Развојот на земјоделството е одлика на СДСМ, соопшти на прес конференција директорот на АФПЗРР

На прес конференција од партиското седиште на СДСМ Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој Никица Бачовски ги афирмираше политиките и активнистите кои што тие како владеачка партија ги превземале со цел за развој на земјоделството и руралниот развој.

“Развојот на земјоделството и неселективната поддршка за секој земјоделец е одлика на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Нашите политики и заложби се препознаени преку бројните активности, исплати, јавни повици и мерки кои имаат само една цел – финансиска поддршка и достоинствен живот за секој земјоделец, без разлика на политичките и верски определби.”

-рече на прес конференцијата Никица Бачовски по што ги образложи досегашните политики низ бројки со што според него покажуваат дека за СДСМ земјоделието е стратешка и приоритетна гранка.

“Во моментот актуелен е јавниот повик за популарната мерка млад земјоделец, преку која Владата предводена од СДСМ за 4 години додели над 500 договори за неповратен грант од 10.000 евра. Чесно, транспарентно и неселективно.

Течат роковите и за мерка 7 од ИПАРД програмата, каде на располагање се 13.5 милиони евра за поддршка на земјоделците, занаетчиите, претприемачите и туристичкиот сектор во руралните средини. Продолжуваме со успешната приказна со ИПАРД како лидери на Западен Балкан.

Во деновите пред нас продолжува исплатата на субвенциите. Досега се исплатени близу 4 милијарди денари, а со усвоениот ребаланс на располагање се ставени уште 3 милијарди денари за градинарите, сточарите, овоштарите и лозарите. Со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат 115 милиони евра на над 66.000 земјоделци.

Дополнително, во деновите пред нас ќе започне надополнувањето на картичките за зелена нафта. Инвестираме 3 милиони евра во поефтина нафта за над 50.000 земјоделци.

Од денес се објавени и јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште до 3 ха.

Ги отстапуваме државните земјени ресурси на македонските земјоделци. За зголемена економска активност во земјоделството, зголемени обработливи површини и производство на домашни култури.”

-рече директорот Никица Бачовски на партиската прес конференција.

.