Исплатени над 110 мил. денари субвенции на млекопроизводителите
Денеска од страна на Министерството за финансии по налог на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство беа исплатени над 110 милиони денари субвенции за предадено млеко на од страна на земјоделците на млекопреработувачките капацитети во државата.
Над 5600 земјоделци кои произведуваат и продаваат млеко на домашните млекари во услови на криза ќе можат барем делумно да ги подмират своите долгови и ако остане нешто пари да инвестираат во своето производство за да опстојат и понатаму, наспроти негативните ефекти на актуелната криза во државата.
“Близу милиони денари субвенции денеска се исплатени на 5.664 млекопроизводители,за произведено и предадено млеко.
Продолжуваме и во време на глобална криза да даваме финансиска поддршка, како стимул за одржување на благосостојбата во сточарството, еден од најважните сектори во македонското земјоделство и економија.
-соопшти за јавноста Министерот за земјоделие Љупчо Николовски.