Практики

Вака во соседна Србија овоштарите се борат со пролетните мразови

Изминатите неколку денови Балканот беше зафатен со топол дневен бран каде што температурите се искачуваа над 10 степени Целзиусови во текот на денот, повеќе денови по ред. Изминатите пак 2-3 денови беа очигледнио најавите од метеоролозите за паѓање на ноќните температури под нулата.

Во соседна Србија дел од одгледувачите на различни видови на овошје подготвени ги дочекаа мразовите.

Со т.н. вечерна стража самите земјоделци дежураа кај своите овоштарници и кога беше очигледно дека температурата паѓа под нулата во раните мугри кога е најстудено тие палеа подотвени огништа во самите овоштарници за да не дозволат овишките да измрзнат.

Ваквата пракса треба сериозно да биде земена во предвид и дополнително усовршена од страна на земјоделците во Македонија чија што егзистенција секоја година е загрозена од пролетните мразови.

Дури сметаме дека и државата треба да воведе соодветни субвенции за инсталирање на вакви современи механизми за заштита од мразови.

Здружението “Напредни лозари” бараат итна средба со Министерот и надлежните за решавање на нивните проблеми

Во соопштение упатено до јавноста Регионалното здружение “Напредни Лозари” бара итна средба со Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и надлежните со повеќе точки на дневен ред, меѓу кои најзначајни се барањата за надминивање на проблемите со кои се соочуваат лозаропроизводителите во нивната работа.

Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот на нивното соопштение:

“На 26.02.2022 година, Регионалното Здружение „Напредни Лозари“ до Министерот за земјоделие достави Барање за итен состанок кој треба да се одржи најдоцна до 10.03.2022 година. Барањето е доставено и до Премиерот. Во истото баравме, проблемите со кои се соочуваат лозарите а кои се веќе хронични и траат со години,

Министерот со својот тим надлежни од МЗШВ до состанокот да ги разгледа и на состанокот да се произнесат по истите.

Денеска е 07.03.2022 година, три дена до истекот на рокот во кој треба од МЗШВ да се произнесат и во кој рок треба да се одржи состанокот. Во оваа прилика РЗ „Напредни Лозари“ како легитимни застапници на лозаропроизводителите, уште еднаш апелира до Министерот и неговиот тим на сериозноста на проблемот и наведените барања и посочува на рокот. Нема да дозволиме одолговлекување до бескрај односно до почетокот на бербата.

Кон крајот на месец март, РЗ „Напредни Лозари“ ќе одржи вонредно Собрание, кое, како највисок Орган на Здружението ќе донесе релевантни Одлуки за понатамошните активности. Агендата на Собранието ќе биде составена по мерка на одговорот и спремноста на МЗШВ и воопшто Владата на сериозен пристап во решавањето на проблемите и барањата на лозарите. Доколку истата изостане Собранието ќе донесе одлуки во кои ќе бидат вклучени сите сите демократски дозволени средства, вклучително и порадикални мерки. Воедно ги повикуваме сите лозари и добронамерни граѓани на Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија, Градско и останатите лозаропроизводители ширум Македонија да ги поддржат нашите напори.Исто така очекуваме поддршка и од надлежните од локалните самоуправи на чело со градоначалниците да застанат зад овие наши барања.

Во прилог уште еднаш ги објавуваме нашите барања од 26.02.2022 година до МЗШВ:

1. Утврдување на технолошката зрелост на секоја сорта грозје изразена во шеќерни единици за да се избегнат можните манипулации од страна на откупувачите што до сега беше пракса. Истата да биде заштитена со закон;

2. Утврдување на реалната цената на чинење на производство на еден килограм грозје за секоја сорта грозје. Во истата да се пресмета растењето на производните трошоци како што се: цената на горивото, цената на ѓубрењето, цената на заштитата на лозовите насади, цената на наводнувањето, цената на работната рака, амортизацијата на земјоделските машини и други трошоци. За овие две точки да бидат вклучени експерти од МЗШВ, професори од земјоделскиот факултет и претставници на лозарите;

3. Утврдување на реалните откупни цени на килограм грозје за реколта 2022 година, посебно за секоја сорта грозје. Реалната откупна цена на килограм грозје да биде сочинета од производна цена на килограм грозје по сорта грозје согласно утврдената технолошка зрелост во шеќерни единици, зголемена за 50% и дополнително зголемување на цените на откупот на грозје согласно порастот на животните трошоци и падот на животниот стандард;

