Иновативна исхрана: 3Д печатен стек од растителни протеини со вкус на говедско месо
Во време на глобална пандемија со Ковид-19 и долготрајните карантини на целокупното светско население, еден од новите трендови пред кои е исправено човештвото е зголеменото користење на домашните кујни како алтернатива за досадата.
На глобално ниво па и во нашата држава граѓаните сведочат дека домашното готвење го сметаат за креативно поминато време и дека после 2020 година кога човештвото за првпат се соочуваше со новата реалност, ваквиот тренд на зголемено користење на домашните тави, лончиња и прибори за јадење по се изгледа дека продолжува и во 2021 година.
Во овој контекст охрабрува фактот што домашното готвење станува својствено и за помлади брачни парови со што се наметнува концептот на т.н. паметни кујни кои што се придобивка на новите филозофии, и технологии во домаќанствата.
Овој тренд на паметни кујни во светски рамки пополека го дистигнува и својот екстрем на воведување на 3Д печатена храна со помош на компјутерска технологија, дигитални принтери и состојки кои што соодветствуваат со принципите на модерната био агрономија на производство на растителни и животински прехрамбени состојки за исхраната.
Веројатно не е многу далеку моментот кога секое модерно семејство во светски рамки во својата кујна ќе има дигитален 3Д принтер и софтвер со кој што ќе може да си ја обликува својата омилена храна во виртуелна смисла на зборот за потоа истата да може да ја испринта на 3Д принтерот и да ја послужи на својата домашна трпеза.
Ваквото предвидување е се по логочно затоа што во денешни услови постојат научни истражувања во кои што печатењето на вештачки стек од растителни состојки со вкус на говедско месо е реалност и се прават понатамошни истражувања во насока на диверзификација и комерцијална употреба на овој вид на технологија масовно во глобални рамки.