Кичевските сточари се заканија со протести доколку не се исплатат субвенциите до крајот на јуни

Сподели на социјални мрежи

Лагите на актуелните власти во Министерството за земјоделие веќе ги надминаа сите можни граница на толеранција. Исплатата на субвенциите од основните мерки за поддршка на сточарите во МАкедонија сериозно доци иако веќе повеќе од два месеци назад власти ветуваа дека ќе почнат со исплата на парите неопходни на сточарите за преживување на актуелната криза која се заканува со намалување на сточниот фонд во државата.

Состојбата е неподнослива во сите региони во земјата, но сточарите од Кичевско решија први да го кренат гласот против актуелните сотојби кои негативно се одразуваат на нивната егзистенција. Се уште ништо од ветените 2400 денари за оставено женско јагне/јаре ниту пак оние 1000 денари за овца/коза иако сточарите преку своите претставници во граѓанските здрженија од овој сектор добиваа уверувања дека субвенциите требаше до сега да бидат исплатени.

Кризата во сточарството е дотолку поголема што во последните неколку месеци драстично се зголеми цената на репроматеријалите, сточното брашно, житариците, нафтата, сточната храна а цената на месото и млекото останува иста и пазарните можности стануваат се поограничени.

Претседателот на Здружението на сточари во Кичевскиот регоион Ајредин Бајрами најави дека доколку до крај на јуни не се исплатат субвенциите за крупен и ситен добиток ќе започнат со масовни штрајкови со блокада на патиштета како и пред влада за да уште еднаш ги актуелизираат своите егзистенцијални проблеми со кои се соочуваат.

За авторот на овој текст


Сподели на социјални мрежи