Отворени две работни позиции во МЗШВ во рамки на твининг проект

Сподели на социјални мрежи

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави два огласи за вработување на

  • Помошник на Постојаниот твининг советник (RTA)
  • Асистент за превод на Постојниот твининг советник

Станува збор за вработување на цело работно време во период од 21 месец.

Целта на проектот е да се подобри ефикасноста на Националниот систем за заштита на растенијата, обезбедување на правилна имплементација на националните политика и законодавство во согласност со законодавството на Унијата во Северна Македонија

Корисници на проектот е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарната управа, Управата за семе и саден материјал, Државна фитосанитарна лабораторија и Државен инспекторат за земјоделство, а истиот ќе го спроведува конзорциум од :

  • Министерство за политики од областа на земјоделство, храна и шумарство (MiPAAF) на Италија (водечки партнер),
  • Информест, Италија (овластено мандатно тело за проектот), и
  • Министерство за рурален развој и храна (MRDF) на Грција (јуниор партнер)