4. Вака формираните цени да бидат гарантирани со закон, но не подоцна од почетокот на месец јуни 2022 година;

5. Изработка на проект за планско производство на грозје по сорти согласно потребите на пазарот и можностите на преработувачките и откупните капацитети, краткорочно за оваа година, среднорочно за наредните три години и долгорочно за наредните пет до десет години

6. Прецизирање и дефинирање на формално-правно издржани и реални кооперантски договори за откуп на грозје во преработувачките и откупните капацитети со квантитативно-квалитативни клаузули во истите. Истите да ги гарантира МЗШВ (Владата) а во мониторингот ЗАДОЛЖИТЕЛНО да бидат вклучени претставници на РЗ „Напредни Лозари“ или од него овластени лица;

7. Субвенционирање на производството;

8. Изработка и донесување на Закон за лозарство и грозје како посебен закон а не во рамките на законот за вино;

9. Други мерки

Благодариме на поддршката

РЗ „Напредни Лозари“”

-стои во соопштението на здружението.

Намалена поддршката за сортни Шарпланинци/Карамани во годинешната програма за Директни плаќања

Во Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2022 година во делот на Директни плаќања оваа година поддршката на Министерството за шумарство и водостопанство за одгледување на стопанско корисно куче Шарпланинец и овчарско куче Караман изнесува 2000 денари.

Со тоа за тековната 2022 година извршено е намалување на износот на субвенции за цели 1000 денари по оваа мерка од 3000 денари по грло шарпланинец/караман колку што се доделуваа до минатата година на 2000 денари во годинешната програма за 2022 година.

Ваквото намалување на поддршката од 3000 денари на 2000 денари која што и онака беше симболична за одгледување на сортен шарпланинец т.е. караман сигурно ќе се одрази негативно на и онака малиот фонд на шарпланинци/карамани во државата.

Шарпланинецот е автохтона сорта на куче кој се одликува со многу благородни карактеристики и е значаен за нашата држава на ниво на идентитетска препознатливост. Шарпланинецот е носител на грбот на монетарната единица и е вгравиран на монетата со номинална вредност од 1 денар.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои одгледуваат овци и кози, кои поседуваат најмалку 50 грла овци и/или кози евидентирани во Регистарот на овци и кози, и се сопственици на педигрирани кучиња од расата Шарпланинец и Караман на кои е извршена идентификација со микрочип на денот на поднесување на барањето,

Максимален број е седум пријавени кучиња по земјоделско стопанство.

Анима Мунди против традицијата на овчарско семејство од Пехчево. Кој е во право?

На социјалните мрежи се одвива вистинска вербална војна во врска со случајот кој што во јавноста го започна здружението за заштита на животните Анима Мунди од Скопје против учесниците во приватен домашен настан на традиционална прослава по успешно поминатата година на сточарско семејство кое што на видео запис прикажува врзано јагне околу кое се случува оваа домашна приватна прослава.

“Инспекторите на Агенцијата за храна и ветерина ЗА ПРВ ПАТ АЖУРНИ НО во прекршување на законот што треба да го споведуваат!ПРИМИТИВЦИ – единствениот епитет што може да им се даде на овие лица што намерно се изживуваат врз животно, практично бебе.
Со заврзани нозе, маневрираат со него како со предмет а не живо битие што трпи болка и страв, му нанесуваат непотребен стрес група на мажи меѓу кои седи ИНСПЕКТОР ЗА ЗАШТИТА НА БЛАГОСОСТОЈБАТА НА ЖИВОТНИТЕ ВО ПЕ БЕРОВО ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНА.Видно задоволен го гледа и снима престрашеното животно во очи, сведок и соучесник во ова изживување е оној кој треба да го заштити но го измачува!Во кое нормално општество вакви ликови се вработуваат во државни институции и ги прекршуваат законите што треба да ги спроведуваат?Во кое нормално општество инспектор за заштита на животните е соучесник во нивно малтретирање, причинување непотребен стрес, страдање?БАРАМЕ ИТНО ДА СЕ ПОКРЕНЕ ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ОД СТРАНА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО ПРОТИВ ИНСПЕКТОРОТ ОД ПЕ БЕРОВО И ТРАЈНО ДА СЕ ОТСТРАНИ ОД ВРШЕЊЕ НА СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ИНСТИТУЦИЈАТА.ДОПОЛНИТЕЛНО, БАРАМЕ АГЕНЦИЈАТА ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА ПРОТИВ СИТЕ ОВИЕ ЛИЦА ШТО СЕ СОУЧЕСНИЦИ ВО ОВОЈ МОНСТРУОЗЕН ЧИН!
Нашето здружение ке поднесе пријави до сите надлежни институции против наведениот инспектор зашто е неспособен, неадекватен и очигледно психички нестабилен за да биде државен службеник а уште помалку некој што треба да заштити животно во невоља судејќи по видеото во прилог.

