10 женски приплодни грла свињи маторици
– Задолжително чување до 30 ноември 2026 година
Висина на поддршка:
– 4.000 ден/грло
1.12 Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство
Услови:
– Одгледување на минимум 30 регистрирани презимени пчелни семејства
– Задолжително одржување на пријавениот број до 30 септември 2026 година
Висина на поддршка:
– 600 ден/пчелно семејство
– Дополнителни 200 ден/пчелно семејство при пријавени над 50 презимени пчелни семејства и исполнети дополнителни услови: да се евидентирани примарни производители или да се одобрени оператори со храна во АХВ или пак имаат продадено мед во објектодобрен од АХВ
2. Мерки за дополнителна поддршка на доходот на земјоделските стопанства
2.1 Дополнителни директни плаќања за земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности (ПОМ)
Услови:
– Поднесено барање за површини со поледелски, градинарски, овошни и лозови насади или одгледување на говеда, овци, кози, маторици или пчели
– Парцелите се наоѓаат над 700 метри надморска висина
– Одгледувалиштето на животни е регистрирано во населено место со надморска висина над 700 метри или со број на жители помал од 100
Висина на поддршка:
– Дополнителни 15% од основната мерка
2.2 Дополнителни директни плаќања за одделни категории носители на земјоделско стопанство
Услови:
– Млад земјоделец
– Регистриран земјоделец
Висина на поддршка:
-Дополнителни 10% од основната мерка за млад земјоделец
– Дополнителни 20% од основната мерка за регистриран земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување
– Дополнителни 30% од основната мерка за регистриран земјоделец согласно Законот за вршење земјоделска дејност (максимум 500.000 денари по корисник)
2.3 Дополнителни директни плаќања за зголемен пријавен број на грла во основното стадо
Услови:
-Поднесено барање за говеда, овци или кози во 2025 и 2026 година
-Пријавен зголемен број на грла во 2026 во споредба со 2025 година
– Прифатлив зголемен број на грла е максимум до 30%
Висина на поддршка:
– Дополнителни 30% од основната мерка за зголемениот број
2.4 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици
Услови:
– Одгледување на регистрирани пчелни семејства
– Носителот или членот на земјоделското стопанство е регистриран одгледувач на пчелни матици во МЗШВ
Висина на поддршка:
– 2.000 денари по пчелно семејство кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици
2.5. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед
Услови:
– Одгледување на минимум 30 регистрирани презимени пчелни семејства
Висина на поддршка:
– 50% од трошоците направени еднаш во 2026 година
3. Мерки за директни плаќања по единица производ во растителното и сточарското производство
3.1. Директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2025 година
Услови:
– Договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2025 година на регистриран откупувач
Висина на поддршка:
– 60 до 80 ден/кг во зависност од класата на тутунот
3.2. Директни плаќања за овошје и зеленчук предадени во преработувачки капацитет
Услови:
– Да се корисници од мерката по површина за овошје и зеленчук
– Да го предале овошјето (одредени видови) и зеленчукот (сите видови) во определен период
Висина на поддршка:
– 3 до 5 ден/кг во зависност од видот или периодот на предавање
3.3. Директни плаќања за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок
Услови:
– Да се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал
– Да имаат произведено и сертифицирано семе во 2026 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија
Висина на поддршка:
– 4 до 20 ден/кг во зависност од тоа дали семето е од прва генерација (Ц1), основен или предосновен материјал
3.4. Директни плаќања за производство на семенски материјал за тутун
Услови:
– Да се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал
– Да имаат произведено и сертифицирано семе од тутун од прва генерација во 2026 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија
Висина на поддршка:
– 1.000 ден/кг
3.5. Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко
Услови:
– Да имаат регистрирано одгледувалиште на говеда, овци или кози
– Да продале млеко на регистрирани откупувачи во 2026 година
– Минимална прифатлива количина 300 литри месечно
Висина на поддршка:
– 6 ден/литар за кравјо и 7 ден/литар за овчо и козко млеко
3.6. Директни плаќања за одгледани и предадени или заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет
Услови:
– Да имаат одгледано и предадено или заклано говеда во период од мај 2025 до април 2026 година
