Денеска е Меѓународниот ден на задругите. Македонија треба да се развива во таа насока
Министерот за земјоделие, шумарстов и водостопанство Цветан Трипуновски денеска во својот кабинет оствари средба со претставници на Мрежата на земјоделски задруги (МЗЗ) и Македонската асоцијација на земјоделските задруги (МАЗЗ).
Оваа средба се реализираше по повод Меѓународниот ден за задругарството, што како пракса во Македонија има перспекиви за силен развој во периодот кој следи.
“По повод Меѓународниот ден на задругите, остварив средба со претставниците на Мрежата на земјоделски задруги (МЗЗ) и Македонската асоцијација на земјоделските задруги (МАЗЗ).
Разговаравме за понатамошниот развој и унапредување на задругарството како еден од клучните столбови на земјоделството.
Задругите не претставуваат само економски оператори, туку се заедници што ги обединуваат земјоделците во заедничка визија за просперитет и одржлив развој.
Министерството ја препознава клучната улога на задругите во развојот на земјоделскиот сектор. Ќе продолжиме да создаваме програми и мерки што ќе ги охрабрат земјоделците да се здружуваат, да соработуваат и заедно да градат подобро утре за земјоделството.
Нека е честит Меѓународниот ден на задругите и им посакувам уште многу успеси и заеднички достигнувања во иднина.”
-напиша на социјалните мрежи Цветан Трипуновски- Министер за земјоделие, шумарстов и водостопанство