-стои во реакцијата на Анима Мунди покрај од нивна страна споделеното видео.

На оваа реакција во јавноста преку социјалните мрежи упати сточарот Александар Мачевски во чиј што дом се случува традиционалниот настан со чија симболика веруваат дека ќе им донесе повеќе успех во нивната работа за наредната година. Мачевски вели дека јагнето не било малтретирано ниту мачено и дека по традиционалниот обичај било вратено кај неговата мајка.

ДЕМАНТ:
Во врска со вашиот натпис за Инспектор што малтретира јагне. Ве известувам дека снимката е лична и приватна направена во мојот дом како традиција што ја правиме секоја година кога ги продаваме јагнињата. Се свири песната,, Изгубеното јагне ” и се донесува јагне како адет и традиција и мора да биде врзано. Ако може да забележите јагнето не е малтретирано, маче но и заколено и после песната е пуштено кај неговата мајка затоа што се верува дека на тој начин ќе има повеќе јагниња следната година. Со вашиот натпис ми го нарушување угледот на мене лично и на моите гости. Доколку не се повлече и избрише натписот приморан сум да преземам правни дејствија.
PORAKA DO Anima Mundi – здружение за заштита на животни Eve kako naseto semejstvo makotrpno zarabotuva edna korka leb a socijalnite mrezi go OCRNIJA NASETO SEMEJSTVO koe odgleduva 20 god sekakov vid na zivotni

-стои во реакцијата на фармерот Мачевски.

Ваквиот случај доби и политичка димензија откако во јавноста со свои реакции се обрати и Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски:

Згрозен од монструозниот чин на Инспекторот за благосостојба на животните во подрачната единица Берово, на Агенцијата за храна и ветеринарство, најавувам итно постапување, и преземање на сите дисциплински мерки од страна на #АХВ.Предизвикување стрес, малтретирање, и непотребно страдање на невини животни е за секаква осуда.

-соопшти Министерот Николовски преку социјалните мрежи.

Јавноста во Македонија на кои овој случај им е од интерес е крајно поделена. За едни станува збор за традиција во која што веруваат сточарите кои што секојдневно се занимаваат со оваа тешка стопанска дејност, а на другата страна се луѓето кои што веруваат дека се загрозени правата на ова јагне прикажано на видеото и дека одговорните треба да сносат одговорност за овој чин.

Извор: Брегалнички Портал

Шарпланинците го имаат тој балкански карактер на блискост, емотивен темперамент и лојалност кон сопствениците

Автохтоната раса на куче Шарпланинец во последно време доживува своја постепена експанзија во Македонија. Покрај нивната основна намена за чување на стадата добиток во планинските предели каде што се врши испаша на отворен тере, се повеќе семејства за себе се снабдуваат со овој вид на кучиња кои што се одликуваат со високи картактерни особини.

Уште од млад се формира изразот на лицето на сортниот шарпланинец. Со тоа тој добива #КарактерниЦрти на распознавање настрана од неговите физички белези за препознавање (боја на крзно). Препознавањето на изразот на лицето е возможно кога добро ќе го запознаете самиот #шарпланинец, неговите #навики, неговите #потреби, #радости и #тага.

На тој начин човек се #поврзува со неговиот шарпланинец која врска не наликува на ниту едно друго #емотивно поврзување. Кај вистинските љубители на шарпланинецот, поврзувањето оди до тој степен што човекот ги разбира сите состојби на душата на неговиот шарпланинец и обратно, шарпланинецот ја разбира состојбата на неговиот човечки пријател.

Таа #приказна на поврзаност има #НеограниченРок на траење и огромен интензитет. Човекот може да биде напакостен од друг човек, но од неговиот шарпланинец- никогаш.Таа приказна му дава особено значење на едно вака дефинирано пријателство кое се памети вечно.#Верноста како идеал може да се учи од овие благородни животни со нивниот силно изразен интелект и емоции.

