Во ЈП “Македонски Шуми” денеска презентиран систем за рана детекција на пожари
Заменик диуректорот на Јавното претпријатие “Македонски Шуми” Кире Михајлов денеска преку социјалните мрежи упати соопшштение до јавноста за намерите на ова јавно претпријатие да воведе и имплементира систем за рана детекција на пожари кои што предизвикуваат огромни штети на претпријатието и државата.
“Во текот на денешниот ден, во просториите на ЈП “Македонски Шуми” одржавме работна средба со господинот Кирил Хуот, претставник на претпријатието ББА инт.(балкан бизнис адвајзори интернационал), претпријатие за зелена технологија и иновации.
На средбата ни беше презентиран систем за рана детекција на пожари од понова генерација, систем кој буквално го детектира пожарот во самиот негов зачеток.
Се работи за систем кој од мрежа на сензори распространети низ шумите кои се полнат соларно, ултра брзо испраќа податоци за она што се случува на терен, т.е. даваат детален опис на промените кои се случуваат таму.
Овој систем не само што значи ултра рана детекција на пожарите, туку истиот можеме да кажеме и дека најверојатно ќе делува и превентивно затоа што испраќа и податоци каде евентуално би можел да се појави пожар.
Во овој момент, на неколку локации низ оваа фирма веќе има отпочнато пилот проекти со поставена мрежа на сензори од каде ќе почекаме конкретни ситуации да видиме како овој систем всушност дејствува.
Пожарите не само во Македонија, туку и во целиот свет се еден од најголемите чинители кои влијаат не само на уништувањето на животната средина, туку и битен сегмент за големите климатските промени кои влијаат на здравјето на граѓаните и воопшто квалитетот на животот.
Токму поради тоа, треба со особено внимание и ангажман да работиме против нивна појава и нивно побрзо санирање доколку за жал некаде веќе се појавиле.”
-напиша на социјалните мрежи Кире Михајлов




