Практики

Лозарите својата мака ја истурија пред портите на винаријата Тиквеш, во знак на протест против ниските откупни цени

Вчера попладне и доцна во ноќта, драматични сцени се случуваа пред влезната капија пред винаријата Тиквеш во Кавадарци.

Неколку стотина лозари со своите трактори товарени со грозје од овогодинешната реколта протестираа пред винарскиот гигант кој што требаша да врши откуп на грозјето.

Она со што не се сложуваат лозарите што беше и причина за нивниот револт е што винаријата драстично ги намали откупните цени за грозјето, што беа претходно договорени на состаноците со ресорниот министер.

Манипулирајки со шеќерните единици на грозјето при примопредавањето на родот на винаријата од менаџментот соопштија дека договорената цена од 11 денари за Смедеревка и 12-13 денари за грозје од видот Вранец-Кртошија ќе ја исплаќаат само за грозје кое што има 20 малигани.

Претходно лозарите добиле покана за да го берат својот род од нивите без да се прецизира условот за шеќерноста на грозјето, и откако лозарите го обрале плодот од нивите и се паркирале пред винаријата да го предаваат на пунктовите, дополнително им бил соопштен овој услов дека под 20 малигани шеќерност нема да се откупува грозјето. За потоа да им бидат понудени помали откупни цени за грозјето со 19 малигани и помалку од само 8 денари за килограм- момент кој што ја прелеал чашата на нивниот револт.

Во тие моменти лозарите почнале да го истураат својот род пред капијата на винаријата Тиквеш а одредена група на присутните луѓе ја срушиле дури и оградата на самата винарија

Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, кој вчера беше со лозарите кои протестираат, ги покани сите советници од регионот како и градоначалници, пратеници и министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа или ако тој е недостапен, претставник од министерството, да дојдат денес во неговиот кабинет на средба во 11 часот.

“Жални се сликите кои ги гледам, урнатата ограда, и полицијата којашто стои пред лозарите. Апелирам сите надлежни да се појават на средбата бидејќи бербата е во тек и да не им се прави штета на земјоделците кои чесно си го заработуваат своето парче леб,”

-порача вчера Јанчев.

Претходно во текот на месец август Здружението „Напредни лозари” соопшти дека ги замрзнува своите активности. Последна препорака, од страна на членовите на ова здружение која што беше упатена до производителите, е дека годинава, посебно поради сушата, ниту еден грозд смедеревка не смее да биде откупен под 20 денари, вранец под 25 денари, а асталско и високосортно грозје под 30 денари.

Транспорт на мали слатки јагниња од планините во Ломбардија

Во регионот Ломбардија, во Италија карактеристична е една многу убава и интересна традиција. Имено станува збор за транспорт на млади слатки јагниња од висините на планините кои што се наоѓаат околу Ломбардија со помош на магариња и мулиња.

Секоја пролет кога стадата со овци се наоѓаат на пасиштата околу Ломбардија во повисоките планински делови, овците соодветно на нивниот животен циклус се јагнат при што има масовен прилив на јагниња. Но поради потребата стадата со овци да се преместуваат кон пониските делови од Ломбардија а возраста на јагнињата не им дозволува тие активно да се движат со возрасните овци, па затоа сточарите смислиле еден навистина симпатичен начин за транспорт на јагнињата.

При тоа се користат магариња кои што во специјално изработени џебови на прекривки на своите плеќи ги носат младите и слатки јагниња кон нивната потребна дестинација.

Покрај магариња и поради природата на стрмните терени низ кои што минуваат стадата со овци се користат и мулиња- т.н. дадилки за јагниња. За време на патувањата на стадата, на поедини локации се запира, јагнињата да се надојат и повторно се ставаат во џебовите на прекривките на магарињата и мулињата.

Ломбардија е претежно сточарски регион која што со своите 23865 m2 е најголема италјанска провинција. На север се граничи со Швајцарија каде што претежно се застапени високите алпски планини со неколку населени долини кои што се доминантно сточарски места.

За модернизација на системот за превенција и спречување на пожари: Вака се спречува ширење на полски пожар

Пожарите во нашата држава секоја година предизвикуваат сериозна материјална штета. Најмногу во пожарите страдаат шумите, пасиштата и земјоделските површини со што трпи земјоделскиот сектор сериозни загуби. Штетите се дотолку поголеми што страда животната средина со целиот растителен у животински свет како и условите за живот за граѓаните. Со пожарите драстично и неповратно се влошува квалитетот на амбиенталниот воздух што допринесува од година во година за влошување на микроклиматските карактеристики на територијата на цела држава.

За санирање на последиците од големите пожари потребни се огромни финансиски сретства и ресурси што за држава како Македонија чиј што стандард се граничи со сиромаштија во секој сегмент е речиси невозможна мисија.