Во државата работат повеќе приватни одгледувачници на сортни шарпланинци кои што нудат шарпланинци како во Македонија така и насекаде низ регионот и светот.

Важна политичка порака ни доаѓа денеска од прeтседателот на Ирска

На 11 ноември 2011 година Мајкл Д. Хигинс за првпат беше инаугуриран за првпат за претседател на Ирска.

Тој е страствен политички глас кој што во политиката влегува со емоции и високо ниво на карактерност. Мајкл Д. Хигинс е поети и поисател, академик и државник, борец за човекови права, промотор на инклузивно граѓанско општество и шампион на креативноста во ирското општество. Мајкл Д. Хигинс е роден на 18 април во 1941 година во градот Лимерик во Клер округот. Бил обичен работник во фабрика и помошник пред да стане првото дете од неговата фамилија кое започнало високо образование. Студирал на три универзитети а потоа ги поминал сите ниво на јавни функции во Ирска за на на 11 Ноември 2018 година биде инаугуриран за неговиот втор претседателски мандат.

Оваа негова кратка навидум обична биографија и нема да биде толку поразлична од останатите политички биографии доколку Мајклд Д. Хигинс не се појавува речиси на сите негови јавни настапи заедно со едно или со двете негови верни кучиња.

Покрената петиција за Укинување на субвенциите за мали хидроцентрали

На социјалните мрежи се споделува електронска онлајн петиција со која се бара укинување на субвенциите на државата за малите хидроцентрали кои се изградени или се градат на речни водотеци ширум државата.

Според информациите објавени во текстот на петицијата се нагласува штетниот ефект на малите хидроцентрали врз животната средина онаму каде се градат до степен кој го загрозува опстанокот на водните екосистеми и заштитените ендемски видови, како и луѓето.

“Во моментов, на дивите и недопрени реки низ земјава се изградени, или се во фаза на изградба, повеќе од 130 мали хидроцентрали, a се планира изградба на уште најмалку 50 нови! Поголем дел од нив се градат во некои од најживописните речни долини во строго заштитени и значајни подрачја како што се: Пелистер, Маврово, Шар Планина, Караџица, Даутица, Кожуф, Малешевијата и многу други.

Изградбата на малите хидроцентрали остава непоправливи последици по животната средина и природата, до степен кој го загрозува опстанокот на водните екосистеми и на заштитените и ендемски видови, како и луѓето.

Малите хидроцентрали се градат зад очите на јавноста, без јавни консултации и без соодветни студии за оцена на влијанието врз животната средина.

Сите постоечки мали хидроцентрали заедно произведуваат само 4% од вкупното годишно производство на електрична енергија во земјата,  во период од годината кога не е најпотребно за домаќинствата. Истото количество електрична енергија може да се заштеди со подобра енергетска ефикасност, без притоа да се уништуваат реките и недопрената природа.

Електричната енергија произведена од малите хидроцентрали се откупува по загарантирани повластени тарифи кои на сопствениците им гарантираат сигурен профит.

Секое семејство во земјава, секој месец плаќа 6% од висината на месечната сметка за струја, за субвенционирање на производството на електрична енергија од обновливи извори. На годишно ниво, за електричната енергија произведена од мали хидроцентрали ние граѓаните, плаќаме 16 милиони евра.

Сакаме овој буџет да се употреби за стимулирање на производство на електрична енергија од одржливи извори како сонцето и ветрот, а не од извори кои ги уништуваат нашите реки!

Да кажеме НЕ на малите хидроцентрали и уништувањето на реките!

Барам моите 6% од сметката за струја кои ги вложувам за производство на електрична енергија од обновливи извори да се употребат исклучиво за стимулирање на одржливи извори на енергија како сонцето и ветрот. Барам на сметката за струја јасно да биде наведено на што се трошат тие 6%. Барам Владата да ги укине субвенциите за малите хидроцентрали.”

-стои во текстот на петицијата покрената од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје.

ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА ВОЗДУШНА ТЕРАПИЈА СО ВОЗДУХ ОД КОШНИЦА НА ПЧЕЛИ?