– Да се чувани на сопствено одгледувалиште најмалку 3 месеци пред колење
– Закланите говеда да се навозраст од 8 до 24 месеци на денот на предавање во кланица, да имаат минимална тежина од 250 или 450 килограми во зависност од расата
Висина на поддршка:
– 4.500 до 6.000 ден/грло во зависност од расата
3.7 Директни плаќања за предадени или заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет
Услови:
– Да имаат одгледано и предадено или заклано најмалку 20 гоеници во период од мај 2025 до април 2026 година
– Закланите гоеници да се со тежина над 90 килограми
Висина на поддршка:
– 1.000 ден/грло со скалесто намалување
3.8. Директни плаќања за одгледани и предадени или заклани бројлери во регистриран кланичен капацитет
Услови:
– Да имаат одгледано и предадено или заклано бројлери во период од октомври 2025 до септември 2026 година
Висина на поддршка:
– 80 ден/бројлер со скалесто намалување
3.9. Директни плаќања за амортизирани несилки предадени или заклани во регистриран кланичен капацитет
Услови:
– Да имаат одгледано и предадено или заклано амортизирани несилки во период од октомври 2025 до септември 2026 година
Висина на поддршка:
– 120 ден/несилка
3.10. Директни плаќања за произведени и продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди
Услови:
– Да имаат одгледано и продадено еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди во период од октомври 2025 до септември 2026 година
Висина на поддршка:
– 10 ден/пиле
4. Мерки за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивните производи
4.1 Директни плаќања за набавка на лозов и овошен
Услови:
– Да имаат посадено сертифицирани лозови или овошни садници од домашно производство
– Прифатлива посадена површина од 0,5 до 2 хектари
– Прифатлив период на купување и садење од 1 ноември 2025 до 31 март 2026
– Прифатлив број на садници најмалку 300 до 1.500 овошни садници/ха и најмалку 1.389 до 4.000 лозови садници/ха
Висина на поддршка:
– 35 ден/лозов калем и 40 ден/овошен садник
– Максимален износ по корисник 240.000 денари
4.2 Директни плаќања за набавка на посадочен материјал за пипер, домат и краставица
Услови:
– Да се корисници за мерката по површина за градинарски култури
– Да имаат купено од домашен пазар и посадено сертифициран хибриден посадочен материјалод пипер, домат и краставица
– Прифатлив период на купување од 1 март до 30 август 2026 година сертифициран посадочен материјал кој е произведен во посебно утврдени услови
Висина на поддршка:
– 10 ден/растение купено по цена не пониска од 15 денари
4.3 Директни плаќања за вештачко осеменување на женско говедо и добиено теле
Услови:
– Да е извршено оплодување на крава/јуница по пат на вештачко осеменување и и добиено и регистрирано теле
Висина на поддршка:
– 2.000 ден/добиено теле
– 4.000 ден/добиено теле по пат на примена на полово преддефинирано семе
5. Мерки за поддршка на складирање на пченица, јачмен и ориз од домашно производство од род 2026 година
Услови:
– Произведена и предадена на складирање кај регистриран откупувач пченица и јачмен во период од 15 јуни до 15 септември 2026 година
– Произведен и предаден на складирање кај регистриран откупувач ориз во период од 15 септември до 15 декември 2026 година
Висина на поддршка:
– Покривање на трошоци за складирање
6. Мерки за директни плаќања за мали земјоделски стопанства
Корисници:
– Земјоделски стопанства кои не ги исполнуваат условите за минимум прифатлива површина за 2026 година за површини со поледелски, градинарски, овошни и лозови насади, условите за минимален прифатлив број за 2026 година за говеда, кози, маторици и пчелни семејства а поднеле барање и ги исполниле условите за овие намени во 2025 година, не земајќи ги во предвид намалувањата на минимумот за 50% за подрачјата со отежнати услови
Услови:
– Исти како и за основните мерки за површини со поледелски, градинарски, овошни и лозови насади и за основните мерки за грло
Висина на поддршка:
– Иста како и за основните мерки за површини со поледелски, градинарски, овошни и лозови насади и за основните мерки за грло говеда, кози, маторици и пчелни семејства
7. Помош во премии и осигурување
Услови:
– Осигурано земјоделско производство во период од август 2025 година до јули 2026 година
Висина на поддршка:
– 60% од вредноста на полисата
– Максимален износ по корисник 150.000 денари
8. Помош во сточарски сектор
Средствата од оваа мерка се наменети за покривање на на административни трошоци за воспоставување и одржување на маточно книговодство и трошоци за испитувања извршени за утврдување на генетскиот квалитет или приносот во сточарството.
