Зелена нафта

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат земјоделските власти за одговори на повеќе прашања од интерес на земјоделците

Цветан Трупуновски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи го повика директорот на платежната агенција Никоца Бачовски да одговори на повеќе прашања од интерес на земјоделците.

“Една порака до директорчето на платежната агенција да појде во Прилеп и да им објасни на 30 000 семејства тутунари зошто за нив нема зелена нафта и зошто сеуште го нема оној т.н пакет од 5 мил. € ?!?

Исто така нека ги посети и сточарите ширум Македонија и на нив да им објасни зошто и за нив не се предвидени картици за зелена нафта ?!?

Знаеме дека е популистичка меркава и дека 500 денари не е некоја помош ама барем нека биде за сите подеднаква!!!

ПС: На СДСМ бела кошула официјален дрес код ли е ?”

-напиша Цветан Трипуновски на фејсбук.

Во Штип започна делењето на картички за т.н Зелена нафта за земјоделците

Денеска Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој Никица Бачовски присуствуваше во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Штип, каде на земјоделците од Штип и штипско започна доделувањето на картички за т.н Зелена нафта.

За Штип од страна на Агенцијата се доделени вкупно 1148 картички со вкупна вредност од 7.7 милиони денари.

“Од подрачната единица за земјоделство во Штип започнуваме со доделување на картичките за точење гориво за земјоделска механизација т.е зелена нафта.

Во Штип доставени се 1148 картички со вкупна вредност од 7.7 милиони денари.Во наредниот период ќе продолжи доделувањето на картичките и во останатите подрачни единици. И оваа година се финансираат 50% од утврдените трошоци за гориво за земјоделска механизација.Оваа поддршка доаѓа во вистинско време за земјоделците во пресрет на претстојната есенска сеидба и берба.

Вкупно за оваа мерка обезбедени беа 200 милиони денари преку програмата за директни плаќања во земјоделството.”

-напиша на фејсбук во врска со оваа своја активност директорот Бачовски.