Системот за превенција на пожарите е исто така непрактичен и неефикасен што се должи на недостиг ан политичка волја на политичките елити во изминатите 30 години од осамостојувањето на Македонија. Се чини дека финансиските сретства не се проблем колку што е проблем политичката визија за изградба на еден ефикасен систем за справување со кризи, поспецифично превенција и справување со пожари. Погрешната приоретизација и алокација на финансиските сретства од јавните буџети на државата и општините доведува до вакви катастрофални последици какви што јавноста можеш да ги види ова лето но и изминатите неколку години.

Се поочигледно е дека ефектите на климатските промени се влошуваат по однос на животната средина и дека е потребен многу посериозен пристап за справување со последиците од истите.

Во таа насока е потребна итна мобилизација како на државните ресурси така и на приватните во еден оптимален систем за превенција и справување со пожари.

Во продолжение во видеото може да погледнеме како делува еден синхронизиран систем за превенција на полски пожар кој што доколку недостасува ваквиот првичен систем за одговор на ваков пожар може да се претвори во пожар со несогледливи последици.

Но брзата и навремена реакција на земјоделската (приватна) механизација со противпожарната (јавна) служба обезбеди брсо санирање на пожарот со минимална штета.

Нова пракса за климатски-паметно земјоделство

Климатски-паметно земјоделство е пристап кој што помага при спроведување на активности кои што се потребно за трансформација и преориентација на земјоделските системи за ефикасна поддршка на развојот и да обезбедат безбедност на храната во ера на климатски промени. Климатски- паметното земјоделство се стреми за постигање на три главни цели:

-одржливо зголемување на земјоделските приходи и продуктивност

-адаптирање и изградба на отпорност кон климатските промени

намалување или/и целосно отстранување на емисиите на стакленички гасови, каде што тоа е возможно.

Пристапот на климатски-паметно земјоделство е наменет за развој на земјоделски стратегии за обезбедување на одржливост на безбедност на храната под удар на климатските промени. Оттука климатски паметното земјоделство обезбедува ресурси да им помогне на инволвираните страни од локално преку национално и интернационално ниво да идентификуваат земјоделски стратегии адаптабилни на нивните локални услови.Климатско паметното земјоделство е една од 11 корпоративни области за мобилизација на ресурси под ингеренции на Стратешките цели на FAO (Food and Agriculture Organization of the United Nation). Овој концепт е во линија со визијата на FAO за одржлива храна и земјоделство и ја поддржува целта на FAO да го направи земјоделието, шумарството и водостопанство по продуктивно и одржливо.

Вака старите римјани граделе патишта, кои опстојуваат и ден денес

Процес на изградба на патишта во античко време од страна на старите римјани.Некои од овие патишта постојат и ден денес.Територијата на Брегалничкиот регион е крстосница каде се вкрстувале повеќе вакви патишта чии остатоци постојат и ден денес.

Како се справувате со комарците? Еве еден “народен изум” за оваа цел

Бидејки прскањето против комарци слабо го има, еве еден народен лек против комарци:

-Мамец за комарци 🦟

-Комарецот напаѓа на солта,мислејќи дека е шеќер…

-Жеден е и му се пие вода, ама у тапата има ракија…

-На комарецот 🦟 му се заматува од ракијата, се сопнува од дрвцето и удара у каменот со главата…

(текстот има за цел да насмее и нема врска со актуелните случувања)

Иновативна исхрана: 3Д печатен стек од растителни протеини со вкус на говедско месо

Во време на глобална пандемија со Ковид-19 и долготрајните карантини на целокупното светско население, еден од новите трендови пред кои е исправено човештвото е зголеменото користење на домашните кујни како алтернатива за досадата.

На глобално ниво па и во нашата држава граѓаните сведочат дека домашното готвење го сметаат за креативно поминато време и дека после 2020 година кога човештвото за првпат се соочуваше со новата реалност, ваквиот тренд на зголемено користење на домашните тави, лончиња и прибори за јадење по се изгледа дека продолжува и во 2021 година.

Во овој контекст охрабрува фактот што домашното готвење станува својствено и за помлади брачни парови со што се наметнува концептот на т.н. паметни кујни кои што се придобивка на новите филозофии, и технологии во домаќанствата.

Овој тренд на паметни кујни во светски рамки пополека го дистигнува и својот екстрем на воведување на 3Д печатена храна со помош на компјутерска технологија, дигитални принтери и состојки кои што соодветствуваат со принципите на модерната био агрономија на производство на растителни и животински прехрамбени состојки за исхраната.

Веројатно не е многу далеку моментот кога секое модерно семејство во светски рамки во својата кујна ќе има дигитален 3Д принтер и софтвер со кој што ќе може да си ја обликува својата омилена храна во виртуелна смисла на зборот за потоа истата да може да ја испринта на 3Д принтерот и да ја послужи на својата домашна трпеза.

Ваквото предвидување е се по логочно затоа што во денешни услови постојат научни истражувања во кои што печатењето на вештачки стек од растителни состојки со вкус на говедско месо е реалност и се прават понатамошни истражувања во насока на диверзификација и комерцијална употреба на овој вид на технологија масовно во глобални рамки.