Уредник

Owner, Manager, web developer, graphic designer, CPanel & WHM specialist content editor & author at Anastasov Limited DOOEL Grad Delchevo

Фотографија со пчелина кошница која ги бранува социјалните мрежи за својата автентичност

На социјалните мрежи веќе подолго време се врти фотографија која прикажува преубава форма на внатрешност на пчелина кошница за која се вели дека ја создале пчелите врз основа на нивниот животински инстинкт.

Медоносните ќелии на внатрешноста на пчелниот сандак, наводно ги изградиле самите пчели во форма на срце, откако сопственикот на овој пчелин сандак кој ја направил самата фотографија наводно заборавил да постави пчелни рамки со восок на кој што пчелите треба да ги формираат во правец своите медоносни ќелии.

За оваа фотографија постои широка дискусија на социјалните мрежи од кои некои датираат дури од 2013 година за тоа дека ваквата форма била вештачки направена од човек, но и такви кои што веруваат во нејзината природна форма на формирање од страна на пчелите.

Дури за самата фотографија кој стана вирална појава на твитер и фејсбук и т.н. независни проверувачи на факти не можат да се согласат за нејзината автентичност.

Во секој случај фотографијата делува инспиративно и вреди да ја разбуди имагинацијата за убавините кои ги дарува природата.

Исплатени субвенции за зголемени стада добиток за 2019 и за регистрирани индивидуални земјоделци за 2018

Во текот на изминатата недела од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја информираа јавноста дека ќе извршат плаќање на дополнителна помош од 20% на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување. По однос на оваа мерка АФПЗР на сметките на 2.332 субјекти исплати околу 51 милиони денари.

Исто така од Агенцијата информираа дека на сметките на 6.930 фармери кои го зголемиле стадото во споредба со претходната година исплатени се 26,1 милион денари. Станува забор за исплата на 30% повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемил бројот на грла од основното стадо на говеда, овци, кози, маторици, несилки и пчелини семејства. Преку оваа мерка се овозможува поттикнување за зголемување на сточниот фонд и развој на домашното сточарство. На овој начин дирекно влијаеме врз обезбедување на домашна суровина на месо, производи од месо, млеко, мед.

Иновативна исхрана: 3Д печатен стек од растителни протеини со вкус на говедско месо

Во време на глобална пандемија со Ковид-19 и долготрајните карантини на целокупното светско население, еден од новите трендови пред кои е исправено човештвото е зголеменото користење на домашните кујни како алтернатива за досадата.

На глобално ниво па и во нашата држава граѓаните сведочат дека домашното готвење го сметаат за креативно поминато време и дека после 2020 година кога човештвото за првпат се соочуваше со новата реалност, ваквиот тренд на зголемено користење на домашните тави, лончиња и прибори за јадење по се изгледа дека продолжува и во 2021 година.

Во овој контекст охрабрува фактот што домашното готвење станува својствено и за помлади брачни парови со што се наметнува концептот на т.н. паметни кујни кои што се придобивка на новите филозофии, и технологии во домаќанствата.

Овој тренд на паметни кујни во светски рамки пополека го дистигнува и својот екстрем на воведување на 3Д печатена храна со помош на компјутерска технологија, дигитални принтери и состојки кои што соодветствуваат со принципите на модерната био агрономија на производство на растителни и животински прехрамбени состојки за исхраната.

Веројатно не е многу далеку моментот кога секое модерно семејство во светски рамки во својата кујна ќе има дигитален 3Д принтер и софтвер со кој што ќе може да си ја обликува својата омилена храна во виртуелна смисла на зборот за потоа истата да може да ја испринта на 3Д принтерот и да ја послужи на својата домашна трпеза.

Ваквото предвидување е се по логочно затоа што во денешни услови постојат научни истражувања во кои што печатењето на вештачки стек од растителни состојки со вкус на говедско месо е реалност и се прават понатамошни истражувања во насока на диверзификација и комерцијална употреба на овој вид на технологија масовно во глобални рамки.

Истражување кое потврдува дека козјото млеко е полесно за варење од кравјото во човечкиот организам

Пиењето една чаша млеко на ден за многу луѓе се чини како недостижна и застрашувачка работа. За поединци чие што тело го преработува млекото различно од повеќето, возбудата од уживањето во млечни производи е краткотрајна.

Во многу светски земјоделски истражувачки центри научниците преку научни знаења и факти се обидуваат да воспостават нови начини за секој да може да консумира млечни производи кои што лесно се варат во човечкото тело и се поволни за општото здравје на консументите.

Помеѓу научниците кои се занимаваат со оваа проблематика општо познато е како кравјото млеко влијае на поедини луѓе во текот на дигестивниот процес со предизвикување на мачнина и гасови во телото. Алергиите на протеини или нетолеранцијата на лактоза се вообичаени причинители на ваквите тегоби, но најновите истражувања во оваа област што се правени на козјото млеко покажуваат дека токму со овој вид на млеко може да се предизвика промена во односот и работата на целата млечна индустрија воопшто.

