Министерот за земјоделие на онлајн состанок со директорот на Светска банка во Македонија- МЗШВ има обврска да го спроведе проектот за модернизација на земјоделството
Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа денеска зеде учество на онлајн состанок во врска со имплементацијата на проектите кои владата ги реализира со поддршка на Светска банка во Македонија.
На состанокот покрај Хоџа свое учество зедоа и заменик претседателот на владата за економски прашања Фатмир Битиќи и повеќе други министри а од страната на Светска банка бепе присутен директорот на оваа финансиска институција за Македонија Максимилијано Паолучи.
На состанокот била нагласена обврската за имплементација на проектот за модернизација на земјоделието со вкупна вредност од 46 милиони евра.
Во продолжение го пренесуваме соопштението на министерот Хоџа во врска со овој состанок:
“Со цел да се забрза и подобри подготовката и имплементацијата на проектите, поддржани од Светска Банка, денеска одржавмве онлајн состанок со директорот на Светска Банка за Македонија, Масимилијано Паолучи, на кој присуствуваа Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министрите во Владата на Република Северна Македонија. На состанокот разговаравме за важноста и значењето на проектите кои се во подготовка и тековните проекти кои ги имплементираат институциите. МЗШВ има обврска да го имплементира Проектот за модернизација на земјоделството, кој е со вкупна вредност од 46 милиони евра и содржи огромна развојна компонента за земјоделството, со сериозен позитивен импакт врз вкупната домашна економија.Проектот е наменет за изградба на два Oткупно-дистрибутивни центри во Ресен и Струмица, кои ќе ги опфатат преспанскиот и струмичкиот регион и сеопфатна Земјоделска платформа во Скопје, која ги опфаќа полошкиот и кумановскиот регион.”