Падна снег на Кралот на планините во Македонија- Пелистер изгледа монументално во овој период од годината
Од менаџментот на Националниот парк Пелистер во Битола на социјалните мрежи споделија неколку фотографии на кои се гледа снежна покривка на врвот на планината Пелистер.
Врвот Пелистер со своите 2.601 м надморска височина, претставува трет највисок планински врв во Македонија. Често името на врвот Пелистер, се користи и како име за самата Баба Планина и синоним за градот Битола. Пелистер е воедно прогласен за национален парк во 1948 година, тој има вкупна површина од 17.150 хектари и географската положба на паркот е 40°57’ СГШ и 21°14’ ИГД. Го опфаќа врвот Пелистер и се протега на падините на Баба Планина.
“Снег на Пелистер и во лето. Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покажи дека мора да го почитуваме.
Благодарност до сите вработени во пунктот на Национална радиодифузија на Врв Пелистер кои секогаш први не известуваат за сите изненадувања кои ги има Баба Планина.
Фотографии на Oliver Tarasovski”
-стои во објавата на фејсбук страницата на Националниот парк Пелистер.