9. Помош за заштита на земјоделско земјиште
Услови:
– Извршена анализа на физичките и хемиските својства на почвата од страна на земјоделските стопанства преку агрохемиски или педолошки анализи направени во 2026
Висина на поддршка:
– 60% од вредноста на анализите
– Максимален износ по корисник 12.000 денари
10. Помош за поддршка на трошоци за набавка на горива за земјоделска механизација за земјоделски стопанства
Услови:
– Мерката се реализира со доделување на персонализирани картички за секое земјоделско стопанство одделно
Висина на поддршка:
– Од 3.200 до 12.000 ден/ха во зависност од културата
– Пресметката на износот се прави одделно за секое земјоделско стопанство врз основа на големината на земјоделско земјиште и културата пријавена за директни плаќања во 2025 година.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека е во тек поднесувањето на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.
Барањата се поднесуваат за мерките за основна и дополнителна поддршка на доходот на земјоделските стопанства (директни плаќања по површина и грло добиток), мерките за директни плаќања по единица производ, мерките за поддршка на влезните елементи во производството и мерките за мали земјоделски стопанства.
Поддршката по површина и грло добиток е условена со произведен и продаден производ на регистриран откупувач.
За успешно извршување на контролите на самото место за мерките по површина, Агенцијата обезбеди податоци од сателитски снимки од период на вегетација на земјоделските култури.
Поднесувањето на барањата се врши по електронски пат преку веб-порталот на Агенцијата, при што и оваа година е обезбедена помош од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За полесно користење на електронскиот систем, на веб-страницата на Агенцијата е објавено Упатство за корисници, кое содржи информации за мерките, условите за користење на финансиската поддршка и начинот на поднесување на барањата.
Агенцијата ги повикува сите земјоделски стопанства пред поднесувањето на барањето внимателно да се запознаат со условите за користење на средствата и со Упатството за корисници и навреме да ги ажурираат податоците во соодветните регистри.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 30 септември 2026 година, согласно Уредбата за директните плаќања
Денеска во просториите на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство Министерот Борче Серафимофски оствари работен состанок со сите директори на институции под надлежност на министерството.
На состанокот биле разгледани актуелни прашања во однос на работата на институциите, приоритетни проекти за реализација како и потребите на самите институции
“Имаме знаење, искуство и заедничка волја да изградиме поефикасен систем, со посилни институции и поквалитетни политики за земјоделците. Токму на оваа цел беше посветен денешниот координативен состанок со директорите на институциите во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На состанокот учествуваа Ивица Ангеловски, директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Ирфан Одаи, директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Оливер Ивановски, директор на Државната фитосанитарна лабораторија, Али Алии, директор на Управата за семе и саден материјал, Ромео Тренов, директор на Управата за водостопанство, Славчо Лазаревски, началник на Шумската полиција и Игор Чоневски, директор на Фитосанитарната управа.
Отворено разговаравме за тековните процеси, актуелните состојби, потребите на институциите и приоритетите што бараат заедничко и навремено постапување”
-напиша на социјалните мрежу Министерот Борче Серафимовски во однос на овој состанок
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски и градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов го посетија селото Пиперово, каде што се запознаа со последиците од невремето врз градинарското производство.
