Штип

Во Штип започна делењето на картички за т.н Зелена нафта за земјоделците

Денеска Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој Никица Бачовски присуствуваше во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Штип, каде на земјоделците од Штип и штипско започна доделувањето на картички за т.н Зелена нафта.

За Штип од страна на Агенцијата се доделени вкупно 1148 картички со вкупна вредност од 7.7 милиони денари.

“Од подрачната единица за земјоделство во Штип започнуваме со доделување на картичките за точење гориво за земјоделска механизација т.е зелена нафта.

Во Штип доставени се 1148 картички со вкупна вредност од 7.7 милиони денари.Во наредниот период ќе продолжи доделувањето на картичките и во останатите подрачни единици. И оваа година се финансираат 50% од утврдените трошоци за гориво за земјоделска механизација.Оваа поддршка доаѓа во вистинско време за земјоделците во пресрет на претстојната есенска сеидба и берба.

Вкупно за оваа мерка обезбедени беа 200 милиони денари преку програмата за директни плаќања во земјоделството.”

-напиша на фејсбук во врска со оваа своја активност директорот Бачовски.