Еден од најпознатите светски научници во оваа област е Д-р Рахмат Атаи (Dr. Rahmat Attaie) од Колеџот за земјоделие и човечки науки (College of Agriculture and Human Sciences) при “Прери Вју АиМ” Универзитетот (Prairie View A&M University) во Тексас САД.

Д-р Рахман Атаи повеќе од 3 децении се занимава со истражување на млечни производи, технологија за нивна преработка, хемија на млечните производи, вкусови на храна, конзервирање на храна и развој на прехрамбени производи како што се сладоледи , сирења и јогурти од козјо млеко.

Дополнително има работено на технологии за продолжување на рокот на траење на храната со употреба на козји млечни протеини како стабилизатори. Има пишувано по однос на овие прашања во повеќе етаблирани списанија.

во неговите неодамнешни истражувања тој ги проучувал големината на масните честички и нивната дистрибуција во козјото млеко и кравјото млеко, пронаоѓајќи разлика во протеините кај двете врсти на млеко, и на кој начин подобро млекото би било апсорбирано во човечкото тело. Според главните наоди на неговото истражување тој заклучил дека кај козјото млеко масните честички се со ред на големина од 4.655 микрони додека кај кравјото млеко масните честички се со ред на големина од 8.335 микрони.

“Помалите големини на честички имаат поголема површина на изложување. Поради поголемата површина на помалите честички, тие се разлагаат на помали делови од страна на ензимите во стомакот, со што на човечкото тело се овозможува полесно да ги апсорбира при процесот на дигестија”

-соопштил Д-р Рахман Атаи.

Овие научни откритија дополнително одат во прилог на неговите претходни тврдења дека козјото млеко е подобра опција за човечкото тело од кравјото млеко.

Неговото истражување исто така резултирало со идентивикација на фактот што козјото млеко во себе содржи повеќе средни и ниско комплексни низи (вериги) на масни киселини одколку кравјото млеко. Со тоа се потврдува научната теорија дека по ниско комплексните низи (вериги) на триглицериди подобро се преработуваат во човечкото тело.

Негативниот ефект на високо комплексните низи (вериги) на триглицериди редовно вклучуваат ефект на висок крвен притисок, запушени артерии и висок холестерол- сите овие фактори можад да доведат до срцев удар или во најмала рака срцев напад.

Нутристренгт ( Nutristrength) е онлајн блог за здравје кој на своите читатели им нуди рецепти, здрави брендови и бенефити од здртавата исхрана. Во неодамнешниот наслов на овој блог “Зошто се борам при варењето на протеините”, истражувањето на Д-р Атаи е означено како основа на содржината на самиот блог. Д-р Атаи ја изразил својата нескриена возбуда за довербата која му е укажана од самиот блог како и за популаризација на неговите научни наоди.

Д-р Атаи настојува во фокусот на неговото истражување да воспоставни начин преку кој чужето би имале подобар квалитет на живот и да избегнат ситуација во која се зависни од медицината во случаи каде тоа е можно да се превенира однапред.

Со нетрпение очекува да продолжи со своите истражувања со што би помогнал во пронаоѓањето на нови начини на произвотство на храна која што е придобивка за човечкото тело.

Во продолжение го пренесуваме предавањето во кое Д-р Рахман Атаи ги презентира своите научни достигнувања поврзани со предочените факти погоре во овој текст.

Целата статија напишана од Д-р Рахман Атаи со неговите научни откритија во однос на ова негово истражување, може да се претплатите и да ја прочитате на Science Direct

Објавен повик за аплицирање за мерката 121.1 за набавка на педигриран добиток од регистрирани одгледувачници

Заменик министерот за семјоделие шумарство и водостопанство Трајан Димков заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој Никица Бачовски, денеска од Битола го најавија објавувањето на повикот за аплицирање за мерката 121.1 од програмата за рурален развој на кој што заинтересирани земјоделски стопанства ќе може да аплицираат за добивање на грант за набавка на високоприносни педигрирани грла добиток.

Земјоделците кои што се запишани во регистарот на земјоделски стопанства од денеска 04.06.2021 година па се до 04.07.2021 година може да поднесат електронско барање преку електронскиот систем “Е-БАРАЊЕ” на министерството за земјоделие

„Сите заинтересирани, преку оваа мерка ќе можат да аплицираат за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо, со исклучок на расата Буша, како и педигрирани приплодни грла на овци и кози од признаени организации на одгледувачи. Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно законот за земјоделство и рурален развој. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник е 6.5 милиони денари, a повратот на средства се врши по претходно потпишан и реализиран проект, односно по потпишан договор и набавен добиток. Паралелно, од денес тече и повикот за субвенционирана плата за овчарите. Максималната финансиска поддршка е до 360.000 денари по лице, за не повеќе од 20 вработени. “ – истакна Бачовски при посетата на фармата „Агро Емини ДООЕЛ“ во селото Доленци, битолско која има успешно реализиран проект преку програмата за рурален развој.