Земјоделците информираа за штетите врз градинарските култури и последиците што невремето ги предизвика врз производството од кое зависат голем број семејства во овој земјоделски крај.
„Градинарството бара секојдневна работа и внимателно планирање, а една временска непогода може сериозно да го наруши целиот производствен циклус. Затоа е важно да ги слушнеме земјоделците и да имаме точна слика за последиците“, истакна министерот Серафимовски.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, внимателно го следи влијанието на нестабилните временски услови врз градинарското и целокупното земјоделско производство .
Денес, в.д. директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, беше во работна посета на расадникот ЗЗ „Овоштар“ од село Аргулица, при што оствари работна средба со сопственикот Бојанче Стефанов.
Расадникот ЗЗ „Овоштар“ е меѓу најголемите производители на сертифициран овошен и лозов саден материјал во Република Македонија, чии садници се наменети како за домашниот пазар, така и за извоз на странските пазари.
Производството на сертифициран саден материјал претставува темел за развојот на современото и конкурентно овоштарство и лозарство, бидејќи обезбедува здрав, квалитетен и сортно чист почетен материјал, што директно влијае врз приносите, квалитетот на производството и конкурентноста на македонските производители.
Државниот инспекторат за земјоделство останува посветен партнер на регистрираните расадници преку вршење на законит и навремен инспекциски надзор, со цел обезбедување квалитетен и здравствено исправен саден материјал, заштита на земјоделското производство и унапредување на конкурентноста на македонското овоштарство и лозарство
Вчера, заедно со заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, го посетивме Националниот парк „Шар Планина“. Со директорот Евзал Елмази и со дел од вработените разговаравме за начинот на функционирање на паркот, поставените приоритети и искуствата стекнати во управувањето со едно од нашите најсложени заштитени природни подрачја.
Прошетката низ дел од паркот ни овозможи непосредно да ја согледаме динамиката на работата и просторот за кој се грижат вработените. Големината, разновидноста и особеностите на овој планински предел бараат стручност, добра организација и постојано присуство.
Шара заслужува пристап што ја согледува како неразделна целина – шуми, води, пасишта и богат жив свет поврзани во чувствителен природен систем. Рамнотежа која се гради со знаење, континуитет и почитување на специфичностите на просторот. Тоа е основата врз која се создава долгорочна вредност за целата држава.
Денес, в.д. директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Ивица Ангеловски, оствари работна посета на А.Д. Тутунски Комбинат Прилеп, при што одржа работна средба со генералниот директор Александар Алексовски и директорот на Погон Цигари, Игор Митрикески.
На средбата се разговараше за тековните активности и работењето на Комбинатот, подготовките за претстојниот откуп на тутунот, предизвиците со кои се соочува секторот, како и за други прашања од заеднички интерес поврзани со тутунопроизводството и почитувањето на законските прописи.
Особен акцент беше ставен на потребата од навремена координација и соработка меѓу институциите и откупувачите, со цел обезбедување фер, транспарентен и законски спроведен процес на откуп, во интерес на тутунопроизводителите и сите учесници во секторот.
Државниот инспекторат за земјоделство останува целосно посветен на спроведување редовни инспекциски контроли за време на претстојниот откуп на тутунот, доследно спроведување на законските надлежности и заштита на правата и интересите на тутунопроизводителите.
Веднаш откако ја презеде функцијата Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски го “фати” теренот помеѓу земјоделците.
“Од денес ја преземам одговорноста да го предводам Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Му благодарам на Трипуновски за досегашната работа, посветеноста и придонесот во стабилизирањето на секторот. Сите започнати политики и развојни проекти што се во интерес на земјоделците ќе продолжат без застој.
Пред нас е следната развојна фаза која е насочена кон поголемо и поквалитетно домашно производство, сигурен пласман, модерни земјоделски стопанства и одговорно управување со шумите и водните ресурси.
Резултатите ќе ги мериме според тоа што реално го добива македонскиот земјоделец.
