соработка

Потпишан меморандум за соработка меѓу МЗШВ и ИМЕ

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство од страна на Министерот Аријанит Хоџа беше потпишан меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството и Програмата за зголемување на пазарната вработливост.

За овој настан преку социјалните мрежи исвести министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа:

“Како потврда на нашите партнерски активности за развој на домашната економија, денеска заедно со Директорот на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, Горан Дамовски потпишавме меморандум за разбирање и соработка помеѓу МЗШВ и ИМЕ.

Целта на овој меморандум за разбирање и соработка е да се воспостави постојана соработка помеѓу Министерството за земјоделство и Програмата ИМЕ, за ефикасна и координирана соработка во имплементацијата на активностите и мерките во потсекторите градинарство, овоштарство, лозарство како и преработки од производи. Исто така, со меморандумот се дефинира и заедничка активност за изработка на новиот Закон за за органско производство во согласност со Регулативата на ЕУ за органско производство и обележување на органски производи. Заедичките активности ќе придонесат кон подобрување на конкурентноста на земјоделските стопанства, преку подобро искористување на мерките за поддршка, промоција и унапредување на продажбата, подобра регулација на органското производство и целосна хармонизација на националната регулатива со регулативата на Европската Унија.”

-соопшти Хоџа преку фејсбук.