Во светот е присутна една помалку за наши простори чудна и неконвенционална пракса за искористување на кошници со пчели. Станува збор за терапија за респираторни потешкотии и заболувања која што лекари во напредни западни здравствени системи ја препорачуваат на своите пациенти. Терапијата вклучува третман на пациентите со респираторни проблеми со воздух земен директно од кошницата на пчели.

Да! Добро читате. Дишењето на воздух од страна на пациенти земен директно од кошница со пчели е еден од најпривлечните третмани за ваков вид на пациенти поради фактот што воздухот во кошница со пчели е почист од тој кој што се наоѓа во надворешната околина. Степенот на стерилизација на воздухот од бактерии, вируси и други несакани нечистотии е подобар од вештачки стерилизираниот воздух кој во технички услови се произведува.

Многу научни експерименти и технологии направиле напор да го реплицираат степенот на стерилизација на воздухот но до ден денешен ваквата пракса не успева во науката.

Ваквите медицински третмани се особено корисни во решавање на потешкотии со дишењето, белодробни и респираторни алергии како и асма.

Се чини дека сепак она што природата со својот комплексен механизам за создавање го создала, ниту еден човечки ум не може да го повтори.

Приказни од фармата: Шарпланинчето Буцко

Шарпланинчето Буцко има само шест месеци а веќе е голема среќа во неговото семејство. Неодамна г-ѓа Вера ни сподели дека кога таа работи во бавчата, и Буцко сакал да помага со своето палаво носе, така што си копал низ бавчата барајки ладовинка каде да легне. После неколку строги опомени откако го ископал цел двор Буцко за секоја своја палавштина што планира да ја прави бара одобрување од членовите на неговото семејство кои не можат да му одолеат на неговиот мил поглед.

А прашувате што се случува кога дечките го заиграат….?

Е тоа е навистина посебна приказна!

#Среќа #Шарпланинец #Гордост #Насмевки

Превземно од: Агрофарма “Градска оаза”

Лозарите својата мака ја истурија пред портите на винаријата Тиквеш, во знак на протест против ниските откупни цени

Вчера попладне и доцна во ноќта, драматични сцени се случуваа пред влезната капија пред винаријата Тиквеш во Кавадарци.

Неколку стотина лозари со своите трактори товарени со грозје од овогодинешната реколта протестираа пред винарскиот гигант кој што требаша да врши откуп на грозјето.

Она со што не се сложуваат лозарите што беше и причина за нивниот револт е што винаријата драстично ги намали откупните цени за грозјето, што беа претходно договорени на состаноците со ресорниот министер.

Манипулирајки со шеќерните единици на грозјето при примопредавањето на родот на винаријата од менаџментот соопштија дека договорената цена од 11 денари за Смедеревка и 12-13 денари за грозје од видот Вранец-Кртошија ќе ја исплаќаат само за грозје кое што има 20 малигани.

Претходно лозарите добиле покана за да го берат својот род од нивите без да се прецизира условот за шеќерноста на грозјето, и откако лозарите го обрале плодот од нивите и се паркирале пред винаријата да го предаваат на пунктовите, дополнително им бил соопштен овој услов дека под 20 малигани шеќерност нема да се откупува грозјето. За потоа да им бидат понудени помали откупни цени за грозјето со 19 малигани и помалку од само 8 денари за килограм- момент кој што ја прелеал чашата на нивниот револт.

Во тие моменти лозарите почнале да го истураат својот род пред капијата на винаријата Тиквеш а одредена група на присутните луѓе ја срушиле дури и оградата на самата винарија

Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, кој вчера беше со лозарите кои протестираат, ги покани сите советници од регионот како и градоначалници, пратеници и министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа или ако тој е недостапен, претставник од министерството, да дојдат денес во неговиот кабинет на средба во 11 часот.

“Жални се сликите кои ги гледам, урнатата ограда, и полицијата којашто стои пред лозарите. Апелирам сите надлежни да се појават на средбата бидејќи бербата е во тек и да не им се прави штета на земјоделците кои чесно си го заработуваат своето парче леб,”

-порача вчера Јанчев.

Претходно во текот на месец август Здружението „Напредни лозари” соопшти дека ги замрзнува своите активности. Последна препорака, од страна на членовите на ова здружение која што беше упатена до производителите, е дека годинава, посебно поради сушата, ниту еден грозд смедеревка не смее да биде откупен под 20 денари, вранец под 25 денари, а асталско и високосортно грозје под 30 денари.