Продолжуваме посветено, одговорно и со уште посилно темпо”
-напиша на социјалниоте мрежи од првиот официјален настан Борче Серафимовски по стапувањето на новата функција.
Човекот кој произлегува директно од ресорот како долгогодишен експерт во работењето во самото министерство, сега ја префрли својата работа во фармите и земјоделските стопанства на терен од каде упати свои пораки кои ветуваат одржлив развој во ресорот.
Тој во изминатите два дена беше помеѓу земјоделците на кавадаречкиот крај од каде врз основа на експертска и технолошка анализа ја пренесе во јавност загарантираната минимална цена за откуп на лозовиот род за оваа година.
“Од Кавадаречко денеска ја соопштив откупната цена на винското грозје: 21,8 денари за килограм вранец и 20 денари за килограм смедеревка.
Зад секој килограм грозје стојат труд, знаење и вложувања во текот на целата година, поради тоа цените се утврдени врз основа на реалните трошоци на лозарите и законски предвиденото зголемување од 25 отсто.
Обезбедуваме фер, транспарентен и предвидлив процес, во кој трудот и вложувањата на лозарите се соодветно вреднувани.
Пресметката е изработена од Земјоделскиот институт – Скопје, врз основа на теренски истражувања и анализа на трошоците на репрезентативен примерок на лозарски стопанства.
Како министер, една од моите цели е домашното лозарство и винарската индустрија да имаат стабилни услови и поддршка за понатамошен одржлив и конкурентен развој”,
Напиша на социјалните мрежи Министерот Серафимовски во однос на неговата посета на кавадаречкиот крај и производителите на винова лоза.
Во Општина Чешиново-Облешево Министерот Серафимовски се сретна со градоначалникот Јорданчо Костадиновски со кого разговараше за повеќе теми од ресорот во оваа рурална општина.
“Попладнево ја посетив Општина Чешиново-Облешево, каде со градоначалникот Јорданче Костадинов разговаравме за состојбата по потврденото присуство на болеста сипаници кај овци и кози. Во вакви околности неопходно е координирано постапување на надлежните институции, доследно почитување на стручните препораки и преземање на сите потребни мерки за заштита на сточниот фонд.
Заедно со градоначалникот остваривме средба и со оризопроизводителите од општината и поширокиот регион. Внимателно ги сослушавме нивните ставови, согледувања и очекувања во врска со годинашната реколта, кои ќе бидат земени предвид при натамошното институционално постапување на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ќе продолжам отворено и непосредно да разговарам со земјоделците на терен, затоа што нивниот глас и реалните состојби во производството мора да бидат основа за одговорно носење одлуки.”
-напиша на социјалните мрежи Министерот Серафимовски во врска со оваа посета на источниот регион.
Министерот за земјоделие, шумарстов и водостопанство Цветан Трипуновски денеска во својот кабинет оствари средба со претставници на Мрежата на земјоделски задруги (МЗЗ) и Македонската асоцијација на земјоделските задруги (МАЗЗ).
Оваа средба се реализираше по повод Меѓународниот ден за задругарството, што како пракса во Македонија има перспекиви за силен развој во периодот кој следи.
“По повод Меѓународниот ден на задругите, остварив средба со претставниците на Мрежата на земјоделски задруги (МЗЗ) и Македонската асоцијација на земјоделските задруги (МАЗЗ).
Разговаравме за понатамошниот развој и унапредување на задругарството како еден од клучните столбови на земјоделството.
Задругите не претставуваат само економски оператори, туку се заедници што ги обединуваат земјоделците во заедничка визија за просперитет и одржлив развој.
Министерството ја препознава клучната улога на задругите во развојот на земјоделскиот сектор. Ќе продолжиме да создаваме програми и мерки што ќе ги охрабрат земјоделците да се здружуваат, да соработуваат и заедно да градат подобро утре за земјоделството.
Нека е честит Меѓународниот ден на задругите и им посакувам уште многу успеси и заеднички достигнувања во иднина.”
-напиша на социјалните мрежи Цветан Трипуновски- Министер за земјоделие, шумарстов и водостопанство